Метеоролог се расплака поради невремето што пристигнува во САД: Ова е неверојатен ураган(ВИДЕО)

Бурата Милтон, која се движи кон Флорида, е намалена од највисоката категорија 5 на ниво 4, објави американскиот Национален центар за урагани (NHC).

Меѓутоа, во текот на денот ураганот повторно би можел да го достигне најсилното ниво и се заканува повторно да ја погоди и онака погодената од невремето американска држава.

NHC во понеделникот (локално време) соопшти дека бурата сега има брзина на ветер до 257 километри на час. Според прогнозите, Милтон прво ќе помине преку мексиканскиот полуостров Јукатан, а потоа ќе удри на западниот брег на Флорида во среда навечер.

Со оглед на претстојната катастрофа, метеорологот на NBC 6 од Јужна Флорида Џон Моралес се расплака.

„Тоа е само неверојатен, неверојатен, неверојатен ураган. Притисокот падна за 50 милибари за десет часа. Жал ми е. Тоа е само страшно“, рече Моралес.

@todayshow John Morales, one of the longest-tenured TV meteorologists in south Florida, was emotional during his broadcast on NBC affiliate WTVJ as he updated viewers on #HurricaneMilton ♬ original sound - TODAY Show

Невремето брзо доби сила за краток временски период и NHC првично ја надгради од категорија 3 на категорија 5 за неколку часа. Агенцијата соопшти дека Милтон ќе остане „исклучително опасен ураган“ додека не удри на копно, пишува blick.ch.

Шефот на американската Агенција за цивилна заштита, ФЕМА, Дин Крисвел, изјави за ABC дека федералните власти се подготвени за невремето и дека регионалните власти добиваат дополнителни средства.

Гувернерот на Флорида Рон Де Сантис прогласи вонредна состојба во многу окрузи. Првите евакуации беа наредени вчера, вклучително и делови од областа Тампа со повеќе од три милиони жители, што доведе до бројни сообраќајни метежи.

„Ако бурата остане на сегашната патека, тоа ќе биде најлошата бура што ја погодила областа Тампа во повеќе од 100 години“, соопшти Националната метеоролошка служба.

Се предвидува големо невреме за западниот брег на Флорида во вторник навечер или рано во среда, при што водата најверојатно ќе се искачи до 3,6 метри во Тампа.

Во центарот на Орландо, луѓето чекаа во долги редици автомобили за да земат вреќи со песок.

Тони Карлсон (32) за новинската агенција АФП изјави дека успеал безбедно да стигне до Џорџија со своите миленици.

„Луѓето мислат дека ќе биде прилично лошо“, рече Тони.

Марија Торес (29) рече дека нејзиното семејство не планира да замине. Ги завршиле основните подготовки кои опфаќаат снабдување со електрична енергија преку агрегат, снабдување со храна и вода.

За пристигнувањето на ураганот се подготвувале и жителите во мексиканската држава Јукатан. Работниците ги забарикадираа стаклените врати и прозорци, рибарите ги извлекле чамците на брегот. Затворени се и училиштата.

На поранешната социјална мрежа Твитер, Х, новата мексиканска претседателка, Клаудија Шајнбаум, го предупреди населението на можноста за „обилен дожд“.

Флорида и другите држави во југоисточниот дел на САД беа погодени од ураганот Хелен на крајот на септември. Невремето, кое го погоди брегот со ураганска сила 4, предизвика огромни штети. Оштетени или целосно уништени се бројни објекти, а на многу места беше прекинато снабдувањето со електрична енергија.

Според американските власти, најмалку 225 луѓе загинале како последица на Хелена, вклучувајќи најмалку 15 на Флорида. Ова го прави ураганот Хелена најсериозната бура што го погодила копното на САД во последните 50 години, од ураганот Катрина во 2005 година.

Северна Кореја повторно испрати балони со ѓубре во Јужна Кореја

Северна Кореја денеска по воздушен пат испрати во Јужна Кореја околу 100 балони за ѓубре, втор ден по ред од ваквата провокација, соопшти јужнокорејската армија.

Според новинската агенција Јонхап, началникот на Здружениот Генералштаб соопшти дека околу 60 товари со отпад биле откриени околу делови од Сеул и провинцијата Ѓеонгги, по последното лансирање кое започнало рано утринава.

Како што е соопштено, товарите се состојат од ѓубре од домаќинство - хартија, најлонски кеси и шишиња, а не се откриени опасни материи.

