Во Струмица, Гостивар и Василево вода за пиење е небезбедна

Се проширува проблемот со загадената вода за пиење во земјава. По Гостивар и Струмица, Василево е трета општина која се соочува со ваква ситуација.

Од јавното претпријатие „Турија“ ги информирале жителите на Градошорци, Ангелци, Едрениково, Добрашинци, Нова Маала и Чанаклија дека по направените физичко хемиски и микробиолошки анализи, водата не е за употреба.

Од Општина Василево велат дека работат на решавање на проблемот, кој во струмичкиот крај трае повеќе од 10 дена. Оттаму додаваат дека обезбедени биле канистри со вода за пиење, а на помош доаѓа и цистерна за вода од Радовиш.

Присуството на манган е еден од најсериозните проблеми со водата за пиење кој првично се појави во Струмица, а подоцна и во Гостивар. Експерти за испитување на водата од ИЈЗ појаснуваат - манганот најмногу може да наштети на здравјето на доенчињата и малите деца, но само доколку водата во која го има овој метал, се користи подолг период.

Доктор Спироски соопшти дека состојбата со водата во Струмица се подобрува, но присуството на манган во неа се уште е над максимално дозволените концентрации. Поради тоа, тој додаде дека ќе продолжат со испитувања и во иднина, се додека струмичани не добијат „зелено“ светло за пиење на водата.

Кога станува збор, пак, за капење или туширање, зголемената количина манган не ја зголемува изложеноста на човековиот организам оти тој слабо се апсорбира низ кожата и не преминува во воздухот од водата.

Синот на Осама бин Ладен е депортиран од Франција, забранет му е влезот во земјата

Омар бин Ладен, синот на основачот на терористичката организација Ал Каеда, е депортиран од Франција.

Омар бин Ладен, синот на основачот на терористичката организација Ал Каеда, е депортиран од Франција, каде со години живеел како сликар во Нормандија, а му е забрането да се врати во земјата откако е откриено дека тој објавил коментари на социјалните мрежи за кои се верува дека го величаат тероризмот.

Францускиот министер за внатрешни работи Бруно Ретај изјави дека потпишал наредба со која се забранува влез на Омар бин Ладен во Франција, но не даде повеќе детали, пренесе Фигаро.

„Господинот Бин Ладен, кој неколку години живееше во регионот Орне како сопружник на британска државјанка, објави коментари на своите социјални мрежи во кои го велича тероризмот во 2023 година“, напиша Ретај на социјалната мрежа Х.

Поради административната забрана, на Бин Ладен му е забрането да се врати во Франција. Ројтерс не можеле да ја пронајдат објавата на Бин Ладен на социјалните мрежи.

Шкода го одложи преминот на електрични модели, класичните остануваат во понуда до 2030 година

Skoda одлучи да го продолжи животниот век на своите клучни модели со мотори со внатрешно согорување, како што се Octavia, Fabia, Kamiq и Scala, кои ќе останат на пазарот најмалку до 2030 година.

Одлуката доаѓа во време на забавување на транзицијата кон електрични возила во Европа, што ја принуди компанијата да ги ревидира своите планови за електрификација.

Директорот на Skoda, Клаус Селмер, изјави за Autocar дека лансирањето на електричната верзија на Octavia е одложено за 2027 или 2028 година, додека претходно ќе бидат претставени неколку електрични модели, вклучувајќи ги Enyaq Coupé, Elroq и Epiq. Оваа промена во стратегијата значи дека клиентите сепак ќе имаат пристап до популарните модели со класични мотори, кои ќе ги израдуваат љубителите на возилата со фосилни горива.

Продажбата на електрични автомобили во Европа се намалува, што ги натера производителите на автомобили како Шкода да ги приспособат своите планови во согласност со условите на пазарот и потребите на клиентите.

Правото на здрава животна средина и загадувањето на воздухот на седница на Врховен суд

Врховниот суд на јавна седница одлучуваше по поднесените иницијативи од неколку адвокатски друштва во однос на правото на здрава животна средина и загадувањето на воздухот во земјава.

Граѓаните индивидуално ќе можат да тужат ако државните органи не им го обезбедиле правото на здрава животна средина и чист воздух. Врховниот суд донесе начелен став според кој државата е должна да обезбеди здрава животна средина, и во управна постапка како поединечно право, граѓаните ќе може да бараат да се задолжат надлежните органи да донесат основни планови за квалитетот на воздухот. Универзитетскиот професор Борче Давитковски кој учествуваше на општата седница на Врховен посочувајќи на поразителните податоци од смртни случаи во земјава поради загадениот воздух ја повика судската власт да застане зад граѓаните.

„Ова е тужба за заштита на своето право. Ако е навистинна загаден воздухот секој може да бара заштита. И доколку органите не ги презеле своите надлежности согласно законот за амбиеталниот воздух треба судот да носи пресуди. Бидејќи се работи за општ интерес, за јавен интерес, животна средина, тука судот и превентивно же дејствува се со цел да ги натера јавните органи, градот Скопје и општините дека некој води грижа за граѓаните, бидејќи тие немаа друга судска заштита и дека треба да ги стават на солбот на срамот јавните органи кои не постапиле согласно своите надлежности.“

Начелниот став на Врховен следува по тужбите на двајца македонски граѓани до Управен суд во кои навеле дека дишат екстремно загаден воздух и бараат од државата да донесе стратешки план за заштита. Но Управен два пати ги одбил, еднаш со образложение дека е ненадлежен и еднаш со образложение дека не може поединец да тужи за колективно право.

Според врховните судии поголеми прекршувања на човековите права може да се направат и во случаите кога државата не преземала ништо.

„Секој човек има право на здрава животна средина, секој е должен да ја унапредува и штити животната средина. Обврска на државата е на своите граѓани да им обезбеди услови за остварување на правото на здрава животна средина.“

„Најзначајниот аспект на оваа иницијатива е дека не секогаш со чинење можат да се повредат човековите права. Поголеми повреди можат да настанат со непреземање.“

Врховниот суд го оенесе начелниот став откако адвокатско друштво од Охрид поднесе иницијатива со која го отвори прашањето за здрава животна средина и загадувањето на воздухот.

притисни ентер