Во Кавадарци презентиран проектот „safe city“

 Премиерот присуствуваше и на презентацијата „Safe city“ во Кавадарци, проект почнат во 2019 година со општински средства и досега се вложени 13 милиони денари, а поставени се вкупно 220 камери..

Премиерот Христијан Мицкоски денеска е во посета на Општина Кавадарци каде присуствуваше на поставување на камен темелник на Дом на култура со спортска сала во селото Дреново.

Премиерот присуствуваше и на презентацијата „Safe sity“ во Кавадарци, проект почнат во 2019 година со општински средства и досега се вложени 13 милиони денари, а поставени се вкупно 220 камери..

Индиска држава во состојба на готовност поради потенцијален упад на 900 милитанти

Индиска држава во состојба на готовност поради потенцијален упад на 900 осомничени милитанти од Мјанмар.

Североисточната индиска држава Манипур е ставена во состојба на висока готовност по разузнавачките извештаи за потенцијален упад на 900 осомничени милитанти од Мјанмар, изјави висок безбедносен претставник.

Кулдип Синг, советник за безбедност на Манипур, изјави дека информациите во врска со милитантите биле споделени со различни разузнавачки агенции.

Од мај 2023 година, Манипур е вмешан во насилство меѓу мнозинските заедници Меитеи и малцинските Куки, водени од спорови околу економските придобивки и квоти.

Во моментов во Германија живеат повеќе бегалци од кога било досега

Во моментов во Германија живеат повеќе бегалци од кога било досега. На крајот на првата половина на 2024 година имало околу 3,48 милиони, пишува „Ноје Оснабрик Цајтунг“.

Во моментов во Германија живеат повеќе бегалци од кога било досега. На крајот на првата половина на 2024 година имало околу 3,48 милиони, пишува „Ноје Оснабрик Цајтунг“, повикувајќи се на одговорот на германската влада на прашањето што левицата и го поставила на владата од 2023 година - и најмногу од 1950-тите.

Ова ги вклучува сите луѓе, без разлика на нивниот статус на престој, кои во моментов аат заштита во Германија од хуманитарни причини, од баратели на азил, признати бегалци, до лица кои се привремено толерирани. Од 3,48 милиони бегалци, околу 1,18 милиони се бегалци од Украина.

Поради депортации и доброволни заминувања се намалува бројот на лица кои се обврзани да ја напуштат Германија, се наведува понатаму во одговорот до Левица. Во средината на 2024 година, статистиката евидентирала 226.882 лица со обврска да ја напуштат земјата, што е за 15.760 помалку од крајот на 2023 година.

Украинскиот робот „Гнев“ се појави на фронтот

Во мај годинава, Украинците го претставија својот нов вооружен копнен робот, наречен „Fury“ (Гнев, Lyut на украински).

Сега, четири месеци подоцна, „Гнев“ е снимен во борба, наводно роботот ја добивасвојата прва голема престрелка.

Еден од овие роботи со големина на количка нападна руски ров во руската област Курск.

Избегнувајќи мини и пукајќи од митралези во координација со беспилотни летала кои носеа експлозиви и минофрлачи, роботот победи мала група руски војници.

„Резултат: Дел од непријателот е уништен, а остатокот избега“, објави на социјалните мрежи од одредот одред за специјална намена, кој управува со роботот.

„(Роботот) беше погоден неколку пати од RPG и FPV (ракетни гранати и дронови FPV со поглед од прво лице), но се задржа, ја заврши мисијата и се врати да се опорави“.

притисни ентер