Ранет елен му се одмазди на ловецот, едвај извлече жива глава (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи драматично видео, снимено во Република Саха, која ја зафаќа целата област на Источен Сибир.

Во главните улоги се ловец и ранет елен, подготвен за брутална одмазда.

На почетокот гледаме човек со пушка како се приближува до големото животно и пука, но не го убива. Неколку секунди подоцна следува жесток контранапад, пишува Дејли мејл.

Еленот го удрил ловецот со рогови и го соборил на земја, во непосредна близина на автомобилот во кој биле двајца негови (вооружени) колеги. Животното продолжило да го гази беспомошниот човек кој се обидувал да се спаси.

Останува нејасно зошто другите ловџии не пукале, додека камерманот се обидел да го исплаши бесното животно. Локалните медиуми јавуваат дека инцидентот се случил претходно овој месец.

Засега не се знае дали ловецот се здобил со сериозни повреди по нападот, ниту пак му била укажана лекарска помош.

Вапити (Cervus canadensis) е преживар од семејството на елени. Тој е најголемиот вид по лос, а живее во шумите на Северна Америка и Источна Азија, додека успешно е колонизиран во Аргентина и Нов Зеланд.

Данела Арсовска во „Само интервју“

Почитувани гледачи, утре во Само Интервју ќе гостува Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.

Модерна метропола или урбан хаос, што добија Скопјани со изборот на мајката на градот?

Советниците обвинуваат за неагилност, Арсовска за опструкции, како планира да ги мотивира да ја поддржат за набавка на уште 250 еколошки автобуси?

Уште не завршен мандатот, најави дека нема да трча за втор, толку ли не можеа да се најдат на средина со Мицкоски? Зошто пукна „тиквата“ со партијата што ја номинира?

Заврши ли сагата со не подигањето на комуналниот отпад, знаеме ли кој ги труе Скопјани и како да дочекаме чист воздух?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува Данела Арсовска, веднаш по вестите.

Прекинати се протестите во Пакистан: Стотици се уапсени во брутална полициска акција

Партијата на затворениот пакистански поранешен премиер Имран Кан ги прекина уличните протести со кои се бараше негово ослободување, по медиумските извештаи за стотици апсења од безбедносните сили во широката рација во главниот град.

Протестите со седење се откажани, потврди Зулфикар Букари, портпарол на Пакистанската партија Техрик-е-Инсаф (ПТИ) на Кан, повикувајќи се на, како што рече, „масакр“, пренесува Ројтерс.

Тој зборува за рација што била извршена вчера вечерта во Исламабад, откако протестите резултираа со смрт на најмалку шест лица, вклучувајќи четворица членови на паравоените сили и двајца демонстранти.

Посетувајќи ги местата на протестите, министерот за внатрешни работи Мохсин Накви денеска рече дека пакистанските безбедносни сили успешно ги отстраниле демонстрантите од местото на планираните протести и од другите области во главниот град.

„Им честитам на пакистанската армија, Граничниот корпус, Исламабад, Пенџаб и полицијата во Синд за нивната храбра улога“, додаде Накви.

Илјадници демонстранти се собраа во центарот на Исламабад претходниот ден, откако конвојот предводен од сопругата на Кан, Басра Биби, проби неколку безбедносни линии за да стигне до работ на утврдената црвена зона во градот.

Geo News и ARY објавија дека безбедносните сили започнале масовна рација во темниот центар на Исламабад, каде што биле исклучени светлата и испукан солзавец.

Денеска работниците ги расчистуваа урнатините и преместуваа дел од контејнерите за транспорт што ги користеа властите за да ги блокираат патиштата низ главниот град.

Црвената зона беше празна од демонстранти, но неколку возила останале на местото на настанот, вклучително и остатоци од камион што го користела Башра Биби, а кој се чини дека бил зафатен од пламен, објавија очевидци на Ројтерс.

