ЗНАМ: СДСМ не разбираат што е држава, државна политика и градење стратегии

Движење ЗНАМ – За наша Македонија е политички субјект кој во фокусот на своето работење го има интересот на граѓаните и државата и доброто на македонскиот народ, што граѓаните го препознаа.

Гледаме како СДСМ кој изгубен по катастрофалниот пораз на парламентарните избори во мај годинава, се наоѓа во слободен пад кон амбисот...

СДСМ со својот денешен памфлет до јавноста, во кој го напаѓаат министерот за јавна администрација, Горан Минчев и Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, потврдуваат дека не разбираат што е држава, државна политика и градење стратегии во интерес на државата и доброто на граѓаните и се таму каде што им е местото, во опозиција.

Имено, ЗНАМ сака да ја подучи СДСМ дека Стратегијата за реформа на јавната администрација и Акцискиот план, не се сопственост на ниту една политичка партија, туку се усогласени со потребите на државата и приоритетите за напредок на Република Македонија на патот кон Европската Унија.

Министерот Минчев со денешната прес конференција покажа дека тој, како министер од редовите на ЗНАМ, како коалициски партнер во Владата на Република Македонија, својата должност кон граѓаните ја извршува максимално одговорно и посветено и нуди решенија кои долгорочно ќе придонесат за подобрување на работата на јавната администрација и квалитетот на услугите што таа треба да им ги испорача на граѓаните.

Движење ЗНАМ – За наша Македонија, го потсетува СДСМ дека во изминатите години безгласна буква беше токму тој во владата во која премиерот беше од неговите редови, а всушност владееше ДУИ.

СДСМ не беше способно да спроведе ниту една политика, ниту една одлука што не му се допаѓаше на ДУИ.

Владеењето на СДСМ ја донесе Македонија на колена, понижена и без достоинство.

За се' мораше да добијат одобрување од нивниот поголем владин партнер ДУИ, односно од Ахмети.

Резултатите од изборите покажаа дека граѓаните не сакаат да ги води СДСМ владеано од ДУИ, туку политички субјекти кои пред се' и над се' ги имаат интересите на граѓаните, на државата и на македонскиот народ во целина.

Нивните самобендисани политики доведоа Македонците да се чувствуваат како гости во сопствената држава и граѓани од втор ред.

СДСМ заедно со ДУИ го злоупотребија балансерот до максимум и ја доведоа јавната админситрација во незавидна положба во која има луѓе, но нема квалитетни кадри, за што се изјасни и Европската комисија.

Движење ЗНАМ - За наша Македонија смета дека решенијата за осетливи прашања, загарантирани со Уставот бараат одговорен и експертски пристап, ослободен од политички влијанија.

Дневната политика мора да биде надвор од овие процес.

Токму затоа и работната група што ќе работи на новото законско решение за ова прашање треба да е составена од експерти, а текстот на законот да се испрати на увид до Венецијанската комисија, за да се осигура усогласеност со европските стандарди, но и правната рамка на државата.

Движење ЗНАМ - За наша Македонија потенцира дека секој обид за манипулација на јавноста со неосновани обвинувања е контрапродуктивен и на штета на граѓаните и државата.

СДСМ уште еднаш потврди дека партијата која некогаш се прикажуваше за државотворна е замината во историјата.

Наместо да се грижат за реформите во јавната администрација им порачуваме повеќе внимание да си посветат за реформите во својата приватна групировка која се нарекува партија.

Сите можевме да видиме дека реформските процеси успешно ги започнаа од прекуграничниот огранок во Дубаи.

Им порачуваме доколку не можат да соберат кворум за одржување на седница на ЦО, да го кооптираат Харис Џиновиќ, тој сигурно ќе им дојде, под услов да му платат.

Сектор за односи со јавноста

Мајка ја испушти количката со бебето- во тој момент доаѓа воз (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи шокантна снимка од британскиот град Банбери, каде тримесечно бебе за чудо ја избегна трагичната судбина.

Инцидентот се случил во јуни на локалната железничка станица, а бил снимен од надзорна камера. Надлежните ги открија сите детали.

Во извештајот се наведува дека „мајката ја испуштила количката со бебето на момент надвор од видното поле“, и таа се спуштила по платформата.

Токму тогаш на станицата пристигнал воз кој се движел со брзина од 56 km/s.

Мајката сфатила што ќе се случи и се обидела да ја повлече количката, но таа удрила во страната на возот и се превртела, пишува Дејли Мејл.

Другите патници притрчале да помогнат и сфатиле дека детето се здобило со полесна повреда на главата.

Доколку количката тргнеше на шините три секунди порано, трагедијата не можеше да се спречи, велат надлежните.

„Истрагата покажа дека нашите работници ги почитувале сите оперативни и безбедносни правила. Овој вознемирувачки инцидент е потсетник дека луѓето треба да бидат внимателни во секое време кога се во близина на железнички пруги“, беше објавено.

Ужас во Мексико: Единаесет тела биле пронајдени во напуштен камион, меѓу нив и малолетници

Властите во градот Чилпансинго, Мексико, пронашле 11 безживотни тела во напуштен камион, соопшти денеска државното обвинителство на државата Гереро (ФГЕ).

Меѓу жртвите пронајдени во средата вечерта имало две жени и девет мажи, меѓу кои и двајца малолетници, пренесува Сигло де Тореон, објави Би-Би-Си.

Според извештаите, телата биле пронајдени откако мештаните пријавиле во полиција дека во околината има напуштен камион.

Надлежните соопштија дека покренале истрага за убиство и дека се трага по сторителите.

Засега не се знае дали ова дело е поврзано со исчезнувањето на 16 лица пред две недели.

Аргентински обвинител: Лиам Пејн не извршил самоубиство

Обвинителството што ја истражува смртта на Лијам Пејн ја отфрли можноста починатиот пејач да се самоубил, соопшти аргентинското обвинителство во соопштение за печатот.

Официјалните лица рекоа дека дошле до овој заклучок откако утврдиле дека Пејн најверојатно бил во несвест кога паднал од балконот на третиот кат на хотелот CasaSur во Буенос Аирес на 16 октомври.

Оваа информација, во комбинација со „други релевантни информации“ за количината на дрога што ја конзумирал пред неговата смрт, како што е забележано во неговиот токсиколошки извештај, им овозможи на обвинителите да заклучат дека Пејн не бил целосно свесен или бил во состојба на „намалена или изгубена свест “ и затоа не паднал намерно, пренесува Page Six.

„Оваа ситуација ја исклучува можноста за свесно или доброволно дејствие од страна на жртвата, бидејќи во состојбата во која се наоѓал не бил свесен за своите постапки ниту можел да ги разбере“, се вели во соопштението на обвинителството.

Да потсетиме, аргентинската полиција уапси три лица за смртта на Лиам Пејн. Според извештаите на ABC World News и аргентинскиот весник La Nación, полицијата уапсила двајца вработени во хотелот и пријател на Лиам, кои наводно се претставил како негов менаџер. Според нив, пејачот поминал извесно време со нив пред неговата смрт.

притисни ентер