Рускиот „Ди Каприо“ не успеа како глумец

Несудениот глумец Роман Бурцев (41), познат како „рускиот двојник“ на американскиот глумец Леонардо ди Каприо, добил покана и ѝ се придружи на Руската армија, откако не успеа во глумата и филмската индустрија, пишува британски „Сан“ (The Sun).

Бурцев, инаку, е осум години помлад од холивудската ѕвезда. Рускиот актер и самиот во една прилика забележал дека не добива деловни можности поради неговата зголемена тежина, но и поради Ковид-кризата којашто се случила во неповолен миг во неговиот живот. Иако очекувал дека улогата на „двојник“ ќе му донесе одредена слава, пари и статус, сепак учеството во реклами не е доволно за тоа.

Бурцев нема дури ни своја страница на Светската филмска база на податоци - ИМДБ.

Пред да стане глумец во реклами и слични ситни проекти, Русинот работел како ИТ-специјалист, живеел со своите родители и една мачка во изнајмен стан во Подолск, близу Москва. Бидејќи глумата не му донела очекувани резултати, повремено работел на пазар и во продавница за железарија...

Но, тоа не било доволно за тој да биде финансиски стабилен, па завршил во Руската армија.

„Сите Грци ќе ги собере под една маслинка“- алармантен апел на грчките демографи

Бројот на жители во Грција во последните години драстично се намалува, а нискиот наталитет е проблем со кој земјата ќе се соочи во иднина.

Во 2022 година Грција забележала најмал број раѓања, што е алармантна бројка, за што во иднина мора да се преземат сериозни чекори, објави Хеленик Њуз.

Феноменот на низок наталитет во Грција како и стареењето на населението е факт кој континуирано се развива веќе 35-40 години.

Инаку, Грција е една од земјите со најнизок наталитет во Европа, а во некои села со години нема родени.

Министерството за здравство сега интензивно работи на подигање на свеста за важноста од мерење на индексот на плодност и зачувување на здрави јајце клетки за подоцнежно оплодување.

„Ќе обезбедиме 500 бесплатни прегледи на 40 острови“, нагласи директорот на Грчкото друштво за репродуктивна медицина, Константинос Патулис.

„Веќе четврта година имаме негативен биланс меѓу родените и умрените во нашата земја. Се проценува дека во 2050 година населението на Грција нема да надмине 7,5 милиони“, рече тој.

Директорот на Грчкото здружение за репродуктивна медицина рече дека нема доволно информации за фертилитетот и третмани за неплодност во Грција.

Само една жена од 10 знае дека по 35-тата година резервите на јајце клетки постепено се намалуваат, што го достигнува својот врв по 40-тата година. Шансите жената да забремени по 40-та година се меѓу 30 и 50 проценти, додека во реалноста е меѓу 3 и 5 проценти.

Милошоски: Потактични и помудри заради извесност во интегративниот процес

Спасовски: Доколку дојдеме во ситуација Албанија да влезе во ЕУ пред Македонија сигурно ќе се отворат и други прашања кои што ќе ни бидат пречка

Милошоски :

Освен соработливост и конструктивност од опозицијата бараме да не се испраќаат сигнали до официјална Софија и меѓународната јавност дека еден ден уставот би бил сменет само заради чувство на очај. Да бидеме поиздржливи, потактични и помудри за да обезбедиме извесност во интегративниот процес. Одложено дејство на уставните измени не е некој новитет, ако зборуваме за европски модел тоа е проблемот меѓу Словенија и Хрватска кои се договорија за арбитража но и за компромис со поддрша на земјите членки на ЕУ кој ќе биде апликативен кога пристапниот договор на Хрватска за членство во ЕУ ќе се ратификува во Словенскиот парламент. Да почекаме до крај на октомври што ќе одлучат граѓаните на Бугарија на нивните избори.

Спасовски:

Факт е дека имаме застој во евро-интегративниот процес. До сега нема барање за да седнеме да разговараме, најавата има, но се уште нема официјално барање за средба, понуден состанок или затворени седници. Едно е тоа што бара опозицијата, сега е момент за тоа што ќе понуди Владата. Да седнеме и да разговараме, да видиме на кој начин ќе се смени преговарачката рамка. Ад-хок не одбиваме, но да го видиме предлогот. Доколку дојдеме во ситуација Албанија да влезе во ЕУ пред Македонија сигурно ќе се отворат и други прашања кои што ќе ни бидат пречка.

Милошоски: Цврсти домашни позиции пред Брисел

„Немаше широк консензус за отворање на уставот по барање на соседна држава“

Со потпишвањето на вториот протокол се направи суштинска грешка со билатерализација на евроинтеграциите. Тогаш на Бугарија владата на СДСМ и ДУИ и подари инстурмент за блокирање на ЕУ интеграциите. Немаше широк консензус за отворање на уставот по барање на соседна држава. Беше ветено дека по исполнување на Преспанскиот договор ќе бидат отворени вратите на ЕУ за Македонија, но потоа следуваше блокадата од Франција и двете вета од Бугарија. Македонија не смее да биде разединета по ова прашање. Ако било какви отстапки кои што се надвор од Копенхашките критериуми треба државата во иднина треба да ги прави, тоа треба да се прави но само ако биде поради сигурно членство во ЕУ. Кога се обединети домашните фактори сепак е можно. Со цврсти заеднички позиции не е невозможно со аргументи во Брисел да ја разберат вашата цел, рече Антонио Милошоски.

притисни ентер