ПТИ планирале да организираат протест во црвената зона, каде што се наоѓаат парламентот, дипломатскиот округ и другите клучни згради, додека Имран Кан не биде пуштен од затвор, каде што се наоѓа од август минатата година.

Партијата го откажа протестот, како што најави нејзиниот претседател за градот Пешавар во северната провинција, Хајбер Пахтунхва.

„Новата стратегија ќе биде разработена подоцна по соодветни консултации“, изјави Мохамад Асим за Ројтерс.

Сопругата на Кан и провинцискиот премиер, Али Амин Гандапур, клучен сојузник на затворениот водач, се вратија „безбедно“ во провинцијата од главниот град, додаде тој.

Кина се подготвува за изградба на „лунарен котел“- првата станица на Месечината (ВИДЕО)

Лунарните амбиции на Кина се огромни, а тоа најдобро го илустрира веста дека научниците веќе развиле концепт за изградба на куќи на Месечината, кој го нарекоа - „лунарен котел“. 

Ваквите иглуа во облик на јајце ќе бидат направени од лунарна почва, а за поврзување на циглите ќе се користат спојки со лопатки.

Кина ја интензивира работата на планот за слетување луѓе на Месечината до 2030 година и за изградба на првата станица за истражување на Месечината до 2035 година. Лабораторијата на Универзитетот за наука и технологија Хуажонг во Вухан веќе работи на симулација на изградба на лунарни градби, пишува Global Times.

Академик Динг Лијејунг, главен научник во центарот и лидер во развојот на лунарни тули, рече дека неговиот тим веќе спроведува различни експерименти. Во почетокот ја испитувале структурата на куполата, сводовите, столбовите...

Динг за медиумите изјави дека површината на Месечината претставува голем предизвик поради екстремното опкружување, ограничените материјали на локацијата, недостатокот на течна вода, слабата гравитација, температурната разлика од 300 степени помеѓу денот и ноќта, зрачењето, сложената геологија и топографија.

- Овие фактори ја прават изградбата на Месечината многу предизвикувачка - рече тој. Како што додаде, на крајот решиле да изградат „лунарен котел“, двослојна структура меѓу иглу и јајце, со внатрешност на две нивоа.

- Сѐ додека не пристигнат примероците собрани од Chang'e-5, можевме да се потпреме само на податоците од програмата Apollo. Сега знаеме многу повеќе. Веднаш ми беше јасно дека не треба да почнеме од почеток – рече тој.

Оваа година Кина беше прва во историјата која успеа да земе примероци од лунарната почва од далечната страна на Земјиниот сателит, таканаречената темна страна на Месечината. Овој потфат покажа дека оваа земја доминира во лунарната програма и во новата вселенска трка.

Да потсетиме, кога станува збор за првата вселенска трка, Советскиот Сојуз започна насилно - во 1957 година први го лансираа сателитот Спутник во вселената, во 1959 година го испратија сателитот Луна 1 да прелета покрај Месечината, а во истата година Луна 3 беше прва што ја фотографираше далечната страна на Месечината. Сепак, на крајот, Америка победи со програмата Аполо - во 1968 година, првиот човечки екипаж стигна до орбитата на Месечината, а потоа во 1969 година, првите луѓе слетаа на Месечината. Сепак, САД го завршија истражувањето на Месечината во 1972 година, додека СССР го стори тоа во 1976 година.

После тоа со децении немаше успешно слетување на Земјиниот сателит, но во 21 век Кина реши да го промени тоа. Од 2007 година до денес имало 6 мисии Chang'e, при што имало и сателитско скенирање во 2007 година, слетување сонда во 2010 година, испраќање ровер на тестирање... Минатиот август, Индија успеа да стане четвртата земја што испрати вселенско летало на Месечината, а во јануари тоа успеа да го направи и Јапонија. Русија доживеа дебакл кога минатата година се обиде да испрати Луна-25 на Месечината, а Америка имаше половичен успех - првата мисија во јануари беше неуспешна, но во февруари, по повеќе од половина век, успеаја да го спуштат леталото на Месечината.

притисни ентер