Од крајот на мај, Северна Кореја испрати повеќе од 5.000 балони преку границата во Јужна Кореја.

Во своето претходно лансирање, Северна Кореја испрати околу 120 балони за ѓубре во понеделникот.

„Ќе одговориме силно, не само на местото на потекло на кампањата, туку и на силите за поддршка и команда. Веруваме дека Северна Кореја ја премина границата во врска со провокациите со балони за ѓубре“, изјави министерот за одбрана Ким Џонг-хјун пред пратениците при неговото излагање на собраниската седница.

Тој им се извини на народот за зголемените непријатности предизвикани од балоните од Северна Кореја, наведувајќи дека армијата ќе го разгледа најдобриот одговор, имајќи ја предвид безбедноста на населението пред сѐ.

Тој го повика парламентот да усвои резолуција со која се осудува кампањата со балони за ѓубре и најави „строги“ воени мерки доколку севернокорејската кампања со балон за ѓубре предизвика сериозна штета на јужнокорејскиот народ.

Како одговор на лансирањето на балони, војската на Јужна Кореја има секојдневни преноси против севернокорејската пропаганда преку звучници долж границата од 21 јули, но се воздржуваат од директно соборување на балоните, повикувајќи се на безбедносни причини.

„Сите Грци ќе ги собере под една маслинка“- алармантен апел на грчките демографи

Бројот на жители во Грција во последните години драстично се намалува, а нискиот наталитет е проблем со кој земјата ќе се соочи во иднина.

Во 2022 година Грција забележала најмал број раѓања, што е алармантна бројка, за што во иднина мора да се преземат сериозни чекори, објави Хеленик Њуз.

Феноменот на низок наталитет во Грција како и стареењето на населението е факт кој континуирано се развива веќе 35-40 години.

Инаку, Грција е една од земјите со најнизок наталитет во Европа, а во некои села со години нема родени.

Министерството за здравство сега интензивно работи на подигање на свеста за важноста од мерење на индексот на плодност и зачувување на здрави јајце клетки за подоцнежно оплодување.

„Ќе обезбедиме 500 бесплатни прегледи на 40 острови“, нагласи директорот на Грчкото друштво за репродуктивна медицина, Константинос Патулис.

„Веќе четврта година имаме негативен биланс меѓу родените и умрените во нашата земја. Се проценува дека во 2050 година населението на Грција нема да надмине 7,5 милиони“, рече тој.

Директорот на Грчкото здружение за репродуктивна медицина рече дека нема доволно информации за фертилитетот и третмани за неплодност во Грција.

Само една жена од 10 знае дека по 35-тата година резервите на јајце клетки постепено се намалуваат, што го достигнува својот врв по 40-тата година. Шансите жената да забремени по 40-та година се меѓу 30 и 50 проценти, додека во реалноста е меѓу 3 и 5 проценти.

Милошоски: Потактични и помудри заради извесност во интегративниот процес

Спасовски: Доколку дојдеме во ситуација Албанија да влезе во ЕУ пред Македонија сигурно ќе се отворат и други прашања кои што ќе ни бидат пречка

Милошоски :

Освен соработливост и конструктивност од опозицијата бараме да не се испраќаат сигнали до официјална Софија и меѓународната јавност дека еден ден уставот би бил сменет само заради чувство на очај. Да бидеме поиздржливи, потактични и помудри за да обезбедиме извесност во интегративниот процес. Одложено дејство на уставните измени не е некој новитет, ако зборуваме за европски модел тоа е проблемот меѓу Словенија и Хрватска кои се договорија за арбитража но и за компромис со поддрша на земјите членки на ЕУ кој ќе биде апликативен кога пристапниот договор на Хрватска за членство во ЕУ ќе се ратификува во Словенскиот парламент. Да почекаме до крај на октомври што ќе одлучат граѓаните на Бугарија на нивните избори.

Спасовски:

Факт е дека имаме застој во евро-интегративниот процес. До сега нема барање за да седнеме да разговараме, најавата има, но се уште нема официјално барање за средба, понуден состанок или затворени седници. Едно е тоа што бара опозицијата, сега е момент за тоа што ќе понуди Владата. Да седнеме и да разговараме, да видиме на кој начин ќе се смени преговарачката рамка. Ад-хок не одбиваме, но да го видиме предлогот. Доколку дојдеме во ситуација Албанија да влезе во ЕУ пред Македонија сигурно ќе се отворат и други прашања кои што ќе ни бидат пречка.

притисни ентер