ВМРО-ДПМНЕ: Со буџетот за 2025 година полициските службеници ќе добијат покачување на платите

Сите припадници на Министерството за внатрешни работи ќе добијат покачување на платите.

Како сектор кој што е до суштинско значење за мирот и безбедноста на државата, со буџетот за 2025 година предвидени се средства за покачување на платите на полицајците во износ од минимум 10%.

Исто така, со цел да се направи ефикасна полициска управа која што ќе одговара на потребите на граѓаните, предвидено е зголемувања од 240% на финансиските средства за реформи и модернизација на МВР.

ВМРО-ДПМНЕ на власт е посветена во МВР, како и во останатите сектори, да спроведе сериозни реформи и инвестиции со цел враќање на довербата на граѓаните во институции и достоинството на државните службеници, вклучително и полициските службеници.

Каде беше Оливер Спасовски скоро девет години министер за внатрешни работи, па да барал покачување на платите на полициските службеници и за нив да обезбеди достојни услови за работа!?

СДС ако беа навистина загрижени за припадниците на МВР, пред пет месеци кога беа на власт, ќе предвидеа и најдеа средства за исплата и зголемување на нивните плати.

Наместо тоа, СДС со Спасовски на чело на МВР ги деградираа полициските службеници. Во нивно време министерството го ставија во служба и заштита на криминалните групи и го претворија во центар во кој белосвестки криминалци слободно можеа да извадат македонски пасоши.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Меси: Се чувствувам како жител на Барселона и сакам да се вратам таму

Легендата на Барселона, Лионел Меси призна дека му недостасува градот и регионот Каталонија.

Аргентинецот ги напушти во 2021 година за да се пресели во ПСЖ, а моментално е фудбалер на американскиот Интер Мајами.

-Моите деца се Каталонци и речиси цел живот го поминав таму. Вистината е дека се чувствувам како жител на Барселона и би сакал некогаш да се вратам овде. Бидејќи на мене, на моите деца и на мојата сопруга ни недостасува Барселона. Направивме многу спомени таму, изјави Меси за каталонското радио „Кат3“.

На 29 ноември, Барселона слави 125 години од создавањето на клубот и според шпанските медиуми, претседателот на Каталонците - Жоан Лапорта, го поканил Меси на прославата. Се вели дека 8-кратниот освојувач на „Златната топка“ се согласил да присуствува.

Атанасовски:Успешно се спроведува акцијата за отстранување на хаварисаните возила во М.Каменица

Акцијата за отстранување на хаварисаните возила од јавните корисни површини во М. Каменица успешно се спроведува, информираше денес градоначалникот на оваа Општина Димчо Атанасовски. 

Досега како што соопшти тој поставени се опомени на 24 хаварисани возила, а дел од сопствениците веќе ги презедоа потребните мерки за нивна дислокација.

- Искрено им се заблагодаруваме на сите граѓани кои покажаа одговорност и ги отстранија своите возила од јавните површини. Нивната брза реакција е пример за заедничка грижа кон нашата општина, истакна Атанасовски.

Апелираше до останатите граѓани, чии возила сè уште се наоѓаат на јавните површини, да го следат овој позитивен пример.

- Доколку поседувате хаварисано возило, ве поттикнуваме да го пријавите во просториите на Јавното претпријатие „Камена Река“, каде што ќе добиете поддршка и насоки за понатамошно постапување, додаде Атанасовски.

Порача дека сите треба да продолжат со вакви активности давајќи пример во одржувањето уредена, чиста и безбедна Македонска Каменица.

Чолаку: По 13 години Романија и Бугарија ќе станат во целост членки на Шенген зоната

 Романија ќе стане во целост членка на Шенген зоната од 1 јануари 2025 година, изјави романскиот премиер Марчел Чолаку за време на работна посета во Будимпешта, каде имаше средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Чолаку нагласи дека Романија и Унгарија заеднички работат на европските прашања, а посебно ја истакна поддршката од Орбан за членството на Романија во Шенген. Тој додаде дека влезот на Романија и со копнените граници ќе го поттикне економскиот развој на двете земји.

Тој истакна дека Романците веќе ги почувствувале придобивките од делумниот влез во Шенген зоната, кои се „многу опипливи“, а пристапот на земјата со копнени граници, според неговите зборови, ќе придонесе за динамиката на економскиот раст и во Романија и во Унгарија .

Во Будимпешта денеска се одржаа неформални разговори на министрите за внатрешни работи на Романија, Бугарија, Унгарија и Австрија, каде беше потврдено дека двете земји ќе се приклучат кон Шенген со копнени граници во 2025 година.

Претходно денеска, унгарскиот министер за внатрешни работи Шандор Пинтер најави дека Романија и Бугарија би можеле целосно да се приклучат на европската Шенген зона со отворени граници од јануари 2025 година.

Двете земји влегоа во Шенген зоната со нивните воздушни и поморски граници од 31 март 2024 година.

притисни ентер