Загина тракторист во сообраќајка во струмичкото село Баница

Претпладнево во селото Баница, кај Струмица, на патот Струмица-село Баница - село Вељуса во сообраќајка загина тракторист, а сопатникот кој се превезувал со него е повреден.

Веста за МИА ја потврдија од СВР Струмица, од каде информираа дека денеска околу 09:45 часот се случила сообраќајната несреќа меѓу патничко возило „сеат“ со струмички регистарски таблички управувано од Л.Р. (72) од село Вељуса и трактор „ИМТ 539“ управувано од починатиот Д.С. (43) од село Баница.

-Од здобиените повреди во несреќата починал возачот на тракторот, а смртта ја констатирал лекар во Медицински центар Струмица, додека со телесни повреди се здобил сопатникот на тракторот К.С.. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на Полициската станица Струмица, информираше портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, а во расчистувањето на последиците од сообраќајната несреќа учествувала и екипа на ТППЕ Струмица.

Бизарен експеримент: Фрлиле куфер од работ на вселената за да видат колку е издржлив (ВИДЕО)

Производителот на куфери лансира еден од своите производи на висина од околу 39 километри за да ја тестира неговата издржливост - и не само што скапиот производ го помина тестот, туку и целиот трик беше снимен на камера.

Куферот, кој моментално се продава за 425 долари, бил катапултиран во вселената пред да слета на Земјата на спектакуларен начин, според снимките објавени од компанијата, пренесе TravelWeek.

Откако издржал температури до -65 степени Целзиусови, куферот можел да се спушти од стратосферата со контролирана брзина благодарение на системот за самоодни падобрани, објави Travel + Leisure.

Подвигот е постигнат во партнерство со маркетинг агенцијата Sent Into Space, која е специјализирана за испраќање производи на небото за да се види дали тие можат да преживеат пад.

Овој куфер е најлесниот и во исто време најцврстиот на компанијата досега - тежи околу 2 кг. Надворешната обвивка е изработена од „roxkin“, материјал создаден за брендот направен од „рециклирачки, повеќеслоен и високо чувствителен материјал“.

Украински дронови уништија руски топови, снимката е од 25 километри зад линијата на фронтот

Борците на 100-та посебна украинска механизирана бригада успеаја да употребат беспилотни летала за да уништат две руски самоодни хаубици длабоко зад линијата на фронтот.

Видео прикажува беспилотни летала како уништуваат два топа 2S7 Pion, кои се сметаат за еден од најсилните во светот.

Како што е соопштено, овие артилериски системи биле распоредени на околу 25 километри зад линијата на фронтот, во близина на украинскиот град Хорливка.

Овој украински град е под руска контрола.

Украинската војска соопшти дека овие топови биле уништени од дронови Немесис.

Како што претходно објави Укринформ, припадниците на Националната гарда кои управуваат со беспилотни летала FPV уништиле неколку единици на непријателска опрема што ја користеле Русите при обидот да се пробијат во одбраната на Украина во близина на Золот Нива во регионот Доњецк.

Ковачки: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 100 дена покажа различност

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминативе 100 дена апсолутно покажа различност.“

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминативе 100 дена апсолутно покажа различност. Првото ветување сите што го зборувавме во предизборието беше покачување на пензиите за 5,000 денари законски тоа го направивме 2,500 сега и 2,500 денари во април. Тоа и понатаму ќе продолжи да расте и тоа е многу повеќе од тоа што го наследивме. Во буџетот немаше предвидено и пари за исплата на пензиите“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки во гостување во емисијата „На кавга со Иван“ на Канал 5 ТВ.

Тој истакна дека како втор проект е покачувањето на платите на наставниците укажувајќи „знаете дека во рок од 4 години владата се договори платите да растат до 46%“.

„Обезбедивме учебник за секое дете нешто што досега немаше. Ние дојде ред да се фалиме и гордееме со нешто што сосема беше нормално во изминатиот период кога нудевме компјутер за секое дете, а сега се доведовме во ситуација да нема учебник за секое дете и тоа го реализиравме да има учебни за секое дете“, рече Ковачки.

Тој истакна дека средствата за стимулација кон општините се насочени кон сите општини без разлика на политичката провиниенција.

„Премиерот потпиша договор со градоначалниците за поделба на средства за капитални инвестиции. 4 милијарди денари се во прашање, а верувам сумата ќе дојде до 6 милијарди денари. Тука не правиме поделба на општини на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ итн., туку даваме на сите општини без разлика од која политичка провиниенција доаѓа“, вели Ковачки, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер