Во Битола ликовна иизложба „Парчиња живот“ на Бојана Артиновска

Во Битола вечер ќе биде отворена ликовна изложба „Парчиња живот“ со повеќе од 100 мали формати, изработени во различни техники цртеж, акрил на хартија, акрил на платно, масло на платно, создадени од Бојана Артиновска.

Според ликовниот критичар Владо Ѓорески, секое дело е фрагмент од патот на самооткривање и раст, и преку нивното внимателно поставување во оваа изложба, се рефлектира сложеноста и убавината на обичните моменти кои подсвесно го обликуваат животот. Животот, како уметност сам по себе, е составен од различни „парчиња“ кои заедно формираат уникатно и значајно искуство. Оваа изложба е посвета на тие „парчиња од животот“, гледани како уметност, вели Ѓорески.

-Бојана Артиновска создава сликарство кое се движи, пулсира, вибрира, се развива, се мултиплицира...низ специфична, оригинална и директна ликовна постапка. Таа е ослободена од сите наметнати канони, од сите оценки и анализи за тоа што е добро што не е, таа создава искрено, директно, непрекината, движејќи се исклучиво по својот внатрешен глас. Тоа најмногу ја доближува до елементарното исконско и единствено вистинско создавање а тоа е сликање, цртање, кроки бележење во вид на секојдневен сликарски дневник без разлика како и кон што е насочен, без разлика зошто, кому, колку... Тоа е говор без интерпункција, без „рационална“ пресметлива пауза за разубавување или рационално додавање и стилско препознавање, најави Ѓорески во пресрет на вечерашното отворање на изложбата закажано во битолскиот Центар за култура.

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари.

Манчестер сити синоќа одигра нерешено 3:3 на домашен терен со Феенорд во натпреварот од 5. коло на Лигата на шампионите.

Во текот на натпреварот „Граѓаните“ имаа водство од 3:0. Ерлинг Халанд беше двоен стрелец (44. и 53. Минута), Илкај Гундоган реализира во 50. минута.

Холандскиот клуб возврати во последните 15 минути од натпреварот - по еден гол постигнаа Анис Хаџ-Муса (75. минута), Сантијаго Хименез (82.) и Давид Ганцко (89.).

Манчестер Сити (8 бода) ја продолжи серијата без победа во сите конкуренции на шест меча и се наоѓа на 15. место на табелата во ЛШ. Феенорд е 20-ти со седум бода.

Во следното коло избраниците на Пеп Гвардиола ќе играат со Јувентус, а холандскиот ја пречекува Спарта. Двата натпревари ќе се одиграат на 11 декември.

Вардар 1961 со победа го заврши настапот на европската сцена

Ракометарите на Вардар 1961 синоќа во Скопје го совладаа лидерот во германското првенство Мелсунген со 32-30 (17-17) и со победа го завршија настапот во Лига Европа.

За македонскиот претставник ова беше втора победа и петти освоен бод во групата Ф, заверувајќи го на крајот третото место.

Пласман во нокаут фазата од оваа група обезбедија Мелсунген, кој во Скопје го претрпе првиот европски пораз, како и Порто, кој два пати го совлада Вардар во групната фаза.

До втората европска победа Вардар 1961 вечерва го предводеа Ларс Коиј со осум и Младен Крсманчиќ со шест голови.

Одлична партија на голот на „црвено – црните“ прикажа Мигуел Фереира, кој запиша 15 одбрани.

По 20 години, уапсен е еден од најбараните бегалци по кои ФБИ имаше издадено потерница

Еден од најбараните терористи по кои ФБИ имаше издадено потерница е уапсен во Велс по повеќе од 20 години бегство, соопштија синоќа американските и британските власти.

Даниел Андреас Сан Диего, кој има врски со екстремистички групи за заштита на животните, е баран од американските власти поради неговата наводна вмешаност во два бомбашки напада во областа Сан Франциско во 2003 година.

Британската Национална агенција за криминал изјави дека 46-годишниот бил уапсен во понеделникот во операција поддржана од британската антитерористичка полиција и полицијата во Северен Велс и сега се соочува со екстрадиција во САД.

„Апсењето на Даниел Сан Диего по повеќе од 20 години како бегалец за два бомбашки напади во областа на Сан Франциско покажува дека без разлика колку долго ќе трае, ФБИ ќе ве најде и ќе ве повика на одговорност“, рече директорот на ФБИ, Кристофер Вреј.

Две експлозивни направи експлодираа во рок од еден час една по друга во кампусот на биотехнолошката корпорација во Емеривил, помеѓу градовите Беркли и Оукланд во северна Калифорнија, на 28 август 2004 година, соопшти ФБИ.

Помалку од еден месец подоцна, бомба експлодираше во корпорација во Плесантон, источно од Сан Франциско. Во експлозиите нема загинати или повредени.

Во октомври 2003 година беше издаден федерален налог за апсење на Сан Диего, а во 2009 година беше додаден на листата на најбарани терористи на ФБИ, со што стана првиот домашен терорист на таа листа, соопшти бирото.

ФБИ понуди награда до 250.000 долари за информација што ќе доведе до негово апсење.

притисни ентер