Заев на самитот на ПЕС: ЕУ е најголемиот партнер на Македонија и Западен Балкан

Благодарност за поддршката во време на оваа глобална криза.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денес преку видеоконференција учествуваше на самитот на ПЕС (Партија на европски социјалисти), самит кој е еден вид претходница на самитот на Европската Унија и Западен Балкан во Загреб, кој исто така се одржува речиси во исто време.

Претседателот Заев во своето обраќање пред лидерите на ПЕС истакна дека овој самит се организира во услови на планетарна криза која уште повеќе ја истакна потребата од солидарност и практична демонстрација на социјалдемократските вредности.

Благодарни сме за помошта која ЕУ и ја овозможува на нашата земја и на земјите од Западен Балкан. Финансиските пакети но пред се и отворањето на сите ЕУ механизми инструменти претставуваат начин на кој ЕУ ја покажува солидарноста не само со своите земји членки туку и со оние кои претендираат да бидат рамноправен дел од европското семејство.

Во таа насока најавениот економски и инвестициски план за Западен Балкан од страна на Европската Комисија, ќе биде од огромна важност за поддршка на приватниот сектор, енергетската поврзаност, дигитализација, зелена агенда и транспорт.

Од европска страна за време на видео самитот беа искажани многу директни и силни пораки за поддршка и стимулација на сите процеси кои се поврзани со приклучувањето на Западен Балкан во ЕУ но и во самата борба со Коронавирусот. Според високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и потпреседател на ЕК Жосеп Борел - Европска Унија е најголемиот и најдоверливиот партнер на Западен Балкан.

Според Ираче Гарсија која е претседател на ПЕС во Европскиот парламент европското семејство нема никогаш да биде комплетно без Западен Балкан. Оваа криза е одлична можност да ги ставиме сите механизми на ЕУ на располагање и цврсто да се држиме до социјалдемократските вредности и да ги напуштиме популистичките политики.

За време на видеоконференцискиот самит лидерите на сите социјалдемократски и социјалистички партии се договорија и за заедничка декларација, кога интегрално ви ја доставуваме.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Големи антивладини протести во Братислава, Словаците против планот на Фицо (ВИДЕО)

Во словачкиот главен град Братислава се собраа неколку десетици илјади граѓани да протестираат против намерата на владата на премиерот Роберт Фицо да го реформира јавниот радиодифузен сервис РТВС.

Како што пренесува „Еуроњуз“, опозицијата стравува дека властите ќе го напуштат прозападниот курс и ќе тргнат по стапките на автократот Виктор Орбан, премиер на соседна Унгарија.

Демонстрантите во Братислава веруваат дека целта на владата е да преземе целосна контрола врз јавниот медиумски сервис (телевизија и радио). Коалициската влада на популистот Роберт Фицо одлуката за реформа на јавниот медиумски сервис ја донесе на 24 април, а одлуката на парламентот каде владата го има потребното мнозинство, се очекува во јуни.

Овој план беше жестоко критикуван од словачката претседателка Зузана Чапутова, како и од новинарите, опозицијата, меѓународните медиумски организации и Европската комисија. Планот предвидува РТВС да биде заменет со нова медиумска организација.

„Демократијата во Словачка мора да има силен и независен јавен радиодифузер, РТВС, а на вработените во овој дом им треба вашата поддршка“, рече Михаел Шимечка, лидер на опозициската партија Прогресивна Словачка, на митингот што се одржа на Плоштадот на слободата во Братислава.

Планот за реформа на јавниот сервис го претстави Мартина Шимиковичова, министерка за култура која ја претставува Националната партија, ултра-националистичка членка на владејачката коалиција. Таа е позната по тоа што работи за интернет ТВ станица која шири дезинформации.

Таа тврди дека јавниот сервис им дава простор само на „мејнстрим вестите“ и ги цензурира останатите. Според планот, новиот радиодифузер Словачка телевизија и радио (СТВР) ќе има директор кој би избирал совет од девет члена назначени од парламентот во Министерството за култура.

Смер, партијата на Роберт Фицо, освои најмногу гласови на изборите во септември минатата година меѓу проруските и антиамериканските ставови.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Полицијата денеска упадна во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растера пропалестинските активисти кои протестираа против израелската офанзива во Газа.

Претходно денеска група од околу 70 студенти ја окупираа зградата на Институтот за политички науки во центарот на Париз, по неуспешните преговори меѓу студентите и администрацијата за врските на Универзитетот со Израел, јави France24.

Од кабинетот на францускиот премиер по тој повод соопштија дека одговорот на владата е силен и ќе биде во целост таков.

„Наредивме систематска реакција и интервенција на органите на прогонот за слободен пристап до универзитетите штом ќе се воспостават блокади или собири“, изјавија од кабинетот на премиерот за ТВ БФМ.

Француските медиуми објавија дека на вработените во Универзитетот денеска им било кажано да работат од дома, бидејќи универзитетските згради биле затворени.

Директорот на Институтот за политички науки вчера ги отфрли барањата на студентите за преиспитување на врските на Универзитетот со Тел Авив.

Студентите на неколку француски универзитети ги блокираа или окупираа нивните факултети по митинзите организирани на кампусите низ САД против конфликтот во Газа.

Околу 100.000 имигранти во САД ќе можат да добијат здравствено осигурување до 2025 година

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега.

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега, врз основа на директивата објавена денеска од администрацијата на претседателот Џо Бајден.

Финализацијата на одлуката траеше подолго отколку што се очекуваше и не го вклучува предлогот на Бајден да им се дозволи на тие имигранти да аплицираат за Медикејд (Medicaid), програма за здравствено осигурување која обезбедува речиси бесплатно покритие за најсиромашните луѓе во нацијата.

Од друга страна, одлуката ќе им овозможи на илјадници мигранти да пристапат до даночни олеснувања откако уписот според Законот ќе започне на 1 ноември, само неколку дена пред претседателските избори, пренесува американските медиуми, според кои, овој потег може да му донесе на Бајден клучни гласови од Латинска Америка, но се очекува да биде критикуван од републиканците.

притисни ентер