Завршија подготовките за „Струмица Опен-фест 2014“

Подготовките за најголемата и најмасовната манифестација во градот под Царевите Кули, Струмица, комплетно се завршени, е заклучокот од денешната последна седница на Координативното тело на „Струмица опен-фест“.

Како што изјави координаторот Петар Божинов, годинава „Струмица опен-Фест 2014“ нуди 11 неповторливи и незаборавни денови и ноќи исполнети со богата културно - забавна програма.

- Од 7-ми до 17-ти август на нашите граѓани и гости им нудиме богата програма за сите вкусови и возрасти. Имаме ликовни колонии, вечери на поезија,театарски претстави, филмови, афоризми, трка на келнери, угостителски бон-тон, џез-фестивал, електронска и хип-хоп музика.

Кулминацијата се остава за последните три финални вечери во кои ќе настапат Бајага и инструктори, Тајзи,и Кирил Џајковски,втората вечер ја почнуваме со Драган Мијалковски, Сарс,Амадеус и Дивизија, а третата вечер ќе настапат Дивизија ,Дивајн, нашата Александра Јанева и балканската поп ѕвезда Здравко Чолиќ.

Првпат годинава „Струмица опен-фест“ се сели и во поголемите села Муртино и Просениково, каде на 10-ти август ќе настапат групите Пицикато, Дикато и Нексус. Организаторите и годинава очекуваат голем број посетители и гости како од соседните градови, така и од соседните Бугрија и Грција. /МИА

Трибина „Состојбите во современиот македонски јазик: Македонскиот јазик во наставата“

„Состојбите во современиот македонски јазик: Македонскиот јазик во наставата“ .

„Состојбите во современиот македонски јазик: Македонскиот јазик во наставата“ е насловена трибината што по повод одбележувањето на 5 Мај - Денот на македонскиот јазик, денеска ја организира Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

На трибината што ќе се одржи во Големиот амфитеатар на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ за воведничари се најавени Искра Пановска-Димкова и Гордана Алексова, додека за излагачи Славица Велева ‒ Филолошки факултет „Блаже Конески“, Оливера Тодороска ‒ Биро за развој на образованието, Марина Димитриева-Ѓорѓиевска ‒ Биро за развој на образованието, Ивана Лазаревска ‒ СУГС „Орце Николов“, Маријана Ѓоргиева-Ристевска ‒ СУГС „Орце Николов“, Назлие Мифтари Мемети ‒ ООУ „Лирија“ и Ивана Главичиќ-Цилкова ‒ ООУ „Петар Здравковски-Пенко“.

Касами: Од понеделник почнуваат преговорите за формирање влада

Градоначалникот на општина Tетово и претседател на движењето Беса дел од коалицијата „влен“, Биљал Касами вели дека од понеделник се очекува да почнат разговорите за формирање на новата влада.

-Во текот на оваа недела ќе треба да ги имаме готови работните групи, а доколку не, за време на викендот и најверојатно од понеделник да почне официјализирањето на средбите и координацијата на активностите околу формирањето на владата. Секако, кадровските прашања ќе бидат дел од втората фаза на разговори. Она што е поважно е дека оваа коалиција ќе продолжи да биде гарант за интеграцијата на земјата во ЕУ и гарант за правата на Албанците, бидејќи изборите покажаа дека го добивме мандатот на Албанците да ги претставуваме и донесуваме одлуки кои се за доброто на сите граѓани и на државата кон европската интеграција, рече денеска касами.прашан дали тој лично ќе преземе некаква функција во извршната власт, Касами одговори дека ќе продолжи со работата како градоначалник на општина Тетово.

Вучевиќ честиташе на ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска Давкова: Се радувам на соработката

Се радувам на соработката за доброто на двете држави и двата народа.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ им ја честиташе победата на партијата ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски на парламентарните избори во Македонија, како и на нивната кандидатка Гордана Сиљановска Давкова за победата во претседателската трка, јави дописикот на МИА од Белград.

– Срдечни честитки до ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за убедливата победа на парламентарните избори, како и до Гордана Сиљановска Давкова за изборот за претседател на Македонија, напиша Вучевиќ на социјалната мрежа Х.

Сигурен сум, наведе, дека во наредниот период ќе постигнеме дополнителен напредок во нашите односи.

- Се радувам на соработката за доброто на двете држави и двата народа, порача Вучевиќ.

притисни ентер