Златан Ибрахимовиќ влегува во боксерски ринг за да се бори против Вејн Руни?

Златан Ибрахимовиќ наскоро би можел да влезе во боксерски ринг!

На почетокот оваа вест звучи бизарно, но во последните неколку дена се прошири пред сѐ низ британските медиуми, а потоа и низ цела Европа. Имено, организацијата Misfits Boxing сака да го види Ибрахимовиќ во рингот како дел од еден од своите настани.

Станува збор за организација во сопственост на Јутјуберот КСИ, а освен него, на чело на организацијата се Кале и Нисе Зауерланд, долгогодишните промотори на Хрговиќ и Мамс Тејлор, пејач кој договара тепачки со светски ѕвезди. Сите борби ги пренесува DAZN, а токму Тејлор најави можност Ибрахимовиќ да настапи на еден настан.

"Се обидов да го убедам Златан дека може и тој да се занимава со бокс. Добри пријатели сме со неговиот менаџер и имавме FaceTime меѓу нас тројцата. Беше навистина кул бидејќи тој гледаше многу борби на Misfits и ги следеше. Тој беше кикбоксер, би бил добар и во ова“, рече Тејлор потоа додаде:

„Ќе кажам дека се разговараше со Златан и Вејн Руни (легендата на Манчестер Јунајтед оп.а.) и мислам дека е само прашање на време кога ќе се оствари. Во одреден момент тоа ќе се оствари“.

Руни, како и Ибрахимовиќ, одамна е познат по својата страст за боречки вештини, а добро го познава Златан бидејќи беа соиграчи на Олд Трафорд кога играа под водство на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед.

Ова е куќата во Сиетл, во која 15 годишник си го уби семејството- соседите шокирани (ВИДЕО)

Вчера се случил масакр во околината на Сиетл, во Фол Сити, за кој е осомничено 15-годишно момче.

Наводно го убил своето петчлено семејство - родителите и трите браќа и сестри, пишува Вашингтон Пост.

Едната сестра е тешко ранета, а осомничениот тинејџер без поголем отпор веднаш бил приведен во полициска станица.

Според медиумите, тешко ранетото девојче, кое било застрелано со два куршуми, успеало да побегне од куќата и да истрча кај соседите да побара помош. Полицијата набрзо добила повик.

На видеото кое се појави на социјалната мрежа Икс, порано Твитер, се гледа семејната куќа во која наводно се случил масакрот.

„Тоа е прилично убаво место, со низок криминал. Тоа е едно од оние населби каде што се оддалечувате од хаосот што доаѓа со голем град, доаѓате на мирно место, но најлошите работи можат да се случат насекаде - како што можете да видите“. изјави детективот Мајк Мелиса за Fall City.

Тој додаде дека децата се школувале дома и дека биле многу љубезни.

"Родителите мислеа дека ја прават вистинската работа со тоа што ги воспитуваат децата дома и ги штитат од вакви и слични работи, но сега ова се случи во нивниот дом. Не знам што да мислам", додал детективот.

Надзорникот Ден Шлотфелд во писмо до родителите рече дека „тој е свесен дека децата не оделе на училиште, но дека овој настан влијае на секој родител“.

Момчето осомничено дека го извршило делото било најстарото во семејството. Соседите велат дека семејството било повлечено, дека напорно работеле, ја средувале куќата, а децата си играле со сите во соседството и биле многу дружељубиви.

Велат дека малечките често им помагале на соседите околу некоја работа низ куќата.

Другите соседи велат дека виделе деца како пливаат, ловат риба и пловат по езерото на чиј брег се наоѓа куќата во која живееле.

„Оваа најмладата неодамна ми нацрта цртеж и ми го подари, се уште го чувам“, изјавила Лин.

Никој не се сомневал дека нивното маало ќе го потресе невидена трагедија. Во понеделникот околу 5 часот наутро одекнале истрели, а потоа телефонот на полицијата почнал непрекинато да ѕвони.

