Заев: Со третиот сет економски мерки треба да се помогне секому кому му е потребна помош

Со третиот сет економски мерки треба да се помогне секому кому му е потребна помош, да се овозможи заживување на македонската економија преку директна пооддршка на граѓаните и на стопанството.

Да се помогне секому кому му е потребна помош, динамичен раст и градење нова развојна македонска економија базирана на иновативни решенија, тоа беа принципите од кои се водевме заедно со Економскиот совет на СДСМ кога го креиравме третиот предлог пакет економски мерки. Ја поздравувам одлуката на Владата да усвои голем дел од нашите предложени мерки, порача денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– Со третиот сет економски мерки треба да се помогне секому кому му е потребна помош, да се овозможи заживување на македонската економија преку директна пооддршка на граѓаните и на стопанството, да се стимулира динамичен раст и градење на нова развојна македонска економија базирана на иновативни решенија. Ова здравствена криза не стави на тест, нас и целиот свет. Ја тестираше нашата одговорност, солидарност, способност за брз одговор и адаптирање кон новонастанатата ситуација. Горд сум дека нашата држава се исправи пред предизвикот и стоечки и одлучно одговара на предизвикот, изјави Заев пред седиштето на СДСМ.

Тој истакна дека третиот сет економски мерки е во вредност од 355 милиони евра и опфаќа 730 илјади корисници и додаде дека заедно со првите два пакета мерки станува збор за вкупен влог од 550 милиони евра или 5,5 отсто од БДП.

– Да ја претвориме оваа криза во нова можност за структурни системски промени и раст, за модернизација на македонската економија и зголемување на нашата конкурентност во регионот и пошироко. Во третиот сет се работи за директна финансиска поддршка на граѓаните за зголемување на потрошувачката, директни капитални инвестиции, директна поддршка на стопанството, земјоделството, туризмот и угостителството, но и награда за најизложените здравствени работници во знак на благодарност за нивната работа, посочи Заев.

Рализацијата на овој пакет мерки, додаде, ќе придонесе за поттикнување на приватната потрошувачка, зголемена конкурентност на нашите компании на домашно и регионално ниво, трансформација на дел од економијата со воведување на ИТ и друга технологија во нивното работење, формализација на дел од неформалната економија и зголемена употреба на безготовинското плаќање како инструмент за сузбивање на сивата економија. Преку издавање на платежни картички на граѓаните ќе се поттикне поголема потрошувачка, а со тоа и развој на домашните економски дејности.

Во продолжеие лидерот на СДСМ презентираше некои од конкретните мерки од третиот пакет што се наменети за граѓаните како што се платежните картички и ваучери,мерките за млади, викедн без ДДВ…

– Вториот столб од овој сет мерки нуди директна поддршка на македонското стопанство – иновативност и развој за зачувување на постојните и за нови работни места. Преку бескаматните кредитни линии за сите микро и мали компании, во вредност од 31 милион евра, преку Развојната банка, обезбедени се 30 отсто грант како поддршка за жените, младите, фирми кои воведуваат дигитализацијата во бизнисот или пак се извозно ориентирани. Ќе се инвестираат нови 1,6 милиони евра за развој на иновативни продукти и услуги преку ФИТР преку мерката – поддршка за развој на домашни старт ап продукти и услуги, рече Заев.

Со третиот столб од овој сет мерки,како што нагласи, е предвидена и поддршка за земјоделците.

– Аграрниот сектор ќе биде поддржан со пет милиони евра преку Развојната банка, потенцира Заев.

Маж собори Гинисов рекорд во чудна дисциплини и испрати силна порака (ФОТО)

Магистер по шумарство Абубакар Тахиру (29) постави рекорд во необична дисциплина и влезе во Гинисовата книга.

За еден час прегрнал 1.123 дрвја во Националната шума Тускеги во Алабама и морал да исполни одредени услови за достигнувањето да се брои.

За да го постави рекордот, Абубакар морал да го прегрне секое дрво со двете раце, но да не предизвика никаква штета.

Не можел да прегрне ниту едно дрво повеќе од еднаш, па морал брзо да се движи, пренесува UPI.com.

Тој постел за Рамазан додека се обидувал да го постави рекордот, што му ја отежнало ситуацијата.

„Неможноста да се напие вода беше значаен предизвик. Но, и тоа на некој начин се покажа корисно, бидејќи немав потреба од паузи“, објаснил тој.

Освен што своето име го внесе во Гинисовата книга, Абубакар сакал да ја подигне свеста за важноста на дрвјата и заштитата на животната средина.

Тој се заинтересирал за екологијата додека растел во земјоделската заедница Тепа во Гана.

Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска беше помеѓу граѓаните на општина Арачиново.

Пред присутните, Пендаровски порача дека во досегашниот мандат покажал дека е претседател кој не ги дели граѓаните по ниту една основа и дека така ќе продолжи и во следниот мандат.

„Никогаш не сум бил и не се кандидирам за претседател само на Македонците. Ќе бидам претседател на сите, како што бев глас на секој без оглед на етничка и каква било припадност. Промовирањето и претставувањето на сите граѓани на Македонија ќе биде приоритет и во наредните пет години. “ порача Пендаровски.

Пендаровски посочи дека очекува голема поддршка на осми мај за државата да продолжи напред, како демократска, мултиетничка, прогресивна држава на рамноправни граѓани.

„Само бројот еден е гаранција дека Македонија ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ, се друго е продавање на политичка магла и обиди за враќање во времињата на тензии, поделби и неизвесност. Македонија нема друга опција освен продолжување на преговорите за членство во ЕУ додека да станеме дел од големото европско семејство. На 8 мај сите заедно да гласаме за европска Македонија, тоа се гарантира само со заокружување на бројот 1“ посочи Пендаровски, сопштуваат од неговиот тим.

Четворица загинаа во судар во полициска потера по ограбувач на банка кај Торонто (ВИДЕО)

Во судар кај Торонто во текот на полициска потера по осомничен ограбувач на банка кој бегал со автомобил во погрешна насока на автопатот 401, загинале четири лица, меѓу кои и едно дете, изјави денеска портпаролката на полицијата во Онтарио.

Судирот се случил во близина на излезот на автопатот 412 во Витби, на околу 50 километри источно од Торонто.

На видеото споделено на платформата „Икс“ се гледа како возило со голема брзина се движи во погрешна насока на автопат и потоа удира.

Полиција во Онтарио го затвори автопатот во двата правци во текот на ноќта, но од изутрината сообраќајот се одвива непречено.

притисни ентер