Законите за јавната админситрација во подготовка–во собраниската процедура од јануари

Ако сакаме подобро функционирање на општеството, мора да имаме транспарентна, ефикасна и мотовирана јавна администрација. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Ранет елен му се одмазди на ловецот, едвај извлече жива глава (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи драматично видео, снимено во Република Саха, која ја зафаќа целата област на Источен Сибир.

Во главните улоги се ловец и ранет елен, подготвен за брутална одмазда.

На почетокот гледаме човек со пушка како се приближува до големото животно и пука, но не го убива. Неколку секунди подоцна следува жесток контранапад, пишува Дејли мејл.

Еленот го удрил ловецот со рогови и го соборил на земја, во непосредна близина на автомобилот во кој биле двајца негови (вооружени) колеги. Животното продолжило да го гази беспомошниот човек кој се обидувал да се спаси.

Останува нејасно зошто другите ловџии не пукале, додека камерманот се обидел да го исплаши бесното животно. Локалните медиуми јавуваат дека инцидентот се случил претходно овој месец.

Засега не се знае дали ловецот се здобил со сериозни повреди по нападот, ниту пак му била укажана лекарска помош.

Вапити (Cervus canadensis) е преживар од семејството на елени. Тој е најголемиот вид по лос, а живее во шумите на Северна Америка и Источна Азија, додека успешно е колонизиран во Аргентина и Нов Зеланд.

Германија негира дека го затворила бирото на руската телевизија Канал 1 во Берлин

„Руските новинари можат слободно и непречено да известуваат за вести во Германија. “

Германија не ја затвори канцеларијата на руската телевизија Канал 1, а двајцата новинари на кои им беше наредено да ја напуштат земјата не ги исполнувале законските услови за престој во земјата, изјави денеска портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, цитиран од ДПА.

-Руските новинари можат слободно и непречено да известуваат за вести во Германија. Голем број руски новинари се акредитирани од Федералната канцеларија за печат и информации, рече портпаролот. Тој нагласи дека канцеларијата за медиуми во Берлин не е затворена.

Претходно денеска руското Министерство за надворешни работи соопшти дека ќе протера дописник и снимател од германската телевизија А-Ер-Де како одмазда за затворањето на канцеларијата на Канал 1 во Берлин и протерувањето на двајца руски новинари.

Портпаролот на германската влада посочи дека правото на престој во земјата е работа со која се занимаваат државните органи.

-Работата како новинар не ви прави ништо добро ако не ги исполнувате условите за престој, додаде тој.

Германското Министерство за надворешни работи останува во близок контакт со германските новинари во Москва поради загриженоста дека Русија презема многу „тешки акции“ против претставниците на медиумите, рече портпаролот на Министерството. /МИА

Бен Афлек ги загрижи фановите на најновите снимки (ФОТО)

Папараците неодамна го снимија Бен Афлек на улиците на Лос Анџелес, а неговата појава ги загрижи обожавателите ширум светот.

Тој бил фатен додека возел автомобил со цигара во рацете, а изгледал многу вознемирен. Многумина веднаш забележаа дека изгледа прилично запуштено, со долга несредена брада која во последно време многу ја покажува во јавноста.

Некои обожаватели тврдат дека тешко се снашол со разводот со Џенифер Лопез и дека распадот на таа љубов го „скршил“. Други мислат дека тој моментално поминува низ средовечна криза и дека неговиот изглед нема никаква врска со нивниот развод.

Бен веќе неколку пати се лекуваше од алкохолизам, а минатата година Џенифер лансираше сопствен бренд на алкохолен пијалок наречен Делола, кој е инспириран од италијанскиот брег. Извори блиски до парот тврдат дека тоа многу го налутило Афлек, кој сметал дека неговата сега веќе поранешна сопруга не го поддржала во неговото закрепнување од зависност.

Тој, исто така, неодамна предизвика загриженост во јавноста бидејќи се појавија фотографии на кои се гледа како славниот актер го напушта центарот за рехабилитација во Калифорнија, поради што многумина помислија дека повторно почнал да пие. Некои странски медиуми шпекулираа дека тој дошол само за да им даде поддршка на луѓето кои се борат со разни зависности.

Прво одлучи да оди на рехабилитација во 2001 година, а во март 2017 година Афлек објави дека го завршил лекувањето од зависност.

„Завршив со лекувањето, се соочив со тоа во минатото и ќе продолжам да се соочувам“, напиша тогаш тој на својот Фејсбук. „Сакам да го живеам животот во потполност и да бидам најдобриот татко што можам да бидам. Сакам моите деца да знаат дека не е срам да добивате помош кога ви е потребна и да бидам извор на сила за секој на кој му треба помош, но се плашам да го направам првиот чекор. Имам среќа што ја имам љубовта на семејството и пријателите.“

На крајот на август 2018 година, по наговор на неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер, тој повторно заврши во центар за рехабилитација. Неколку дена пред интервенцијата, на интернет се појавија фотографии на кои се гледаат големи кутии со алкохол, вклучувајќи виски и пиво, се испорачани на неговата адреса. Ова наводно ѝ го скршило срцето на Џенифер, која решила да му помогне.

Иако неговата зависност датира одамна, во една од своите најконтроверзни изјави, Афлек ја обвини неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер дека е причина за неговата зависност од алкохол. За време на интервјуто со Хауард Стерн, актерот изјави: „Дел од причината зошто почнав да пијам беше затоа што се чувствував заробен. Мислев: „Не можам да побегнам од моите деца, но не сум среќен, што да правам ? Би пиел шише виски и би заспал на каучот, што не беше добро решение“.

притисни ентер