„Супер Марио“ се врати во Италија- Балотели е претставен во новиот клуб (ФОТО)

„Лошото момче на италијанскиот фудбал“, Марио Балотели (34) и официјално е нов член на Џенова, објави италијанскиот прволигаш на својата интернет страница.

Балотели доаѓа во Џенова како слободен играч откако во јуни му истече договорот со турскиот клуб Адана.

Неговата досегашна кариера ја одбележаа одлични голови, но и бројни скандали и инциденти, поради кои постојано беше меѓу прекарите Супер Марио и Лошото момче на италијанскиот фудбал.

Во Серија А веќе настапуваше за Интер, Милан, Бреша и Монца, а во првата италијанска лига на 141 настап постигна 52 гола. Играше и за Манчестер Сити, Ливерпул, Ница, Марсеј и Сион.

Балотели во кариерата освои девет трофеи, а за италијанската репрезентација на 26 настапи постигна 14 гола. Беше дел од селекцијата која го загуби финалето на ЕП 2012 од Шпанија, а учествуваше и на Светското првенство во 2014 година.

„По кариерата често попречена од лоша дисциплина и наслови на таблоидите, ова би можело да биде последна шанса за Балотели да покаже дека сè уште го има она што е потребно за да игра на највисоко ниво на фудбалот“, пишуваат италијанските медиуми. Џенова моментално е во зоната за испаѓање, на 18. место со шест бода, два помалку од безбедната зона.

Млад Французин отишол во Турција за пресадување брада- се разочарал и си пресудил

Матје Вигер Латур од Франција се самоубил по неуспешната трансплантација на брада во Истанбул, наводно извршена од агент за недвижности кој се претставувал како хирург.

24-годишниот студент по бизнис администрација во март отпатувал во Турција за да се подложи на трансплантација, која го чинела 1.300 евра, пет пати помалку отколку во Франција, не сфаќајќи дека целата операција ќе резултира со вистинска катастрофа.

Сепак, операцијата имала катастрофални резултати, со изгубени 1.000 графтови, а уште 4.000 трансплантирани од неговата глава на лицето. Резултатот беше неправилна брада која растела под чудни агли, давајќи му на лицето необичен изглед кој, како што рекол неговиот татко, наликувал на „еж“, пренесува Дејли Мејл.

Младиот човек се здобил и со изгореници и интензивни тегоби кои го спречувале да спие. Откако подоцна открил дека тој што ја извршил операцијата не бил специјализиран хирург туку агент за недвижности, се шокирал.

Оваа неуспешна процедура му нанела на Латур многу психолошки проблеми и му задала дисморфично пореметување - нарушување во кое луѓето стануваат опседнати со несовршеностите на нивниот изглед.

И покрај обидот на белгиски специјалист да ја поправи штетата, било откриено дека скалпот на Латур нема да може да ја врати својата нормална состојба.

Три месеци по операцијата, Латур донел одлука да се самоубие.

Неговиот татко, уништен од трагичниот пресврт на настаните, сега води кампања за подигање на јавната свест за опасностите од „здравствениот туризам“.

Диди поднел барање да не се објавуваат детали за неговиот скандал, судот го одбил

Озлогласениот рапер Шон Диди Комбс заврши во притвор пред нешто повеќе од еден месец, а судијата сега ја отфрли неговата предложена наредба да им забрани на владините службеници да објавуваат информации поврзани со неговиот случај до медиумите.

Судијата Арун Субраманијан во петокот го одбил предлогот на раперот, но прифатил наредба слична на онаа поднесена од адвокатскиот тим на Диди.

Тоа е наредба која инсистира на тоа дека федералните агенти, истражителите и тимот на раперот мора да ги следат законите кои им забрануваат да објавуваат информации за постапките на поротата во јавноста што би можело да влијаат на фер судење, пишува Page Six.

„Да бидам јасен, оваа наредба не се заснова на отсуство на какво било прекршување до денес, бидејќи судот допрва треба да најде врска со наводите на обвинетиот дека информациите поврзани со случајот биле протечени во јавноста. Што значи „Целта на оваа наредба е да се осигура дека отсега не се случува ништо што би можело да го наруши правичното судење Судот ќе преземе соодветни мерки за секое прекршување на правилата“, рече судијата.

