Кристина има 25 години и 22 деца- планира троцифрен број деца (ФОТО)

Кристина Октрук наскоро ќе наполни 26 години, но таа веќе се реализира како мајка преку сурогат мајчинство.

Нејзиниот дом е исполнет со детски смеа и извици и таа постигнува сѐ иако во куќата има дури 22 деца.

Блогерката од Русија се омажила за милионерот и бизнисмен Галип (57) со кого добила едно дете, а другите деца ги добила со помош на сурогат мајка. Успева да се грижи за сите деца, да се гушка со нив и да ги прошета. Се разбира, таа не е сама во оваа работа.

Кристина често оди на прошетки со своите асистенти, кои се добра помош и одлично друштво.

Нејзината најстара ќерка, осумгодишната Викторија веќе ѝ помага на мајка си во обврските. Тригодишните деца, кои моментално ги воспитува нивната мајка откако Галип бил уапсен во мај како дел од руската истрага за измама, се: Мустафа, Маријам, Ајрин, Алис, Хасан, Џуди, Харпер, Тереза, Хусеин, Ана , Изабела, Исмаил, Мехмет и Ахмет.

Овој семеен дом има и многу двегодишни деца, по име Али, Кристина, Алена, Сара, Локман и Алпарслан, а покрај најновиот член на семејството, тука е и најмладата ќерка Оливија.

Сепак, и покрај тоа што е критикувана за „купување деца“, Кристина не планира да престане. Таа во претходните интервјуа откри дека сака да достигне троцифрена бројка.

Бизнис магнатот бил затворен во 2023 година под обвинение за „перење“ пари, како и за фалсификување документи. Опседната со бебиња, Кристина има армија од 16 дадилки кои живеат во куќата и ѝ подаваат рака на помош на 25-годишната девојка, додека нејзиниот сопруг е осуден на осум години затвор, пишува „TheSun“.

Двајцата првпат се сретнале во клуб во Москва, Русија, и оттогаш го започнале своето поглавје во раскошна трикатна палата во Батуми, Грузија. Уште во февруари минатата година, Кристина - која платила 142.000 фунти на сурогат мајки - објавила и книга во која зборува за нејзините искуства како мајка на толку големо семејство.

Клисаровска: Дневната болница не е затворена

Точно е дека пациенти на Онкологија чекаат со часови бидејќи немаме доволно персонал, вели Клисаровска.

Дневната болница на Клиниката за онкологија не е затворена, информацијата е погрешна. Баш напротив, не само што не е затворена, туку работи со полна пареа. Само да, пациентите чекаат со часови. Терапиите се повеќечасовни во најголем дел од случаите, траат по пет и шест часа. Работиме со натчовечки напори, изјави денеска за МИА, в.д. медицинскиот директор на Клиниката, Виолета Клисаровска.

-Ако зборуваме за дневна болница, во делот на медицинските сестри кои таму работат, најмалку треба да ги дуплираат по број. Одлив на кадар имаме постојано и сѐ повеќе од сестрите најавуваат дека ќе си одат, бидејќи ова станува неиздржливо. На цела работа, уште работат и под притисоци и под закани. Во слободни денови ги викаме од дома, појасни таа.

Клисаровска рече дека дисперзијата под итно треба да се случи. Таа кажа оти ги разбираат пациентите кои имаат мака, сакаат да дојдат и да бидат веднаш услужени, но, додаде дека здравствените работници не се во можност тоа да им го пружат, па мора да се чека.

Од Клиниката за онкологија за МИА кажаа и дека во дневната болница работат и бремени сестри, опслужува и сестра која е нивен пациент со малигна болест. За жал, како што велат, има нервозни пациенти, кои се туркаат и ги вреѓаат здравствените работници на клиниката. /МИА

Неколку земји-членки на ЕУ бараат Украина во јуни да ги почне преговорите за членство

Неколку земји-членки денеска побараа од ЕУ да ги почне преговорите за членство на Украина и на Молдавија во јуни, но Унгарија се закани дека ќе биде против.

ЕУ во декември се согласи да отвори преговори со Украина и со Молдавија, но за да почнат преговорите земјите-членки треба да потпишат формална рамка за процесот, предложена во март од Брисел.

На состанокот во Брисел, францускиот министер за прашања на ЕУ, Жан-Ноел Баро повика на „ефикасно отворање на преговорите“ пред да заврши ротирачкото претседателство на Белгија на крајот на јуни.

Додека портпаролот на унгарската Влада, Золтан Ковач истакна дека „не може да има исклучок врз основа на политички или идеолошки размислувања“.

- Има многу мал, ако воопшто има, напредок. Повторно, можам да ви повторам дека членството, одобрувањето треба да биде процес заснован на заслуги. Без исклучоци, посочи Ковач.

Друга можна пречка може да дојде од формирањето на нова десничарска влада во Холандија, што се спротивставува на какво било ново проширување на ЕУ.

Украина поднесе барање за членство во ЕУ по рускиот напад во февруари 2022 година. /МИА

притисни ентер