Во Кривичниот суд почна судењето во случајот во кој Апасиев го тужи Канал 5

Во Кривичниот суд почна судењето во случајот во кој лидерот на Левица, Апасиев го тужи Канал 5 и двајца новинари поради, како што тој наведува, противзаконска објава на интерен партиски документ во нашите вести..

Апасиев не се појави на рочиштето против Канал 5 и против двајца новинари за како што наведува во тужбата, противзаконска објава на интерен партиски документ во вестите. Образложението кое го достави преку својата адвокатка, е дека имал обврски во собранието.

Иако Канал 5 бараше да се одржи рочиштето, судијката сепак го одложи поради отсуството на Апасиев, како правен застапник на Левица. За новинарите на Канал 5, кои седнаа на обвинителна клупа, жално што во 2024 г. новинарите се соочуваат со апсурдни и парадоксални ситуации во обид да бидат заплашени и замолчени, а уште помалку да се предмет на закани по животот.

Судијката Даниела Алексовска на рочиштето понуди можност за помирување. Адвокатката на Левица изрази подготвеност за тоа, но под одредени услови што јавно не ги наведе, што беше категорично отфрлено од Канал 5 телевизија.

Тужбите и притисоците врз новинарите од страна на политичките партии и чинители е обид за замолчување и заплашување што е и овој случај со т.н. слап тужба на Левица, велат од новинарските здруженија кои застанаа во одбрана на колегите за кои велат, непотребно се изложуваат на притисоци и седнуваат во обвинителни клупи затоа што си ја вршат својата должност.

Следното рочиште во Кривичниот суд е закажано за 19 ноември.

Димитриевски: Ние мора да се бориме за нашите позииции

„Не можете да си дозволите да ставите државјани на оваа држава во уставот кои што ќе ве негират од внатре“

Уставни измени може да се случат по основ на добра волја на мнозинството во прламентот, ако ние како народ имаме гаранции за континуитетот, самобитноста, јазикот, културата, идентитетот, историјата. Тоа мора да го гарантира ЕУ бидејќи таа е прогварач во целиот процес. Ние мора да се бориме за нашите позииции. Не се менува уставот туку така, едно е да го промените уставот со условени амандмани, друго е да го промените уставот и да е на сила и за пет години ако не дојде до тоа, повторно да го менувате уставот, ќе ви треба двотретинско мнозинство, како ќе знаеме каков ќе биде составот и политичката волја ако тоа нешто се случи, по пет години да ги променитме тие уставни амандмани. Тоа е задоцнета реакција. Нашите негации сега доаѓаат од надвор, тој што не ви е во дворот може да ви каже што сака, но тој што ќе влезе во вашата куќа треба да внимава. Не можете да си дозволите да ставите државјани на оваа држава во уставот кои што ќе ве негират од внатре, рече лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски во Само Интервју.

Енди Мареј го освои првиот трофеј откако се пензионира, но не победи во тенис (ФОТО)

Енди Мареј го освои својот прв спортски турнир откако пред два месеци реши да стави крај на тениската кариера.

Овој пат наместо трофеј од тенискиот терен, Мареј славеше за голфот. Трикратниот Грен слем шампион триумфираше на првиот ден на голфот Мајк Диксон, настан организиран од Британското здружение на тениски новинари (BTJA). Овој турнир се одржа на теренот за голф Ханбери Манор во Херефордшир и собра бројни познати личности и спортски ѕвезди, за да му оддадат почит на Мајк Диксон, легендарниот тениски новинар на Дејли Меил кој почина во јануари оваа година на 59-годишна возраст.

Диксон, познат по прекарот „Дико“, беше сакан член на редакцијата и еден од најпознатите тениски дописници, работејќи за Дејли Меил повеќе од три децении. Неговата смрт се случи само неколку недели пред неговиот 60-ти роденден додека го покриваше Австралија опен, турнир што тој особено го сакаше.

BTJA објави на социјалната мрежа X дека Мареј триумфирал, на големо задоволство на фановите на Шкотланѓанецот по неговото префрлување на голф. Во пораката им се заблагодарија на сите кои учествуваа и истакнаа дека Мареј го освоил својот прв трофеј во голфската кариера, истакнувајќи дека очекуваат да ги има уште многу.

Мареј, кој моментално има хендикеп 7, истакна дека целта му е да стигне до „нула“ (нула хендикеп) во следните неколку години. Попатно, на Мареј му помага 16-от светски голфер Боб Мекинтајр, неговиот сонародник, кој му одржува редовни лекции и го забрзува неговиот напредок.

Минатиот месец Мареј играше на турнирот Pro-Am на BMW PGA шампионатот во Вентворт, каде што го привлече вниманието на Мекинтајр, кој ја пофали неговата игра. "За некој кој нема големо искуство, играше одлично. Бев навистина импресиониран од неговата игра. Мислам дека наскоро ќе дојде до нула хендикеп", изјави Мекинтајр.

За Мареј ова е нов предизвик во кој ужива. „Чувството на нервоза е поинакво, бидејќи се чувствувам безбедно на тенискиот терен. Никогаш не мислев дека можам да заборавам како да играм тенис“, рече тој на турнирот во Вентворт.

Енди Мареј ја заврши тениската кариера во август оваа година, откако загуби во двојки на Олимписките игри, каде што играше со сонародникот Ден Еванс.

Неговата биографија на социјалната мрежа Х сега ја отсликува промената во спортот: порано пишуваше „Играм тенис“, но сега пишува „Играв тенис. Сега играм голф“.

Димитриевски: Нашите дипломатски напори треба да продолжат со бранење на националните интереси

„Официјалната бугарска политика кон Македонија не може да се смени, Радев не е пилот во Ф-16 туку во МИГ-29“

Војната во Украина ќе заврши, големите сили повторно ќе седнат на маса и ќе соработуваат, ЕУ и натаму ќе тежнее онаму каде има наголем пазар.

Ми пречи терминот западен балкан, нашите дипломатски напори треба да продолжат но со бранење на националните интереси.

Неколку пати се обидоа да не понижат, но тоа не го отсликува расположението на бугарската јавност.

ние треба да се обединиме за националните интереси со ставање акцент кон албанската заедница дека тоа е важно за нашите чувства.

За сите граѓани во Бугарија што се чувствуваат како Македонци не се почитуваат пресудите од Стразбур, ние сакаме да бидеме дел од Еу поради што таму е модерниот свет, но ако мора да го поминеме истото што го минавме со Преспанскиот договор, тогаш треба да седнеме и сериозно да размислиме.

Треба да се бара алтернативно решение кое Македонија нема да ја стави во подредена состојба.

Ако се прашуваме како влада не би продолжиле многу работи почнати од претходната влада како што е договорот со Бехтел и енка.

Од Бугарија никогаш не стигна извинување, најмал број жртви во Македонија има од германски фашисти, најмногу се од бугарските фашисти.

Доаѓам во светот на политиката од приватен бизнис, имавме идеја со партнери од регионот, но фирмата не профункционира до ден денеска.

Од земји членки на ЕУ добивам пораки дека треба да работиме на реформите и штом дојде погодно време тоа ќе ни биде дополнителен ветер во грб кога ќе ги почнеме преговорите.

Официјалната бугарска политика кон Македонија не може да се смени, Радев не е пилот во ф-16 туку во миг-29

притисни ентер