Вучиќ тврди дека нема да има преодна влада во Србија

Вучиќ тврди дека нема да има преодна влада во Србија; СПЦ со загриженост следи атмосфера на конфронтација во општеството.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека нема да има преодна влада, за која опозицијата бара „да дојде на власт без избори“.

„Многупати сме ги победиле. Повторно ќе ги победиме и ќе ги победиме поубедливо од било кога и ќе ги победиме затоа што работиме за народот и затоа што го имаме народот...Велат потпишете преодна влада, мислат да дојдат на власт без избори. Нема ништо од тоа“, рече Вучиќ.

„Србија незапирливо се движи кон иднината и никој нема да не спречи на тој пат“.

Поглаварот на Српската православна црква, патријархот Порфирије, изјави денеска дека СПЦ со длабока загриженост ја следи растечката атмосфера на конфронтација во општеството и дека се поголемите поделби го загрозуваат единството на народот.

„На наше големо жалење, ние како народ долго време сме погодени од разни немири, особено во последните денови кога се соочуваме со немири што се последица на големата трагедија во Нови Сад... И како луѓе, се подразбира дека очекуваме сите одговорни за несреќата да одговараат адекватно пред законот“, рече патријархот Порфириј.

„Истовремено, нашата Црква, сите ние, со длабока загриженост следиме се што се случува во нашиот народ, во нашето општество, ја следиме се поголемата атмосфера на конфронтација и антагонизам со секојдневните инциденти од кои, се плашиме, не дај Боже, се прошири толку многу што може да има навистина голем број жртви“.

Фото: Најубавата телевизиска актерка во танга!!

Една од нјаубавите телевизиски актерки на светот, атрактивната Софија Вергара го запали интернетот со провокативни топлес фотографии од нејзиниот одмор на Карибите.

Колумбиската актерка Софија Вергара неодамна отидена краток одмор од Лос Анџелес на Карибите, каде ја посети својата куќа, која ја нарекува „Casa Chippy Chippy“.

На радост на фановите на социјалните мрежи сексапилната Софија сподели неколку фотографии од својот одмор, меѓу кои и една на која позира во танга и топлес на плажа.

Нетанјаху се заканува дека ќе дејствува насилно и решително против бунтовниците во Јемен

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска им се закани на јеменските бунтовници хути дека ќе дејствува со „сила и решителност“, еден ден по нападот на тие бунтовници врз Тел Авив во кој повредија 16 лица.

„На ист начин како што постапивме со сила против вооружените крила на иранската оска на злото, ќе дејствуваме и против хутите... со сила, решително и софистицирано“, рече Нетанјаху.

Израелскиот премиер додаде дека дури и ако е потребно време, „резултатот ќе биде ист како кај другите терористички групи“.

Јеменските бунтовници ја презедоа одговорноста за истрелување балистичка ракета ноќта меѓу петокот и саботата, која израелските сили не успеаја да ја пресретнат.

19 жени кои го победиле ракот, вечерва ги облекоа фустаните на Елена Лука

19 жени кои го победиле ракот, вечерва ги облекоа фустаните на Елена Лука на специјална модна ревија.

Под мотото „Во чест на храброста, духот и вистинската убавина на жената која го победи ракот“ во Младинскиот културен центар се одржа „Ексклузивна модна ревија", на Елена Лука на која модели беа инспиративни жени кои ја добиле битката со карциномот.

Модната ревија која се реализира во соработка со здружението ХЕМА-ОНКО и Словачката амбасада во Скопје е вистинска прослава на животот, храброста и убавината на жените кои се соочиле со еден од најтешките животни предизвици.

Елена Лука е ко-организатор на оваа модна ревија на која моделите не се само презентери на свечени тоалети, туку хероини кои покажуваат дека и во најтешките моменти може да се пронајде сила. На оваа уникатна ревија беа прикажани повеќе свечени тоалети од елена лука, секоја креирана со посебна љубов и посветеност.

притисни ентер