Во Кина се појави смртоносна чума , позната како ,,Црна смрт”

Две лица во Кина се заболени од чума , соопштија денеска кинеските власти.

Ова е втор пат во земјата да се појави т.н. Црна смрт , една од најсмртоносните причинители на пандемија во историјата на човештвото.

Во мај годинава, монголска двојка почина од бубонска чума, затоа што јадела суров бубрег од мајмун , кој во народната медицина се смета за лек.

Најновите двајца пациенти кои имаат симптоми на пневмонија, потекнуваат од кинеската провинција Внатрешна Монголија и сега се лекуваат во округот Чојанг во Пекинг, пренесува Си-Ен-Ен.

Чумата е предизвикана од бактерии, а луѓето можат да ја добијат, ако се каснати од заразено животно (или јадат сурово месо). Постојат три основни форми на развој на болеста: бубонска чума што предизвикува отечени лимфни јазли, септичка чума ја инфицира крвта и белодробна чума ги инфицира белите дробови.

Двајцата пациенти добиле пневмонија, што е многу заразна и најштетна за организмот. Ако не се лекува, секогаш завршуива фатално.

Во средниот век, чумата ја опустошила Европа, убивајќи околу 50 милиони луѓе. Иако неодамна се измислени антибиотици, кои можат да ги лекуваат повеќето инфекции, чумата сè уште не исчезна. Напротив, повторно се појавува во изолирани случаи.

Во моментов нема ефикасна вакцина против чума, но современите антибиотици можат да спречат компликации и смрт на пациентите. Како и да е, неодамна, на Мадагаскар е пријавен вирус на бубонска чума, кој е екстремно отпорен на антибиотикот стрептомицин,со кој вообичаено се третира оваа болест.

Де Роси за пресметката со Баер: Има од што да се плашиме, но Рома верува во успех

Тренерот на Рома, Даниеле де Роси, ги искажа своите очекувања за првиот меч со Баер Леверкузен во полуфиналето од Лигата на Европа.

- Возбудени сме што ќе доживееме уште една незаборавна вечер со нашите фанови. Има од што да се плашиме, начинот на кој игра Баер, нивната долга серија без пораз. Имаат интересни играчи и многу го почитувам нивниот тренер. Но, Рома верува во успех и ќе се бори, изјави Де Роси за сајтот на УЕФА.

Натпреварот помеѓу Баер Леверкузен и Рома ќе се одигра вечер од 21 часот на „Олимпико“ во Рим.

Серијата без пораз на германскиот клуб изнесува 46 натпревари.

Во другото полуфинале во второто по квалитет клупско натпреварување во Европа се среќаваат Марсеј и Аталанта (вечер 21 часот). /МИА

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност направи измени на тарифникот

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност направи измени на тарифникот и ги достави до Владата

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност утврди потреба од измени на тарифата за премии за осигурување и подготви предлог-измени со кои се враќа цената на осигурувањето за аавтоодоговорност на ниво како пред 25 април годинава.

- Предложените измени се насока на утврдување на опсег од 15 отсто до 30 проценти, во кој друштвата за осигурување можат да го определат делот на премијата за вршење дејност на осигурување од автомобилска одговорност, а за секој износ на овие трошоци над 30 отсто, да побараат претходна согласност од Агенцијата за супервизија на осигурување. Ова значи враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на ниво од пред 25 април 2024 година. Дополнително беше утврдено дека Комисијата најдоцна до 30 септември секоја година до Владата да доставува предлог за минимална и максимална стапка на техничка премија за осигурување за следната година, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

Предлог-одлуката на Комисијата, како што информира Министерството за финансии, е доставена на усвојување до Владата.

Одлуката се заснова на анализата на Агенцијата за супервизија на осигурувањето со која се укажува дека на 23 април, 11 друштва за осигурување кои вршат работи на осигурување во групата на неживотно осигурување, доставиле известувања до АСО за донесени одлуки за зголемување на премиите за задолжително осигурување од автоодоговорност, при што се повикале на одредбите од тарифата на премии за осигурување од АО, објавена во „Службен весник на РМ“ број 191/2018, според кои одредби имаат можност самостојно да одлучат за висината на делот од премијата за спроведување на дејноста, односно т.н. режиски додаток при одредувањето на крајната премија по договор за осигурување - член 3 од тарифата.

- Притоа, известувањата на друштвата до АСО не содржат финансиски анализи за изминати периоди, ниту пак конкретни проекции за очекуван развој на ризиците кои ги преземаат во осигурување. Единствен аргумент, на кој се повикуваат друштвата за осигурување се растечките трошоци од работење, кои не се непосредно поврзани со настанување на ризиците, односно со настанатите и очекуваните штети, се појаснува во соопштението.

Ставот на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност е поткрепен со мислењето на АСО како регулатор дека ваквото постапување на друштвата за осигурување влијае врз стабилноста, сигурноста и предвидливоста на функционирање на целиот систем на осигурување во насока на штета на осигурениците, односно сопствениците на моторни возила.

- Состојбите на пазарот ќе се следат и во наредниот период и ќе се преземаат соодветни одлуки, врз основа на анализи и во еден отворен и транспарентен процес. Во врска со донесените одлуки од страна на осигурителните компании за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност во втората половина од април 2024 година, Министерството за финансии ја свика Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која одржа седници на 26, 29 и 30 април и 2 мај 2024 година, со цел да ги разгледа сите аспекти од носењето на овие одлуки, потенцираат од Министерството за финансии.

Претходно, денеска АСО ја повика Владата, согласно своите законски надлежности, да ги заштити правата на осигурениците и преку измени во тарифникот да ги намали цените на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.

ВЛЕН: Влада и Бадентер ДА, без ДУИ и Левица

ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено за џебовите на нивното раководство и ним блиските роднини. 

Кога од партија се претворија во Коза Ностра.

Сега кога доаѓа време за одговорност за коруптивните скандали се обидуваат како штит да го користат целиот Албанскиот народ и помалите етнички заедници кои ги користат како заложници. Тие веќе видени трикови не поминуваат. После 8-ми мај ќе има и Влада со ВЛЕН како единствен легитимен политички репрезент на Албанците, ќе има и Бадинтерово мнозинство, ќе бидат обезбедени и фундаментите на Охридскиот Рамковен договор и ќе има одговорност за сите што се огрешиле пред законите.

Не може и не смее одењето во опозиција ДУИ да го претставува како проблем за опстанокот на државата. Тоа е крајно неодговорно и кукавички. Затоа ги повикуваме да престанат да ги срамат Албанците и славните борци на УЧК.

Не е крај на светот ако отидат во опозиција. Гарантираме дека нема да има политички реваншизам туку ќе само одговорност утврдена во фер правосудни постапки.

Коалиција ВЛЕН

притисни ентер