Женските трки забранети за трансродови велосипедисти

Меѓународниот велосипедистички сојуз (УЦИ) соопшти денеска дека воведе забрана за учество на трансродови натпреварувачи кои по завршување на пубертетот го смениле полот.

Одлуката доаѓа откако 27-годишната Американка Остин Килипс минатиот месец стана првата трансродова жена која победи на официјално велосипедско натпреварување.

„Отсега на трансродовите спортистки кои го смениле полот по (машкиот) пубертетот ќе им биде забрането учество на натпреварувањата во женска конкуренција кои се во календарот на УЦИ“, се наведува во соопштението.

Претходно ваква забрана усвоија светските федерации во пливање и атлетика. /МИА

Трет уписен рок за студирање на УКЛО-Битола

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола денеска организира еднодневен дополнителен трет упис за студенти бруцоши.

На Високата медицинска школа може да се пријават и запишат уште пет студенти за редовно студирање, 77 со партиципација и 47 вонредени студенти, на Ветеринарен факултет може да се запишат само 32 студенти, додека на ФИКТ огласени се 116 слободни места.

Дополнителен конкурс за запишување студенти во прва година на прв циклус студии се организира на Технички факултет каде слободни се 287 места, 84 индекси за студирање се слободни на Технолошко-технички факултет во Велес, во Прилеп на Економски факултет може да се запишат уште 181 студент, а во Охрид на Факултет за туризам и угостителство огласени се 186 места.

Факултетот за безбедност-Скопје, членка на битолскиот Универзитет, во третиот уписен рок може да запише 119 студенти, но за редовни студенти има само едно слободно место во насоката Криминологија и криминална политика, додека останата можност е за студирање со партиципација или вонредно студирање.

Од УКЛО-Битола информираат дека слободни места за упис има и на Правен факултет-Кичево, Педагошки факултет-Битола и Факултет за биотехнички науки-Битола.

Пронајден 36 годишен затвореник во затворот во Шутка

36 годишен затвореник во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари бил пронајден мртов во неговата ќелија, соопшти МВР.

Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги од насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

„Вчера во 08.05 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа „Затвор Скопје“ било пријавено дека во притворското одделение, во просторијата во која престојувал, бил пронајден починат осуденикот В.В.(36) од Скопје“, пишува во полицискиот билтен.

Од денеска поевтинување на дел од прехранбените производи

Од денеска стапува на сила владината мерка за намалување на дел од прехранбените приоизводи .

Одлуката за намалување на бруто профитната маржа на 73 производи вчера е објавена во Службен весник, а веќе денеска во маркетите и продавниците каде стојат овие производи ќе треба да имаат ознаки „ помалку трошоци, Повеќе за тебе“.

Цените на брашното, оризот, млечните и пекарските производи, месото, зеленчукот и овошјето треба да бидат намалени до 31 октомври. А веќе в петок треба да почне и примената на законот за забрана на нефер трговски практики, со кој се очекува да се стави крај на проблемите со цените. Освен рабатот, со законското решение беше донесена и листа со над 2 500 производи чии маржи ќе бидат ограничени до 10 %. .. Денеска инаку, треба да излезе и пресметката на ссм за минималната синдикална кошничка

притисни ентер