Во Битола почнува Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“

Со концерт на солистите Линда Хедлунд, виолинистка од Финска, и Антонио Ди Кристофано, пијанист од Италија, во придружба на битолскиот камерен оркестар, вечер почнува ново издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“.

На вечерашниот концерт што ќе се одржи на големата театарска сцена „Благој Стефановски“ ќе бидат изведени дела од Бах, Леклер и Шопен, највија организаторите на „Интерфест“.

-Во Битола до 11 октомври ќе настапат уметници од Шпанија, Иран, Италија, Финска, Србија, Босна и Херцеговина, Швајцарија, Франција, Македонија и Австрија - која ќе биде претставена од виенските симфониски виртуози Клаудија Кефер Гиндлхумер-обоа, Рудолф Гиндлхумер-флејта и Карл Ајхингер-пијано, изјави за МИА,ж Милица Шперовиќ-Рибарски, уметнички директор на „Интерфест“.

За време на фестивалот, гостинот Бертран Жиро ќе одржи мастер клас по пијано.

Роб Бауер: Сојузниците на НАТО ќе треба да инвестираат близу три отсто од својот БДП во одбрана

Сојузниците на НАТО во иднина ќе треба да одвојуваат средства за своите армии во висина од близу три проценти од бруто домашниот производ (БДП), за да ги спроведат новите одбранбени планови на Алијансата, изјави денеска претседавачот на Воениот к

Сојузниците на НАТО во иднина ќе треба да одвојуваат средства за своите армии во висина од близу три проценти од бруто домашниот производ (БДП), за да ги спроведат новите одбранбени планови на Алијансата, изјави денеска претседавачот на Воениот комитет на НАТО, Роб Бауер.

Со тоа трошоците би ги надминале сегашните два отсто од БДП вложувања во армиите на земјите-членки, што беше поставено како актуелна цел на НАТО.

Бауер во Брисел истакна дека вкупниот процент од одвојувањето за одбрана, кој е неопходен за да се направат новите планови остварливи, е многу поблиску до издвијувањето на три отсто од БДП отколку два отсто./МИА

Израелската влада забрани рекламирање во Хаарец, весникот познат по критиките

Владата на Израел денеска им нареди на сите јавни институции да престанат да се рекламираат во весникот Хаарец, познат по критиките за израелските акции на палестинските територии.

Министерот за комуникации Шломо Кархи рече дека владата го одобрила неговиот предлог откако издавачот Хаарец повика на санкции против Израел и ги нарече палестинските екстремисти како „борци за слобода“.

„Ние се залагаме за слободата на печатот и изразувањето, но и слободата на владата да одлучи да не финансира подбуцнување против државата Израел“, објави Кархи на платформата X.

Ноа Ландау, заменик уредник на Хаарец, го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека „работи на замолчување на независните и критички медиуми“, споредувајќи го со автократски лидери во други земји.

Хаарец редовно објавува колумни во кои ја критикува полувековната окупација на земјата од страна на Израел на која Палестинците сакаат да основаат независна држава.

Весникот исто така го критикуваше водењето на војната во Газа во време кога повеќето локални медиуми ја поддржуваа војната и претежно ги игнорираа страдањата на палестинските цивили. /МИА

Хјуман рајтс воч: Убиството на тројца новинари во израелски напад во Либан е воено злосторство

Меѓународната организација за човекови права Хјуман рајтс воч (ХРВ) денеска оцени дека израелскиот напад во Либан во октомври, во кој беа убиени тројца новинари, најверојатно е намерен напад врз цивили и очигледно воено злосторство.

Тројца новинари загинаа, а неколку беа ранети додека спиеле во гостилница во јужен Либан. Тоа беше еден од најсмртоносните напади врз медиумите од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах пред 13 месеци.

Оттогаш, уште 11 новинари се убиени, а осум се ранети, изјави либанскиот министер за здравство Фирас Абијад.

ХРВ заклучи дека израелските сили користеле бомба од американско производство со систем за наведување JDAM во нападот на 25 октомври.

ХРВ оцени дека американската влада треба да ја прекине испораката на оружје за Израел поради повторените „незаконски напади врз цивили, во кои американски официјални лица би можеле да бидат соучесници во воени злосторства“.

Израелската војска веднаш не го коментираше извештајот.

ХРВ пронашла остатоци од бомбата на местото на нападот и прегледала фотографии од деловите собрани од сопственикот на гостинската куќа и заклучила дека тие одговараат на комплетот за наведување бомби JDAM кои ги составува и продава американската компанија Боинг./МИА

притисни ентер