Потребни состојки : 1 главица лук, 100-200 гр. талјатели од пченкарно брашно, малку путер, малку свеж магдонос, неколку лажички лебни трошки, маслиново масло по потреба, малку пармезан, 1 лимон, 1 лажичка сол, 1 лажичка копар и 1 лажичка буковец.
Постапка: Лукот ситно се сечка и се става во тава со маслиново масло.
Се додаваат лебни трошки и се зачинува со сол, копар и буковец. Лукот се пржи се додека не добие златна боја. Во тенџере со зовриена вода се ставаат талјателите да се варат околу 2 минути. Во тава се става малку путер да се стопи. Се додаваат 2 чешни сечкан лук и се продолжува со пржењето.
Постепено се додава лимонов сок и лукот се пропржува се додека не зарумени.
Сварените талјатели се цедат и се додаваат во тавата. Се додаваат пржениот лук и лебните трошки. Се додава свеж сечкан магдонос и сите состојки се пропржуваат уште малку.
Јадењето се сервира во чинија и се покрива со тенки ленти пармезан.