Популарна италијанска спортистка загина од риба

Популарната италијанска сурферка Џулија Манфрини (36) починала откако била нападната од риба-игла во водите околу островот Пулау Масокут во Индонезија.

Светските медиуми пишуваат дека додека бркала бран, Џулија била искасана од споменатата риба и ѝ направила рана од пет сантиметри. Успеала да повика двајца мажи на помош, итно била пренесена во болница, но не успеале да ја спасат.

- Одеднаш рибата скокна врз неа и ѝ ги прободе градите. Во болницата пристигнала без витални знаци - се наведува во соопштението.

Џорџо Манфрини, нејзиниот татко, им потврдил на своите пријатели дека рибата што ја нападнала неговата ќерка на левата страна била игла (или марлин), риба слична на сабјарка, тврди „Кориере дело спорт“.

Џулија беше шампионка во „сноубордкрос“, слалом и „сноуборд Биг Ер“.

Американски разузнувачи тврдат дека „надворешни фактори“ би поттикнале постизборно насилство

Русија, Кина и Иран имаат за цел да ги поделат Американците пред изборите на 5 ноември и може да поттикнат насилство откако гласачите ќе излезат на гласање, изјавија американски разузнавачи.

Официјалните претставници, кои ги информираа новинарите за безбедноста на изборите во САД, рекоа дека странските агенти би можеле да прибегнат кон физички закани и насилство и најверојатно ќе спроведат операции за дезинформација за да создадат несигурност и да го поткопаат изборниот процес, пренесе Ројтерс.

„Странските актери, особено Русија, Иран и Кина, имаат намера да поттикнат наративи за да ги поделат Американците и да ја поткопаат довербата во американскиот демократски систем. Овие активности се во согласност со она што овие актери го гледаат како нивни интереси, иако нивните тактики постојано се развиваат“, рече службеник од Канцеларијата на директоратот на националното разузнавање (ОДНИ).

Тој додаде дека влијателите, „особено од Русија, Иран и Кина“, научиле од претходните искуства од изборите во САД и дека се подобро подготвени да ги искористат можностите за предизвикување немири.

„Тие актери би можеле да се повикаат на истите алатки што ги користеле во предизборниот период, особено информациите и сајбер операциите, а би можеле да размислуваат и за физички закани и насилство.“, рече претставникот на ОДНИ.

Но, американското разузнавање не забележало никаква соработка меѓу Русија, Кина и Иран во активностите за влијание на изборите, рече претставникот. И додека странските агенти може да се обидат да го нарушат процесот на денот на изборите, поттикнувајќи незадоволство, изборниот систем е доволно безбеден што тие не можат да влијаат на исходот од изборите.

„Некои странски актери, исто така, може да поттикнат протести и насилство во овој (постизборен) период“, рече претставникот на ОДНИ. „Иран и Русија се најподготвени барем да размислат за тактики што ќе придонесат за такво насилство.“

Декласифициран меморандум објавен по брифингот на Националниот разузнавачки совет (НИЦ) - највисокото аналитичко тело на американската разузнавачка агенција - предупредува дека странските оперативци речиси сигурно ќе шират лажни тврдења за изборни нерегуларности по гласањето.

Тие, исто така, би можеле да користат сајбер напади и шпионажа за да ги попречат или променат веб-страниците на вестите и јавните владини страници за да поттикнат конфузија во врска со резултатите и да шират дезинформации за пребројувањето на гласачките ливчиња, особено во неизвесни трки.

И додека руската амбасада и мисијата на Иран во Обединетите нации не одговориле на барањето за коментар, портпаролот на кинеската амбасада рече дека Кина нема намера да се меша во изборниот процес и се надева дека кој и да победи на изборите „ќе биде посветен на изградба на здрави и стабилни кинеско-американски односи“.

притисни ентер