ВЛЕН: Влада и Бадентер ДА, без ДУИ и Левица

ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено за џебовите на нивното раководство и ним блиските роднини. 

Кога од партија се претворија во Коза Ностра.

Сега кога доаѓа време за одговорност за коруптивните скандали се обидуваат како штит да го користат целиот Албанскиот народ и помалите етнички заедници кои ги користат како заложници. Тие веќе видени трикови не поминуваат. После 8-ми мај ќе има и Влада со ВЛЕН како единствен легитимен политички репрезент на Албанците, ќе има и Бадинтерово мнозинство, ќе бидат обезбедени и фундаментите на Охридскиот Рамковен договор и ќе има одговорност за сите што се огрешиле пред законите.

Не може и не смее одењето во опозиција ДУИ да го претставува како проблем за опстанокот на државата. Тоа е крајно неодговорно и кукавички. Затоа ги повикуваме да престанат да ги срамат Албанците и славните борци на УЧК.

Не е крај на светот ако отидат во опозиција. Гарантираме дека нема да има политички реваншизам туку ќе само одговорност утврдена во фер правосудни постапки.

Коалиција ВЛЕН

Министерство за одбрана на Русија: Неутрализирани повеќе од 100 украински дронови

Министерство за одбрана на Русија: Неутрализирани повеќе од 100 украински беспилотни летала при ноќни напади.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека повеќе од 100 украински беспилотни летала се уништени или пресретнати ноќеска во напади на југозапад на руската територија и на полуостровот Крим.

Министерството соопшти дека армијата неутрализирала 51 дрон над Крим, 44 над регионот Краснодар, шест над регионот Белгород и еден над регионот Курск.

Во текот на ноќта, поморската противвоздушна одбрана и патролни бродови на Црноморската флота уништија шест поморски беспилотни летала во водите на Црното Море.

Руската армија редовно објавува дека одбила ноќни напади на украински беспилотни летала, но ретко се наведува толкава бројка, јавија западни медиуми.

Гувернерот на Белгородската област, која граничи со Украина, претходно денеска објави дека мајка и четиригодишно дете загинале при напад со беспилотно летало врз селото Октјабарски.

Во САД марихуаната ќе биде класифицирана како помалку опасна дрога

Американската Влада одлучи да ја категоризира марихуаната како помалку опасна дрога, што значи дека луѓето кои користат или ја поседуваат веројатно нема да одат во затвор во иднина.

- Премногу животи се превртени наопаку од нашиот неуспешен пристап кон марихуаната. Министерството за правда го прави следниот чекор за прекласификација на марихуаната од категорија еден во категорија три според федералниот закон, напиша американскиот претседател Џо Бајден на социјалната мрежа Икс.

Во САД наркотиците се класифицирани во пет различни категории. Досега марихуаната или канабисот беа во првата, а со тоа и најстрогата категорија, која вклучува хероин и ЛСД. Американската Влада сега побара марихуаната да биде вклучена во третата категорија. Како резултат на тоа, марихуаната ќе биде на исто ниво со стероиди или парацетамол.

Американските медиуми ја означија таа прекласификација како историска. Со прекласификацијата се признава медицинската употреба на канабисот, но целосна легализација низ државата за приватна употреба не е планирана. Марихуаната е веќе легална за рекреативни и медицински цели во повеќе од 20 американски држави, а само за медицински цели во повеќе од десетина други држави.

Од денеска пријавување за бесплатно подигнување кабаст отпад во сите населби во Кисел Вода

Од денеска почнува пријавувањето за бесплатно подигнување кабаст отпад во сите населби во Кисела Вода

Нова акција за собирање на кабаст отпад ќе се спроведе во општина Кисела Вода. Како дел од активностите за заштита на животната средина, во периодот од 27 мај до 07 јуни во сите месни и урбани заедници на територија на општината, ќе бидат ангажирани одговорни лица и сезонски работници кои бесплатно ќе го подигаат кабастиот отпад од пред домаќинствата или колективните згради, информираат од Општина Кисела Вода.

Пријавувањето почнува денеска и ќе трае до 23 мај. Секој жител на општина Кисела Вода кој поседува кабаст отпад и сака тој да биде подигнат и депониран на соодветна локација, ќе може да закаже термин на телефонскиот број 02/2785-427, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

Од Општината појаснуваат дека кабастиот отпад треба да биде поставен пред објектот кој е претходно договорен, на безбедна локација со што не би се загрозила безбедноста на пешаците, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот, кои ќе се движат во тој период.

-Само со одговорно однесување на секој поединец заеднички ќе можеме да ја одржуваме Кисела Вода чиста и уредна. Зачувувањето на природата и животната средина е наша заедничка обврска и одговорност, велат од Општина Кисела Вода.

Оттаму апелираме до сите граѓани да се приклучат на оваа акција, бидејќи, како што велат поддршката и заедничката ангажираност се од суштинско значење за заедницата.

притисни ентер