Загина 18- годишен возач на Формула 1 на трка во Белгија (Вознемирувачко видео)

Дилано Ван Т Хоф, 18-годишен холандски возач во Формула 1, загина на трката од Европскиот регионален шампионат на патеката Спа-Франкоршамп во Белгија.

По силен дожд и многу тешки услови на патеката, Ван'т Хоф се нашол во судир во кој учествувале пет возила. Тој се вртел на патеката, а потоа неговиот болид со голема брзина го удри автомобилот на возачот Адам Фицџералд.

„Ние сме уништени што изгубивме еден од најголемите холандски таленти, кој донесе толку многу енергија во нашиот тим во текот на годините кога се тркаше со нас. Дилано е дел од нашето тркачко семејство од 2021 година. Би сакале да изразиме искрено сочувство до семејството на Дилано и на најблиските. Им ја даваме нашата целосна поддршка, како и на нашите членови на тимот, кои загубија не само совозач, туку и пријател“, соопштија од тимот на MP Motorsport.

Соборен нов рекорд: Повеќе од 38 милиони корисници!

По шести пат оваа година беше поставен рекорд по бројот на регистрирани корисници на платформата „Steam“.

Сепак, и покрај овој раст, не е поставен нов рекорд по бројот на играчи кои одиграле нешто - тој број минатиот викенд беше за 264.000 играчи помалку од рекордот поставен на крајот на август.

На листата на десет најиграни игри видовме неколку промени во однос на претходниот рекорд.

Еднаш „Human“ и „Baldur's Gate 3“ исчезнаа од листата, додека „Satisfactory“ и „Deadlock“ скокнаа. Еве што се играше најмногу во рекордното време на „Steam“:

Counter Strike 2 - 1.459.492 играчи

PUBG: Battlegrounds - 797.340

Dota 2 - 731.193

Black Myth: Wukong - 533,128

Banana - 372.519

Naraka: Bladepoint - 298.908

Apex Legends - 249.334

Satisfactory - 177.034

Grand Theft Auto V - 165.613

Deadlock - 151.680

Извор: Б92

Владините институции прават попис на потребите на службените возила

Владините институции прават попис на потребите на службените возила, меѓу новите кои ќе се купат ќе има и електрични и хибридни.

Владата на Република Македонија ќе набавува нови возила, меѓу кои електрични и хибридни. Но, набавката ќе се планира во следниот буџет. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска изјави дека сите институции се задолжени да направат попис на потребите на возила.

-Второ што сакаме да направиме е да имаме поинаков пристап преку оперативен лизинг да ги намалиме трошоците за нивно одржување и на тој начин да обезбедиме нова флота на возила, меѓу коишто сигурно ќе има и такви електрични возила, хибридни итн. Возила со коишто сигурно нема да биде мисијата на лоши честитчки, оваква каква што е сега и очекувам дека набруго тоа ќе го направиме. Но секако не оваа година, бидејќи тоа мора да биде предвидено во буџетот за следната година, вели Мицкоски.

Премиерот Мицкоски истакна дека и преку инвестициите во енергетиката планот е Македонија да биде енергетски независна во делот на увозот на електричната енергија, а го најави и носењето на новиот Закон за енергетика. Тој додаде дека со инвестицијата на компанијата „Алказар“ во производство на енергија од обновливи извори на енергија очекува да се произведува струја некаде еден терават час.

-Еден терават час е отприлика, колку што е 25 % од вкупното производството коешто го имаме како држава и со еден еден терават на час ќе дојдеме до би рекол на чекор до независност, а во периодот којшто следи со носење на новиот Закон за енергетика, каде што ќе бидат предвидени батериски системи и слично, мислам дека во следната веќе 2025, почетокот на 2026 година би можеле да зборуваме за портфолио на државата увоз-извоз нула. Што значи дека ќе ја направиме Македонија енергетски независна од делот на увоз на електрична енергиј, изјави Мицкоски.

За лошата состојба во АД ЕСМ, која се дави во долгови, Мицкоски истакна дека точно е долговите се огромни.

-За жал во право сте дека во изминатите седум години, ништо не е променото од една состојба, којашто јас кога бев генерален директор во АД ЕСМ со ЕЛЕМ тогаш со 25 милиони евра банкарски депозити, шест милиони евра на сметка и нула долгови, за жал пред некоја недела ја оставија компанијата со повеќе од 80 милиони евра долг, пет милјарди денари, изјави Мицкоски.

Посочи дека се прави Програма за санација на долговите на АД ЕСМ и какошто рече премиерот Мицкоски „верувајте дека многу скоро ќе излеземе од овие долгови коишто ги оставија оние криминалци, коишто претходно го водеја“.

Најверојатно нема да има алкохол на СП 2034 во Саудиска Арабија

Алкохолот најверојатно нема да се продава на Светското фудбалско првенство во 2034 година.

Пиењето алкохол е нелегално во Саудиска Арабија. „Sky Sports“ забележува дека не се планира да се олабават законите навреме за Мундијалот по 10 години.

- Ние сме домаќини на повеќе од сто спортски настани без алкохол, пречекувајќи три милиони навивачи. Тие си поминаа одлично и открија што има да понуди Саудиска Арабија – забава, уметност, музика, култура и наследство, изјави саудискиот менаџер Хамад Ал Балави.

Покрај тоа, турнирот би можел да се одржи во зима, исто како Светското првенство во Катар во 2022 година.

- Тоа ќе биде одлука помеѓу ФИФА, конфедерациите, лигите и фудбалските асоцијации. Ќе се вклучиме во оваа дискусија во догледно време. Подготвени сме да примиме гости кога тоа ќе биде побарано, додаде Ал Балави.

Саудиска Арабија е единствениот кандидат за домаќин на Светското првенство во 2034 година. Таа треба официјално да биде прогласена како земја домаќин на турнирот на Конгресот на ФИФА на 11 декември.

притисни ентер