Адвокатскиот тим на Комбс одбил да ги коментира новите наредби на судијата.

Судијата ја одобри новата наредба откако адвокатите на Пи Диди ги обвинија федералните агенти дека објавиле видео на кое тој физички ја малтретира својата поранешна девојка Каси Вентура. Тие тврдат дека агентите го објавиле видеото снимено во хотел со цел да ја уништат репутацијата на Комбс.

„Наместо видеото да се користи како доказ пред судот, заедно со други докази што му даваат контекст и значење, агентите го злоупотребиле на најштетен можен начин“, рекоа тие претходно. Федералните агенти негираа дека имаат некаква врска со снимката што е објавена. „Владата не ја поседуваше снимката пред да биде објавена на Си-Ен-Ен“, велат тие.

Раперот моментално се наоѓа во притвор во Њујорк каде го чека судењето закажано за почетокот на мај следната година. Тој се товари за рекетирање, трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација и кривични дела поврзани со проституција.

Американец поминал 22 години во затвор без вина, па добил огромна отштета: Затворот ме спаси

Калвин Буари (53), поранешен дилер на кокаин во Бронкс, се опишува себеси како млад, блескав и глупав.

Но, на 10 септември 1992 година завршил во затвор поради убиство на двајца браќа, кое не го извршил.

Отпрвин Буари го одржувал својот стар начин на живот во затворот - дилер на дрога. Но, тогаш сфатил дека мора да го промени својот живот доколку сака да биде ослободен и да излезе од затвор, пренесува „Дејлимејл“.

"Одењето во затвор за убиство што не го направив ми го спаси животот. Тоа имаше ефект на пеперутка врз мене. Пред да одам во затвор, бев како гасеница", изјави тој за CNN и продолжи:

„Потоа, додека бев во затвор, морав да го трансформирам мојот живот и да се обидам да правам попродуктивни работи. Морав да го видам потенцијалот во себе. Тоа беше мојата фаза на конверзија. И сега кога сум надвор, се чувствувам како да сум пеперутка“.

Буари почнал да се занимава со дрога набргу откако го напуштил училиштето во 10-то одделение за да ѝ помогне со сметките на мајка си, која била самохран родител.

Желбата на еден млад човек за пар патики „Ер Џордан“ кои мајка му не можела да си ги дозволи, ја зацврстила неговата одлука да влезе во бизнисот. Ги добил патиките што ги сакал, заедно со два автомобила БМВ, часовници Ролекс, златни синџири и дизајнерска облека.

Но, оваа одлука имала свои последици. Неговите ривали, наводно, ја искористиле можноста да му наместат убиство на браќата Илајџа и Салхадин Харис со цел да ја преземат неговата територија. Браќата биле во близина на аголот на Источната 213-та улица и Боксвуд авенијата кога биле убиени, истото катче каде Буари продавал дрога.

Младиот човек бил осуден на 50 години затвор, откако одбил спогодба за признавање на вината со која би добил тригодишна казна. Кога Буари решил да го промени својот живот во затвор, тој се свртел кон активисти и адвокати за погрешно осудување.

Широкиот пристап до Интернет му дал можност да стекне диплома за општо образование во 2007 година и да посетува курсеви по кривично право. Дури во 2017 година му била укината пресудата откако се појавиле тројца сведоци. Еден од нив изјавил дека бил со Буари во текот на денот по улицата кога слушнале пукање.

Овој сведок очигледно не знаел дека Калвин бил уапсен до пред неколку години.

„Секогаш кога се доближував до тој затвор од кој штотуку излегов, тоа беше потсетник дека треба да бидам на вистинскиот пат. Затоа што ако не, тоа што ме чека е истиот затвор“, додава Буари.

Од неговото ослободување од затвор, Калвин Буари ја започнал својата претприемничка кариера. Тој ја основал компанијата Ryderz Van Service, која превезува роднини во затворите во Њу Џерси и Њујорк. Тој исто така инвестира во недвижен имот во Њујорк и Тексас, а поседува и куќа вредна милион долари во предградијата на Хјустон.

Новиот бизнисмен постигнал спогодба од 4 милиони долари со Њујорк во 2021 година, откако го тужел градот и неколку службеници за спроведување на законот. Добил порамнување од 3,75 милиони долари од државата Њујорк во 2020 година.

притисни ентер