„Балканско патување“ – концерт во Битола на Пламенка гудачки квартет

Во рамките на 54. фестивал „Илинденски денови“ во Битола, Пламенка – гудачки квартет вечерва ќе одржи концерт на платото пред Офицерскиот дом во Битола.

Концертот претставува музички истражувачки проект во кој преку одделните композиции од балканските земји се доловуваат заедничките музички корени на балканските простори.

На концертот ќе бидат изведени нови аранжмани за гудачки квартет базирани на балкански фолклорни теми во аранжман на Пламенка Трајковска.

Во гудачкиот квартет ќе учествуваат музичарките Пламенка Трајковска на виолина, Милена Гиевска Андоновска на виолина, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело.

„Балканско патување“ се осврнува кон богатата балканска музичка ризница а посебен осврт е направен на одделните мелодиски и ритмички елементи, кои се блиски на целиот регион и за кои одделните народи сметаат дека се нивни автентични. Овие заеднички елементи се користеа како основа за создавање на нови композиции со гудачки квартет.

Во новите композиции струјат неколку доминанти елементи и тоа: влијанијата на класичната музика и сосема класичниот инструментариум на гудачкиот квартет - виолина, виола и виолончело, заедничките мелодиски и ритмички линии од сите региони на Балканот, и аранжмански пристап кој има за цел да ги отслика музичките прелевања од регион во регион. Сите овие елементи се вткаени во нови музички слики со гудачки квартет и балканска музика кои имаат само еден наслов – балканска композиција.

Концертот „Балканско патување“ е покана и предизвик за слушателот преку интерпретација на балканските музички слики со гудачки квартет да се нурне во светската музичка ризница наречена Балканска музика и преку неа да ја доживее историјата, културата и емоцијата на балканските народи.

Пламенка Трајковска до сега има реализирано повеќе проекти кои се осврнуваат на светското музичко наследство. Таа е дел од етно составот Келтикум кој интерпретираше фолкорна музика од Ирска, Франција, Шпанија и сефардска музика, дел од камерниот состав Агогик со кој интерпретира танго музика. До сега Пламенка има направено аранжмани за македонски фолклорни теми во класичен и кросовер стил и тоа: Ој девојче, Шумат кај шумат шумите, Елено ќерко, Ај да бегаме мори Васе, Ламенто вело и други.

Пламенка Трајковска досега има настапено на речиси сите позначајни сцени и фестивали кај нас и има реализирано концерти во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Франција, Танзанија и Турција.

Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура и Центарот за култура Битола.

Пленковиќ за изгласувањето недоверба на Владата: Уште едно памфлетче на СДП

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека барањето на опозициската СДП за гласање недоверба на Владата е уште еден лош памфлет од работилницата на оваа опозициска партија.

Барањето за гласање недоверба на Владата го потпишаа 31 пратеник од опозицијата, а за него ќе се расправа во вторник во хрватскиот Сабор (собрание).

„Како Влада, минатиот петок на телефонска седница веќе го кажавме своето мислење за предлогот да се постави прашањето за доверба на мене, како претседател на Владата. Ќе ги отстраниме сите нивни клеветнички намери. Исто така, во овој момент ја завршивме првата фаза од назначувањето на министер за здравство. Докторка Ирена Хрстиќ и јас во вторникот бевме пред Комитетот. Во ист тон, како и ова памфлетче, беше оркестрираниот напад на опозицијата, рече Пленковиќ и изрази увереност дека д-р Хрстиќ ќе биде изгласана за министерка за здравство и дека Владата ќе биде комплетирана.

Опозициската СДП покрена иницијатива за гласање недоверба на Владата по приведувањето на министерот за здравство, Вили Берош, под сомнение дека е вмешан во корупција во здравството./МИА

Романскиот Уставен суд ќе бара пребројување на гласовите од првиот круг на избори

Романскиот Уставен суд ќе побара пребројување на гласовите во првиот круг од претседателските избори, јавува денеска ТВ Диги24, повикувајќи се на судски извори. Портпаролот на Уставниот суд не сакаше да го потврди или негира извештајот.

По едноцифрената поддршка од гласачите во анкетите спроведени пред гласањето во неделата, екстремно десничарскиот независен политичар Калин Георгеску (62) извојува победа што го покрена прашањето како е можно вакво изненадување во Европската унија и во земја членка на НАТО, пренесуваат агенциите

Тој ќе се натпреварува со лидерката на опозицијата Елена Ласиони во вториот круг од претседателските избори на 8 декември. Георгеску доби многу гласови од младите гласачи и Романците кои живеат во странство, а неговата кампања во голема мера се потпираше на платформата за споделување видеа ТикТок.

Заменик-шефот на Романската агенција за телекомуникации, Павел Попеску рече дека денеска ќе започне официјален процес за суспендирање на платформата ТикТок низ цела Романија во очекување на истрага за улогата што таа ја одигра во првиот круг од претседателските избори во неделата. /МИА

Уапсен германски лекар кој убил осум пациенти

 Докрот кој беше уапсен во август во Берлин, сега е осомничен дека убил осум пациенти, а во некои случаи се обидел да ги прикрие доказите со палење пожари, соопштија денеска германските истражители.

Неидентификуваниот лекар, кој бил дел од тимот за палијативна нега, во моментот на апсењето бил осомничен дека убил четворица постари пациенти во јуни и јули, а потоа со помалку или повеќе успех се обидел да ги запали нивните станови.

Полицијата и обвинителството денеска соопштија дека се појавиле дополнителни случаи кога ги прегледале досиејата на пациентите и извршиле форензички прегледи на жртви, од кои две биле ексхумирани.

Во првиот случај тој е осомничен дека во јануари на 70-годишникот му дал смртоносна мешавина на лекови. Во сличен случај на почетокот на април, жртвата била 61-годишна жена. Неколку недели подоцна, тој убил 83-годишен маж во својата соба во хоспис во Берлин со мешавина на лекови. Во четвртиот случај во јуни убил 70-годишна жена во нејзиниот стан, а потоа го запалил. Пожарникарите успеале да спречат пожарот да се прошири на останатиот дел од зградата.

Четириесет-годишниот лекар првично беше уапсен поради сомнение за убиство од небрежност, подметнување пожар и обид за подметнување пожар. Обвинителите рекоа дека сега ги третираат случаите како убиства бидејќи се чини дека осомничениот немал друг мотив освен да ги убие пациентите.

Името на осомничениот не е објавено, во согласност со германските правила за приватност. Обвинителите велат дека тој засега се брани со молчење. /МИА

притисни ентер