Четворица загинаа во судар во полициска потера по ограбувач на банка кај Торонто (ВИДЕО)

Во судар кај Торонто во текот на полициска потера по осомничен ограбувач на банка кој бегал со автомобил во погрешна насока на автопатот 401, загинале четири лица, меѓу кои и едно дете, изјави денеска портпаролката на полицијата во Онтарио.

Судирот се случил во близина на излезот на автопатот 412 во Витби, на околу 50 километри источно од Торонто.

На видеото споделено на платформата „Икс“ се гледа како возило со голема брзина се движи во погрешна насока на автопат и потоа удира.

Полиција во Онтарио го затвори автопатот во двата правци во текот на ноќта, но од изутрината сообраќајот се одвива непречено.

Ја спуштил камерата во дупка длабока 340 метри среде пустина- на дното го дочекало чудо (ВИДЕО)

Јутјуберот Др. Тај е познат по своите необични авантури, а пред неколку години објави видео кое сè уште привлекува внимание.

Пронашол необична дупка среде пустина во американската сојузна држава Јута, која решил да ја истражи со помош на GoPro камера.

Дупката се наоѓа во близина на воената база „Дагвеј“, а Јутјуберот ја нарекува „најдлабока на светот“. Веднаш да истакнеме дека оваа титула му припаѓа на ултрадлабокиот бунар Коља во Русија (12.262 метри).

Според достапните податоци, дупката во пустината Јута е нешто повеќе од 340 метри длабока, иако останува нејасно зошто е направена и кога.

Очигледно не може да се спореди со бушотината Коља, но вреди да се спомене дека по висина е идентична со облакодерот Крајслер во Њујорк, пренесува LadBible.

На почетокот на видеото од 2013 година го гледаме јутјуберот како се приближува кон отворот, како и „опремата“ што ја користел.

„Имам GoPro камера, LED фенерче, стиропор ако налетаме на вода, рибарски конец и дупчалка“, објасни тој.

Му требале две минути да стигне до дното, а снимката е главно црна цело време, со слаби појави на светлина и видливи ѕидови на дупката.

За жал, ништо друго не е откриено, па јутјуберот решил да вметне неколку камчиња во отворот. Тогаш сфатил дека не слетале покрај камерата, „туку некаде во далечина“.

„Немам објаснување каде исчезнале камењата. Ми се чини дека слушнав некои чудни, слаби звуци таму долу“, рече тој.

Снимката е малку морничава и може да ги вознемири луѓето кои страдаат од клаустрофобија. Одговорот на прашањето каде завршиле камчињата е непознат и понатаму ги интригира луѓето.

Регионот околу Неапол бил погоден со над 150 земјотреси за неколку часа (ВИДЕО)

Домовите се евакуирани, а многу училишта затворени по бранот земјотреси што ја погодија областа околу Неапол во јужна Италија.

Повеќе од 150 земјотреси биле регистрирани во текот на минатата ноќ.

Најсилниот, со јачина од 4,4 степени, се случил околу 20.00 часот по локално време во близина на градот Позуоли. Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија (INGV) објави дека тоа е најсилниот земјотрес во регионот во последните 40 години.

Гаетано Манфреди, градоначалникот на Неапол, призна дека жителите можеби се исплашени, но рече дека властите „обрнуваат внимание“.

Во Поцуоли се подигнати стотици шатори, а некои жители останаа на улиците поголем дел од ноќта, додека други избраа да останат на друго место кај роднините.

Локалните медиуми објавија дека неколку семејства размислуваат целосно да ја напуштат областа поради бројот на земјотреси од ниско ниво што се случија во изминатите неколку месеци.

Еден медиум цитира жител на Неапол кој рекол дека никогаш не почувствувале толку силен земјотрес.

„Овој пат беше грубо, се чинеше дека никогаш нема да заврши“, изјавил еден човек за весникот „Ил Матино“.

Иако не се пријавени значителни структурни оштетувања, некои училишта во Неапол останале денеска затворени поради инспекции, а женскиот затвор во Поцуоли е евакуиран како мерка на претпазливост.

Манфреди предупреди дека може да има посериозни потреси во иднина и рече дека службениците мораат „да се справат со оваа вонредна ситуација со која можеби ќе треба да живеат со месеци“.

