Во Пакистан експлодира бомба крај пат, при што загинаа пет војници, а двајца се повредени

Најмалку пет војници загинаа, а двајца други се повредени денеска при експлозија на бомба покрај пат во близина на безбедносен конвој во северозападен Пакистан, соопштија официјални претставници.

Нападот се случил во областа Курам, поранешно упориште на милитантите во провинцијата Хајбер Пахтунхва, која граничи со Авганистан.

Во соопштението на армијата се наведува дека во тек е потрага по сторителите на нападот со цел да се елиминираат терористите присутни во тоа подрачје и дека „сторителите на овој грозоморен чин ќе бидат изведени пред лицето на правдата“./МИА

Од полноќ за денар ипол поевтини бензини

Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи да ги намали цените на бензините. 

Од полноќ за денар ипол поевтинува Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Еуродизелот, а Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар.

Се намалува и малопродажната цена на Мазутот за 1,152 ден/кг кој од полноќ ќе се продава по цена од 45,757 ден/кг.

Според одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 81,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 83,5 денари за литар, а дизелот по цена од 74 денари за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 72,5 денари.

Совети за чување на лебот во потоплите летни денови

Лебот е храна којашто се купува секојдневно, но зголемената количина од оваа намирница честопати завршува во отпад поради краткиот рок на траење.

Многумина чуваат леб во сандачиња, или пак фрижидер. Но, кога лебот се чува во влажна или невообичаено топла средина, побрзо фаќа мувла, што е особено опасно за луѓето со респираторни проблеми и алергии. Софи Труман, стручак за отпад тврди дека најдобриот начин за складирање на печивото е во платнена торбичка.

- Ако лебот е свежо направен, не треба да го чувате во херметичка ќеса, бидејќи така нема да може „да дише“. Мора да го оставите на воздух за да го одржите најдоброто. Секогаш е најдобро да го чувате во корпа за леб или платнена ќеса, на поладна, собна температура. Но, не во фрижидер, објасни Труман.

Таа натаму истакнува дека обичниот фрижидер всушност го забрзува процесот на создавање мувла... Така што, подобра опција е замрзнувањето, коешто го одржува лебот свеж неколку дена. Пред јадење, лебот се одмрзнува неколку часа, а за „крцкав ефект“, експертката советува да се стави во рерна на неколку минути.

Лебот може да се чува и во кутија за леб, или на поладно, а суво место, каде што секојдневното печиво е заштитено од главните причини за расипување - топлина и влага.

Макрон: Франција е подготвена за Олимписките игри

Претседателот на Франција, Емануел Макрон при денешната посета на Олимпиското село истакна дека Пaриз е подготвен за да биде домаќин на Олимписките игри.

- Подготвени сме и ќе бидеме подготвени во текот на Игрите, посочи Макрон.

Претходно, францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен изјави дека неколку дена пред почетокот на ОИ во Париз спроведени се еден милион административни истраги и утврдено е оти 4.355 лица би можеле да претставуваат закана.

Безбедносните истражување се спроведени за сите лица кои на каков било начин ќе учествуваат во ОИ од 26 јули до 11 август и на Параолимписките игри од 28 август до 8 септември. Проверени се спортисти, тренери, новинари, волонтери, приватно обезбедување, дури и граѓаните кои живеат во близина на одржувањето на церемонијата на отворање на ОИ.

Околу 35.000 полицајци и жандарми и 18.000 француски војници ќе ги обезбедуваат Олимписките игри секој ден.

притисни ентер