Замени го „Тесла“ со „Порше тајкан“, следи бонус до 4.500 долари

Најсилниот адут на „Порше“ во палетата електрифицирани возила е, се чини, „Тајкан“. 

Целосно електричниот автомобил е еден од ретките што може да се совпадне со перформансите на „Тесла“, а многумина го доживуваат како еден од најдобрите електромобили на пазарот денес.

На бранот на овие споредби, „Порше“ покрена нова иницијатива. Имено, понудата гласи: Сите сопственици на „Тесла модел С“ или кој било друг модел, кои сакаат да купат „Тајкан“ ќе бидат наградени од германската автокомпанија со бонус до 4.500 американски долари.

Според „Карс дајрект“, бонусот важи за сите модели, а износот зависи од пецифичните критериуми и се движи од минимум 1.500 долари до спомнатиот максимум од 4.500 долари. Сѐ ова го нуди програмата „Добредојдовте во Порше“.

За потсетување, „Тајкан турбо С“ има 952 коњски сили, а до 96 км/ч стигнува за 2,3 секунди. Има и „Турбо ГТ“ понуда со 1.108 КС и пакетот „Вајсач“ заради поголеми брзини.

Акција за отплата на долгови за вода без пресметка на камата до 31 јули

 Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје ги известува граѓаните на град Скопје дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек. 

Акцијата за физички и правни лица почна на 20 јуни, а трае до 31 овој месец.

- Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање. Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес. По истекот на овој период одлуката престанува да важи, соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, граѓаните можат да контактираат на 02 3073 010 во Дежурно Информативен Центар; 02 3240 300 во Дирекција; [email protected]; www.vodovod-skopje.com.mk; www.facebook.com/jpvodovod.skopje.

До крајот на годината нема зголемување на платите во здравството и нов колективен договор

До крајот на годината невозможно е да има зголемување на платите на здравствените работници и потпишување на нов колективен договор како што бараат синдикатите, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. 

Таравари рече дека поради огромниот буџетски дефицит невозможно е да има зголемување на платите и дека ќе побара разбирање од синдикатите.

- Се надевам дека во здравството нема да има огромно скратувње на буџетот бидејќи мора да преживееме и да поминеме до ноември оваа година. Со синдикатите имав еден состанок, повторно ќе имам и ќе побарам од нив разбирање за евентуално да се договориме за идната година. Оваа година практично е невозможно да се донесе нов колективен договор, рече Таравари по посетата на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Пари за вработувања во здравството, како што рече, ќе има.

Сампаоли се извини што го нарече Дембеле аутистичен

Поранешниот селектор на Аргентина, Хорхе Сампаоли се извини за неговите коментари за францускиот напаѓач Усман Дембеле.

Сампаоли го критикуваше напаѓачот, велејќи: „Дембеле игра како аутистичен, сам го започнува и го завршува нападот.

-Сакам да бидам јасен: не ми беше намерата да се осврнам на аутизмот. Барам прошка од сите. Сакав само да зборувам за себичноста. Сега повеќе од кога било треба да бидете внимателни со зборовите што ги користите, рече Сампаоли, цитиран од Goal.

Францускиот тим на Евро 2024 се пласираше во полуфиналето, во кое загуби од Шпанија (1:2). Дембеле одигра пет натпревари на турнирот и не постигна ниту еден гол.

притисни ентер