ЖРК Чаир ја доби Славија Прага за противникот во осминафиналето во ЕХФ Купот

Во седиштето на Европската ракометна федерација денес беше извршена ждрепката за осминафиналето во Европскиот Куп.

Единствениот македонскиот претставник, ЖРК Чаир, во борба за четвртфинале ќе се соочи со чешкиот тим Славија Прага.

Првиот натпревар треба да се игра на 11/12 јануари во Прага, додека реваншот е на 18/19 јануари во Скопје.

Бајден поднесе барање до Конгресот за отпишување на долг кон Украина од 4,6 милијарди долари

Американскиот претседател Џо Бајден планира да отпише дел од долгот на Украина настанат преку економска помош, како и да воведе голем број други мерки за поддршка на напорите на Украина пред доаѓањето на администрацијата на Доналд Трамп.

Според американските медиуми, Бајден до Конгресот доставил изјава за намера да отпише половина од долгот на Украина за економска помош, во износ од околу 4,65 милијарди долари.

Дополнителниот пакет за безбедносна помош од 61 милијарда долари, што Конгресот и го додели на Украина во април, вклучуваше околу 10 милијарди долари економска помош како заем. Условите на понудата во тоа време му дадоа на Бајден овластување да прости до 50 отсто од тој заем.

- Го презедовме чекорот што го бара законот за да ги укинеме тие заеми, да ја обезбедиме таа економска помош за Украина, а сега Конгресот е добредојден да преземе иницијатива ако сака, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер. Тој додаде дека изјавата за намерите на Бајден била доставена до Конгресот минатата недела.

Иако Конгресот има можност да го отфрли барањето на претседателот, Милер рече дека очекува поддршка од американските пратеници за олеснување на долгот.

- Би бил изненаден доколку Конгресот преземе таков чекор, со оглед на огромната двопартиска поддршка во Конгресот за пружање помош, но ние ќе го следиме законот, рече Милер.

Администрацијата на Бајден вети дека ќе ја зајакне поддршката за Киев пред Доналд Трамп да ја преземе функцијата претседател на САД. Бајден вети дека ќе ги достави преостанатите шест милијарди долари помош доделени за Украина пред инаугурацијата на Трамп. Тој, исто така, одобри испорака на противпешадиски мини во Украина и го овласти Киев да напаѓа цели длабоко во Русија со ракети ATACMS.

Уапсени 11 лица за трагедијата во Нови Сад, меѓу нив екс министерот Горан Весиќ ...

Уапсени 11 лица за трагедијата на железничката станица во Нови Сад, меѓу нив Горан Весиќ и Јелена Танасковиќ.

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека вкупно 11 лица се уапсени и приведени во врска со трагедијата во Нови Сад, кога при падот на настрешницата на железничката станица загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени. Меѓу уапсените се министерот за градежништво Горан Весиќ, директорката на Инфарсатруктура на железниците на Србија Јелена Танасковиќ, поранешниот директор на Инфарсатруктура на железниците на Србија Небојша Шурлан и помошник на министерот за железнички транспорт Анита Димоски, јави дописникот на МИА од Белград.

По истрагата и деталната анализа на целата потребна документација, разговори со поголем број граѓани, и по извршеното вештачење за утврдување на причините и околностите под кои дошло до пад на настрешницата, што на 20 ноември беше доставено до обвинителството, и запознавање со наодите и мислењето на стручни лица од градежната струка, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад се уапсени и приведени вкупно единаесет лица.

Поради постоење основи на сомнение, осомничените Ј.Т., Ѓ.В., А.Д. и Н.Ш. сториле кривично дело Тешко дело против општата сигурност од член 288 став 2 од КЗ во врска со кривичното дело Предизвикување општа опасност од член 278 став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик.

-Осомничени: С.Н., М.Ј., Љ.М.М., М.С., Д.Ј., М.Г. и Д.Т. сториле кривично дело Тешко дело против општата сигурност од член 288 став 2 од Кривичниот законик во врска со кривичното дело Непрописно и неправилно извршување градежни работи од член 281 став 1 од Кривичниот законик, се вели во соопштението.

Според РТС, меѓу 11-те уапсени се Горан Весиќ, Јелена Танасковиќ, Небојша Шурлан и Анита Димоски.

Во Вишото јавно обвинителство во Нови Сад претходно беа сослушани 66 лица, а распит чекаат уште пет лица.

При падот на настрешницата загинаа 14 лица, додека тројца се тешко повредени.

Дваесет и четиригодишната Ања Радоњиќ почина во Клиничкиот центар во Војводина и таа е петнаесеттата жртва во несреќата во Нови Сад.

Доктор Драган Николиќ, управник на Ургентниот центар на КЦ Војводина, вчера изјави дека лекарите постигнале напредок во лекувањето на две тешко повредени лица, кои беа извлечени од урнатините на Железничката станица во Нови Сад.

Пулишиќ би можел да се врати во Премиер лигата

Фудбалерот на Милан, Кристијан Пулишиќ оваа зима би можел да се пресели во Англија. 

Според „Calciomercato“, Манчестер јунајтед, Вест Хем и Ливерпул се заинтересирани за потписот на 26-годишниот Американец.

Пулишиќ оваа сезона има постигнато седум гола и пет асистенции. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 50 милиони евра.

Од 2019 до 2023 година, Пулишиќ играше во Англија за Челзи. За сините од Лондон има 26 гола и 19 асистенции на 145 натпревари.

притисни ентер