Вонреден инспекциски надзор од ДСЗИ во психијатриска болница „Скопје“

Вонреден инспекциски надзор од Државен санитарен и здравствен инспекторат бил извршен во психијатриска болница „Скопје“, потврди за МИА в.д. директорот Мухсин Арифи, кој најави повеќе детали нешто подоцна во текот на денот.

- Kако новоназначен директор на психијатриската болница „Скопје“, чувствувам должност да се обратам на пошироката јавност за последните случувања поврзани со агресивните пациенти кои се тепаат меѓусебе. Истите се сместени на судско одделение каде се третираат пациенти со изречена мерка од надлежен суд. Се однесува на лица кои сториле кривични дела како убиство, обид за убиство и друго. Со сета должна почит кон моите претходници, би сакал да потенцирам дека затекнав состојба во која болницата функционира во отежнати кадровски, технички и безбедносни услови, се наведува во неговото соопштение до јавноста, а поврзано со видеата објавени на Фејсбук, каде се гледа како лица се тепаат.

Тој додава дека од негова страна по настанатиот случај се преземени сите безбедносни мерки за заштита на пациентите и известени се надлежните институции што во моментот се грижат за безбедноста.

- Очекувам во најкраток рок институционално решавање на случајот, а во меѓувреме започнав со воведување мерки и механизми за превенција на вакви идни немили настани. Крајната цел е да се постигне трајно решение за подигнување и одржување на безбедноста во болницата и подобрување на условите за нејзино нормално функционирање, потенцира Арифи во обраќањето до јавноста.

Силни експлозии одекнуваат во околината на Софија, има повредени (ВИДЕО)

Во градот Елин Пелин кај Софија дошло до голема експлозија во магацин за огномет, а според првите информации има и повредени.

Гори магацин за огномет во градот Елин Пелин. Експлозијата се случила околу 18:30 часот пред магацинот „Интер Карса“.

Очевидци тврдат дека над градот се надвиснал густ чад, а претпоставуваат дека се работи за инцидент во магацинот, јавуваат локалните медиуми.

Според нив, тоа може да биде и вагон, бидејќи низ тој дел од градот минува железничка линија.

Како што јавува bTV, има повредени, јавува Б92.

За момент избегната трагедија- свлечиште однесе дел од пат и автомобил со патници (ВИДЕО)

Не е познато премногу за следната снимка, освен дека е снимена во Кина.

Се тврди дека патниците навреме го напуштиле автомобилот, пред тој да заврши во подножјето на планината обрасната со зеленило.

Можеме само да нагаѓаме каква драма доживеале луѓето кога сфатиле дека почнал одронот и им го „подигнал“ автомобилот.

Малку подалеку, на безбедно место, стоел авторот на видеото и други лица, но не знаеме дали се патници или минувачи.

Сè на сè, тие можат да бидат благодарни затоа што живи излегле од опасната ситуација.

Тошковски за Канал 5: Во Академијата се постапува по наредба на јавен обвинител од ОЈО ГОК

Акцијата на МВР во Академијата за судии и јавни обвинители ја потврди за Канал 5 и министерот Панче Тошковски.

„Се постапува по наредба на јавен обвинител од ОЈО ГОК“ , кусо соопшти Тошковски за Канал 5.

И од МВР стигна офиуцијално соопштение за Канал 5.

„МВР - Одделот за Крим полиција и Одделот за сузбивање на организиран криминал постапува по Наредба на Судија на претходна постапка, а по барање на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Се одземаат електронски податоци од компјутерски системи, мобилни телефони и досиеаја од веќе избрани судии и обвинители.

Дејствијата се во тек…“, соопштија од МВР за Канал 5.

притисни ентер