Завршија годинашните истражувања на локалитетот „Видин Град“

Неделава завршија годинашните истражувања на локалитетот „Видин Град“, во близина на селото Водоврати, Градско, соопштија од Институтот за национална историја.

Истражувањата беа изведени во соработка помеѓу Дамјан Донев од ЈНУ Институт за национална историја и Анита Василкова-Мидовска од ЛУ Народен музеј-Велес, а беа подржани од Министерството за култура во рамки на Програмата за подршка на проекти од национален интерес од областа на културата за 2024 година.

Беа отворени неколку контролни сонди во рамки на претпоставените некрополи на оваа античка населба, при што беа откриени нови детали околу планот, густината и местоположбата на западната некропола. Овие истражувања кои со прекини траат од 2013 година, ќе продолжат и во иднина во соработка со домашни и странски партнери.

Во 2025 година шест нови авиолинии: Од Скопје ќе се лета кон Дубаи, Барселона

Шест нови авионски линии ќе бидат отворени од двата аеродроми во земјава.

Од скопскиот аеродром два пати неделно ќе се лета на релација Скопје – Дубаи со Флај Дубаи, и Скопје – Барселона со кој ќе оперира Виз Еир. Оваа копманија три пати неделно ќе оперира и со релациите Скопје – Лион и Скопје – Штутгарт. Две нови линии два пати неделно ќе има и на охридскиот аеродром, Охрид – Базел и четири пати неделно Охрид – Истанбул со Туркиш Ерлајнс. Како што соопшти министерот за транспорт и врски Александар Николоски новите авионски линии стартуваат од 30 март и 30 јуни догодина со што е променет и начинот на субвенционирање по дојден патник.

-Цените очекуваме да бидат доста пристојни имајќи предвид дека даваме поддршка од буџетот, 12 евра по дојден патник на доаѓање на Охридскиот аеродром и 9 евра по дојден патник на Скопскиот аеродром. Во процес на подготовка сме на втор повик којшто ќе се објави во следните неколку недели и којшто треба да донесе нови дестинации затоа што веќе има интерес за нови дестинации. – Александар Николоски – Министер за транспорт и врски

Околу пругата кон Бугарија министерот Николоски на денешната прес конференција рече дека се води дијалог со Софија. Допрва треба да се направат проектите но ќе се ревидира и предвидената цена.

-Пруга со Бугарија ќе има во оној момент кога ние и Бугарија ќе се договориме дека заеднички ние ќе ја завршиме пругата затоа што поентата на таа пруга е Скопје и Софија да се спојат а не да не се спојат. Второ, цената мора да ја ревидираме. Не може ние да платиме 560 милиони евра 24 км пруга. Не може, недозволиво е, никаде во светот го нема тоа. – Александар Николоски – Министер за транспорт и врски

За пругата со бугарските колеги се разговарало во Брисел а следена средба е закажана за 31 октомври во Софија.

МОН: Сегрегацијата не е прифатливa ниту во образованието ни во општеството

Сегрегирање, дискриминација или која било друга форма на отфрлање на младите од училишната заедница, е строго забрането и казниво. 

За ова веќе постојат одредби во Законот за основното образование, но планираме да ги зајакнеме во процесот на надградба на регулативата а и да ги отсликаме во законите за средно и за стручно образование и обука. Планираме и кампањски активности за подигнување на свеста за спречување и заштита од дискриминација и сегрегација, со опфат на возрасните од кои најчесто потекнуваат овие идеи. Ова го нагласи Елена Ивановска, државен секретар во Министерството за образование и наука, на општинската тркалезна маса „Инклузивно образование и поттикнување на социјална кохезија“, што се одржа во Битола.

Активностите за измена на регулативата, носењето нови наставни планови и програми, обуките на наставниците, вложувањата во инфраструктура, соработката со меѓународните институции и организации, инсистирањето на поголемо вклучување на родителите во работата на училиштата и јавните дебати, како што рече Ивановска, се насочени кон создавање систем на образование што на секој млад човек му дава можност да успее, без оглед на неговото потекло, вера, националност, пол.

Министерството за образование и наука гради интегрирано образование во кое ресурсите и поддршката се подеднакво достапни за секое дете и млад човек, со што ги рушиме бариерите што нè делат. Во овој контекст, Ивановска посочи на посебниот протокол за пријавување и заштита на ученик-жртва на која било од формите на насилство, злоупотреба и занемарување, врз основа на кој во училиштата се формира тим од наставници, стручни соработници и родители, којшто презема конкретни мерки и активности за превенција и заштита, меѓу другото, и во случаите на социјално насилство.

„Училиштето не смее да дозволи одвојување на еден ученик, или група, од другите врз основа на различност, ниту да го доведе во позиција на нерамноправност и нееднаквост, да го дискриминира или игнорира. Но сепак, и за жал, оваа појава постои како предизвик и сите ние мораме заеднички да се заложиме за да го надминеме“, рече Ивановска.

На тркалезната маса, во име на Министерството за образование и наука, Ивановска испрати јасна порака дека сегрегацијата не е прифатливa ниту во образованието ни во општеството, и не е важно дали ученикот е Македонец или Ром, Албанец или Турчин, туку за секој ученик мора да има место во нашите училишта, а секое поинакво постапување ќе биде санкционирано, без да се чека тоа да го кажат меѓународни судови. Само така можеме да изградиме силно општество во кое разликите се богатство и нè обединуваат во една држава што е просперитетна и во која сите сакаат да живеат и тука да се вратат.

Министерство за образование и наука

Фон Дер Лајен Денеска во Сараево и Белград

„Не се врзуваме за датуми, проширување може да има и пред 2030 година“.

Претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајан ја продолжи посетата на регионот.

Попладнево пристигна во Белград, а претходно утрово од Сараево порача дека земјите што ќе бидат подготвени може да се надеваат на челнство во ЕУ и пред 2030 година.

притисни ентер