Вози без предно тркало низ Белград (видео)

На интернет е објавена видео снимка на која се гледа неверојатна сцена – автомобил кој се движи по автопат низ Белград без десното предно тркало.

Возачот на оштетената Опел Омега вози неколку километри на три тркала, предупредувајќи ги останатите учесници во сообраќајот, додека со предниот десен дел од автомобилот го “собира“ асфалтот.

Апелацискиот суд во Њујорк го одби барањето на Трамп за укинување на забраната за јавен говор

Апелациониот суд во Њујорк денеска го отфрли барањето на Доналд Трамп за укинување на забраната за јавно говорење во процесот за поткуп во второстепениот суд против поранешниот американски претседател.

Највисокиот суд го отфрли барањето повторно да се разгледа забраната за јавно говорење, наметната на поранешниот претседател од страна на судијата што ја води кривичната постапка против Трамп за поткуп, пренесува Еј-Би-Си Њуз.

Судијата Хуан Мерчан му забрани на Трамп јавно да зборува за сведоци, поротници и други кои се поврзани со неговата кривична постапка, која заврши со пресуда минатиот месец.

Мицкоски: Во првите работни денови од владата ќе има огромна странска инвестиција

Во првите работни денови од владата ќе има огромна странска инвестиција во енергетиката од 450 милиони евра.

-Уште на почетокот ќе бидете сведоци, ќе имаме една огромна странска инвестиција во делот на енергетиката. Таа би требало да се случи уште во првите два три работни дена на новата влада, со што Македонија ќе биде енергетски независна. Зборувам во нето, ќе име периоди од годината кога ќе се увезува, периоди кога ќе извезува, но генерално тоа што го произведува тоа и ќе го троши. Зборувам како бројка, ако 7 терават саати произведува 7 терават саати ќе ги троши. Можеби во одредени периоди во зима ќе увезува, а во одредени периоди во лето ќе извезува, но генерално ќе бидеме избалансирани, што за прв пат ќе ни се случи после раните деведесетите години од минатиот век, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер Република Македонија во своето гостување во централниот дневник на телевизија Сител и додаде:

-Тоа е огромна инвестиција во обновливата енергија, 400- 450 милиони евра нешто што се нема случено во регионот и тоа претставува мој личен приоритет, час поскоро таа инвестиција да се заврши. Тоа само ќе покаже кои се вистинските намери на оваа влада и јас тука немам никаква дилема дека во тој дух ќе продолжиме.

Мицкоски во текот на своето гостување најави дека следуваат две нови странски инвестиции, проширување на две постојни инвестиции.

-Потоа следат две нови странски инвестиции, проширување на две постојни инвестиции во првите сто дена кои што ќе го прошират својот производствен капацитет и конечно милијардата која што веќе ја најавував, тоа е влада со влада кредит кој што ќе значи голема ликвидност за буџетот и пари кои што ќе бидат наменети за капитални инвестиции, кажа Мицкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Либан не сака ескалација на конфликтот со Израел, тврди либанскиот премиер Микати

 „Продолжуваме да настојуваме да ја спречиме ескалацијата, да ја вратиме безбедноста и стабилноста и да ставиме крај на тековните прекршувања на либанскиот суверенитет извршени од Израел“, рече Микати.

Либанскиот премиер Наџиб Микати денеска по разговорите со американскиот специјален пратеник Амос Хохштајн во Бејрут, изјави дека Либан не сака ескалација на конфликтот со Израел, наведувајќи дека е неопходно да се запре тековната израелска агресија врз Либан и да се обноват мирот и стабилноста на јужната либанска граница, објави либанската државна новинска агенција.

„Продолжуваме да настојуваме да ја спречиме ескалацијата, да ја вратиме безбедноста и стабилноста и да ставиме крај на тековните прекршувања на либанскиот суверенитет извршени од Израел“, рече Микати.

Микати истакна дека континуираните израелски закани за Либан нема да го спречат Бејрут да продолжи да се ангажира во воспоставувањето мир како приоритет.

САД се обидуваат да спречат големи конфликти меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах, кои ескалираа во последните неколку недели, изјави денеска Хохштајн за време на посетата на Либан.

Хохштајн, кој е специјален пратеник на американскиот претседател Џозеф Бајден, рече дека го посетил Израел, а потоа и Либан поради сериозната ситуација на либанско-израелската граница.

притисни ентер