Поцуоли се наоѓа во близина на Кампи Флегреи (Flegrean Fields), голема вулканска калдера - еден вид на бездна - оставена по ерупцијата за која се смета дека се случила пред десетици илјади години.

Италијанската влада неодамна го ажурираше својот план за масовна евакуација на таканаречената „црвена зона“, која би била најизложена на последиците од тамошната ерупција.

Според планот, 500.000 жители ќе бидат евакуирани со автобус, брод и воз во рок од 72 часа.

Сепак, еден жител на Поцуоли изјави за италијанските медиуми дека луѓето не биле информирани за планот за евакуација, што доведе до некои „панични реакции“ синоќа за време на земјотресот.

„Луѓето го изгубија умот. Почнаа да трчаат на улица и, најопасно, влегоа во нивните автомобили, обидувајќи се да избегаат“, изјавил за Il Mesaggioro човек по име Џовани.

„Божја правда“ – Иранците во егзил масовно ја слават смртта на претседателот Раиси (ВИДЕО)

Иранците кои живеат во егзил продолжија да ја слават смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси на денот на неговиот погреб.

Меѓу нив, како што пренесува „Дејли мејл“, се и ќерките на жената која беше егзекутирана со 167 куршуми.

Раиси (63) загина во неделата кога се урна хеликоптерот што го носеше со министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан и уште седум други лица. Тој ќе биде погребан денеска. Врховниот верски водач Али Хамнеи прогласи петдневна национална жалост, но иранските граѓани кои живеат во странство на социјалните мрежи се пофалија дека го слават и посакуваат „Среќен ден на хеликоптерот“, алудирајќи на несреќата и смртта на претседателот.

Меѓу нив се и ќерките на Иранката Мина Маџиди (62), која беше погубена со 167 куршуми кога безбедносните служби отворија оган врз учесниците на протестот поради смртта на Махса Амини, курдската девојка која почина три дена откако беше претепана од „полицијата на моралот“ затоа што во метро не ја носела задолжителната прекривка за глава.

„Ако не излезам да протестирам, кои ќе бидат последните зборови на една храбра Иранка?

Нејзината ќерка Махса Пиреи на социјалните мрежи објави видео од нејзиното наздравување.

„Денес нашата тага се претвори во среќа, иако тоа не е доволно, тоа е добар почеток“, изјави Махса Пираери.

Втората ќерка Роја Пиреи недалеку од гробот на нејзината мајка се фотографирала со кратка коса, што е знак на жалост и пркос, бидејќи за време на масовните протести во 2022 година, Иранките ширум светот масовно ја потстрижувале косата во знак на поддршка на претепаната курдска девојка.

"Знаев дека нема да можам да зборувам. Ова е сѐ што можам да направам за да покажам колку е суров овој систем", изјави Роја.

Уште две Иранки, Мерседех Шахинкар и Сима Морадбеиги имаа причина за славење. Мерседех беше заслепена од припадниците на безбедносните сили за време на протестот во 2022 година, додека Сима ја загуби работата за време на полициска интервенција.

На TikTok е објавено и видео снимено пред амбасадата на Исламската Република Иран во Копенхаген, на кое се гледаат насобраните Иранци како танцуваат, пијат пиво и веат стари ирански знамиња со лав во центарот.

„Иранците во Копенхаген, Данска, ја слават смртта на Ебрахим Раиси пред амбасадата на тиранскиот режим. Денот на хеликоптерот ќе стане Недела на хеликоптери“, се вели во видеото.

Слично е и пред иранската амбасада во Лондон. Музика свири, луѓето танцуваат на улица и веат стари ирански, британски и израелски знамиња.

Аријана Банди, готвачка која живее во САД, објави видео со наслов Карма, додека иранско-канадската актерка Шива Негар рече: „Збогум касапу од Техеран, нема да ни недостасуваш“.

Сепак, не секој имал причина да биде среќен:

„Раиси е мртов. Тој никогаш нема да одговара за законот што е во сила речиси четири децении и кршењето на човековите права, вклучително и егзекуцијата на илјадници политички затвореници во текот на 80-тите години, кои беа закопани во необележани гробови. Таму нема да има минута молчење за Раиси“, се вели во соопштението на Колективот на иранската дијаспора.

притисни ентер