Заблескајте без да одите во салон за разубавување (видео)

 Пет трикови што ги користат манекенките за да изгледаат беспрекорно

Тоа што ви е потребно, веќе го имате.

За убавина и добар изглед, речиси секоја жена е спремна да плати скапи производи што ѝ гарантираат негувано и убаво лице. Иако ефикасноста на многу од овие производи не е доведена во прашање, сепак некои тајни се кријат во она што веќе го имаме во несесерот или во нашиот дом и не се користи само за нега, туку и во исхраната.

Британската инфлуенсерка и манекенка Меригрејс Тропеано, која ја следат 1,2 милиони луѓе на мрежата Тикток, реши на дамите да им ги открие тајните за нејзината убавина и триковите кои ги научила додека работела како модел, а кои можат многу да помогнат во негата и подготовката на лицето за шминкање, без да одите кај професионалец.

1. Мраз за лице

Како што наведува инфлуенсерката во својата објава, препорачливо е пред шминкањето, лицето да го поминете со коцка мраз. На овој начин ќе ја намалите подуеноста и ќе го решите проблемот со порите. Таа поминува со коцка мраз по целото лице, вклучувајќи ги и усните.

2. Користење на коректор

Повеќето дами знаат дека коректорот ги покрива сите несовршености на лицето, а често го користиме за подочниците и пределот околу очите. Во тој случај, најдобро е да го оставите да делува две до три минути пред да преминете на следниот чекор во шминкањето. Така, коректорот ќе се изедначи со природната боја на кожата, па ќе изгледате поприродно, а ќе успеете да ги покриете сите несовршености.

3. Пудра

Пред да ја нанесете пудрата на лице, прво со марамче земете од пудрата и нанесете на раката, откако ќе ја намачкате на лицето, фиксирајте ја пудрата со марамчето (видео). Ова ќе спречи пудрата да навлезе во ситните брчки и шминката ќе ви трае цел ден.

@marygracetropeano We brought it back 🤪 - Beauty hacks I learnt after becoming a model 📸✨ #hacks #model #lifehacks #model #modellife #modeltiktok #modeltok #modelcreator #fyp ♬ Fireball Challenge - 🕺🏼Hoodie fam🌏

4. Пилинг за усни

Пред да нанесете кармин, направете мешавина од малку мед и шеќер, која поволно ќе делува на вашите усни како пилинг. Направете пилинг на усните и почекајте 3-5 минути. Усните ќе бидат мазни и подготвени за нанесување кармин.

5. Магичниот вазелин

Вазелинот е познат по тоа што ја измазнува кожата и ја храни, а оваа манекенка наведува дека го нанесува на усните и рацете. Манекенката советува кремите на база на вазелин да ги вклучите во секојдневната нега.

Извор: srecna.republika.rs

Црна Гора е трета во светот според оружје што го поседуваат граѓаните

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во Црна Гора легално се вооружени околу 68.000 граѓани, кои поседуваат повеќе од 100.000 парчиња оружје.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во Црна Гора легално се вооружени околу 68.000 граѓани, кои поседуваат повеќе од 100.000 парчиња оружје, објави потпретседателот на Самостојниот полициски синдикат на Црна Гора, Ѓорѓије Вукиќевиќ.

„Од друга страна, проценките се дека граѓаните поседуваат најмалку 40.000, па дури и повеќе од 100.000 оружје во недозволено поседување. За толкаво вооружување на граѓаните потребна е сериозна анализа и реакција на надлежните институции“, рече Вукиќевиќ.

Според него, оружјето што е кај граѓаните со дозвола не е опасност за никого во државата, туку опасност е оружјето што се наоѓа во недозволено поседување.

Тој го најави и фактот дека Црна Гора е на трето место во светот по бројот на оружје што го поседуваат граѓаните, што треба да го загрижи целото општество, особено надлежните институции, бидејќи се поставува прашањето колку оружје има нелегално, објавија Независне новине.

Во 2015 година Црна Гора го донесе Законот за оружје, потсетува Вукиќевиќ, кој е усогласен со законодавството на ЕУ, а од таа година трае акцијата „Почитувај го животот, врати го оружјето“.

И покрај секојдневното одземање на нелегалното оружје во алармантни количини, оние кои се од другата страна на законот, според Вукиќевиќ, на овој или оној начин ќе добијат оружје, па, посочува, потребно е да се заострат казните.

„Казните се екстремно ниски и се движат од три месеци до осум години затвор, кои се изрекуваат за екстремни злосторства и се ретки во Црна Гора. Но, имавме и ситуација кога за тоа кривично дело беа изречени казни кои беа под минимумот и само со забелешка“, објаснува тој.

Премиерот Милојко Спајиќ најави заострување на критериумите за набавка на оружје, како и казните за недозволено поседување и носење оружје.

„Ќе ги разгледаме сите модули, дури и целосна забрана за употреба на оружје, и тоа доаѓа во предвид, ова е трагедија каде што треба да се запрашаме кој може да има оружје, а ние разбираме спорт и лов, но критериумите мора да се заострат. - изјави Спајиќ.

Воздушна тревога низ Украина, серија експлозии во Киев – има настрадани

Во Киев е прогласена воздушна тревога и се слушнале серија експлозии, јавија украинските медиуми, додавајќи дека едно лице загинало во напад со дрон.

Противвоздушните сили на Украина оперираат за пресретнување на проектили и беспилотни летала.

Воздушната тревога во овој и во другите региони се уште е во тек, објави украинскиот јавен сервис ТСН.

Како резултат на нападот во Киевската област, едно лице загинало, а четворица се повредени, соопшти в.д на шефот на Киевската ОВА, Никола Калашник.

Според него, загинал возач на камион.

Во друга област, урнатините од соборениот дрон паднале врз приватна куќа, при што бил запален покривот.Во друга населба во болница е пренесена жена поради повреди.

Препродавале луксузни, украдени автомобили- меѓу десетте и двајца вработени во МВР и еден Грк

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката за обезбедување докази и поднесе обвинение против вкупно десет лица осомничени дека учествувале во дејствија на криумчарење на луксузни автомобили.

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката за обезбедување докази и поднесе обвинение против вкупно десет лица осомничени дека учествувале во дејствија на криумчарење на луксузни автомобили, како и фалсификување службени и други исправи.

Во текот на 2021 и 2022 година, тие со лажни документи и преправени броеви на шасија, внесувале во земјава автомобили кои биле предмет на меѓународна потрага, како и автомобили за кои на друг начин ја избегнувале царинската контрола.

Двајца од обвинетите се службени лица – референти од Одделението за управни работи во МВР, кои ја овозможувале постапката за регистрација на возилата во државава, иако знаеле дека се криумчарени.

Еден дел од возилата по неколкупати меѓусебно си ги препродавале за да го прикријат криумчарењето, по што ги отуѓувале на крајни корисници.

Во овие активности бил вклучен и 11-тиот осомничен, државјанин на Република Грција, за кого кривичниот прогон ќе биде отстапен грчките органи.

Заедно со поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за четворица од обвинетите.

По едно лице се трага со веќе распишана меѓународна потерница поради неговата инволвираност во друг сличен предмет со криумчарење луксузни возила кој го водеше Основното јавно обвинителство Скопје.

За еден обвинет на сила се мерки на претпазливост, соопшти Обвинителството.

притисни ентер