Потребни состојки : 500 гр.брашно, 1 квасец, 1 лажица сол, малку масло, малку прав шеќер, 1 пакетче ванила и вода по потреба.
Постапка:
Во подлабок сад со брашно се става стасаниот квасец, малку масло и 1 лажица сол.
Се замесува тесто со повремено додавање вода.
Откако добро ќе се измеси, тестото се удира 10 пати од маса и се остава да отстои 15 – тина минути.
Потоа се расукува подебела кора и се сече на 16 парчиња.
Секое парче се засекува на неколку места до половина со нож и се засукува.
Потоа се пржат во тава со загреано масло.
На крај се посипуваат со прав шеќер и ванила.