ВМРО-ДПМНЕ: Играњето оро, чочек и плех музиката ги однесе СДС во слеп тунел

Има ли светло на крај од тунелот на СДС, демолиран рејтинг и контрадикторни соопштенија.

СДС се уште не може да се разбуди од кошмарот кој го доживеа на изборите па пишуваат небулозни соопштенија спротивни со здравиот разум. Во постизборен шок секојдневно самите со комични соопштенија си пукаат во нозе.

СДС е целосно во хаос и секојдневно тоне во сопствените илузии во обид да се консолидира.

Наместо нонсенс соопштенија, СДС нека се потрудат народот да дознае кој им е лидер.

Рејтингот на СДС е во слободен пад за што говорат и последните анкети каде ВМРО-ДПМНЕ има тројна предност пред СДСМ, а Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски 5: 1 наспроти Венко Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ има повеќе проекти и реализација во првите 100 дена отколку СДС во 7 години.

СДС нема право да зборува за инвестиции, бидејќи во нивно време најголем настан беше играње чочек и трубачи во тунел.

Во време на СДС кога милијарди народни пари беа во прашање СДС дозволија надзор да им бидат фирми за производство на долна облека.

СДС нека се потсетат како нивниот министер за транспорт и врски Бочварски дозволи главниот коридор да им биде воден од Артан Груби, а надзор да им бидат фирми за производство на гаќи.

СДС во 7 години лопата не фрлија, затоа наместо политиканство и акробации да се реформираат бидејќи на државата и е потреба силна опозиција за просперитетна држава.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Тухел не знае дали Кејн ќе остане капитен на Англија

 Новиот селектор на Англија, Томас Тухел, одговори на прашањето дали напаѓачот Хари Кејн ќе остане капитен на националниот тим под негово водство.

- Сите знаат како се чувствувам за Хари. Морав да работам напорно за да го доведам во Баерн. Тој веќе е на пат да стане легенда. Што се однесува до капитенската лента во англиската репрезентација, рано е да се носат такви одлуки. Сакам да му оддадам почит на Ли Карсли и да не му се мешам во работата, изјави Тухел за „Goal“.

Вчера Фудбалската асоцијација на Англија го објави назначувањето на Тухел за селектор на националниот тим. Германскиот стручњак ќе ги преземе своите обврски на 1 јануари 2025 година.

Последната работа на Тухел беше Баерн Минхен, кој го водеше од март 2023 до јуни 2024 година. Од јануари 2021 година до септември 2022 година, Германецот беше тренер на Челзи.

Радев: Бугарија треба повторно да ја преземе водечката улога на Балканот

Конечно е време да ги извадиме главите од песокот, да престанеме да се занимаваме со нашите внатрешни семејни и провинциски кавги и да се вратиме таму каде што ни е местото, истакна Радев. 

Колку е можно побрзо, Бугарија треба да ја обнови водечката улога на Балканот. Не да реагираме, не да следиме општи политики, туку да ги креираме, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев, откако положи венец на спомен-плоча во Сараево, симбол на пријателството помеѓу Бугарија и Босна и Херцеговина.

- Конечно е време да ги извадиме главите од песокот, да престанеме да се занимаваме со нашите внатрешни семејни и провинциски кавги и да се вратиме таму каде што ни е местото, истакна Радев. - Во Босна и Херцеговина гледаат на Бугарија како на силен и достоен член на НАТО и на Европската Унија – земја со демократија, развиена економија и социјален систем. Тие гледаат на нас со надеж – да поддржуваме, да помагаме, да водиме, вели Радев.

Тој потсети дека Бугарија е првата земја која ја призна независноста на Босна и Херцеговина во 1992 година.

- Моето прашање до бугарските политичари е каде остана таа Бугарија – Бугарија која прва реагираше на сите важни проблеми во регионот, која беше прва во донесувањето на одлуки, која беше прва во поддршката, која го иницираше процесот за безбедност во Југоисточна Европа, додаде Радев.

Тој апелираше до бугарските политичари да ги решат внатрешнополитичките проблеми и да ја вратат Бугарија на Балканот „во еден поширок регионален план“, бидејќи земјата има докажано дека може да води со конструктивни политики и може да иницира важни процеси, пренесува БТА.

Пред средбата со генерал-полковник Ласло Штиц, командант на силите на ЕУ во Босна (ЕУФОР) во операцијата „Алтеа“, Радев рече дека оценката на босанските власти за работата на бугарските војници во операцијата е исклучително висока.

- Ова е јасен знак дека Бугарија е свесна за важноста на безбедноста и стабилноста во овој регион, за да имаме безбедност и стабилност во Југоисточна Европа. Затоа Бугарија е тука, Бугарија е силно ангажирана и ќе продолжи да биде силно ангажирана, нагласи Радев.

Во моментов бројот на бугарски војници во „Алтеа“ е 121. Радев рече дека денеска ќе им се заблагодари за важната улога што ја извршуваат за безбедноста и стабилноста на Босна. - Тие работат во многунационален формат, но нашите војници уживаат исклучително висок респект за нивниот професионализам и посветеност, забележа бугарскиот претседател и додаде дека Бугарија ќе продолжи да помага на вооружените сили на Босна и Херцеговина, така што тие да постигнат повисок стандард во нивната подготовка и на патот кон членство во НАТО.

Според него, ситуацијата во земјата моментално е мирна и стабилна, но за да се минимизираат ризиците, операцијата „Алтеа“ ќе продолжи, а Бугарија, како одговорен член на оваа мисија, ќе продолжи со своето присуство.

- Во моментов (во БиХ) нема политички консензус за членство во НАТО, додаде тој. - Но јас продолжувам да ги потсетувам властите тука да погледнат во блиската историја на Југоисточна Европа – сите земји кои се членки на ЕУ, пред тоа станаа членки на НАТО. Ако ги погледнете и другите земји од Западен Балкан – Албанија, Црна Гора, Македонија – тие веќе се членки на НАТО и се борат за членство во ЕУ. Тоа е утврдениот пат до сега. Јас ги охрабрувам властите овде да ја разгледаат уште еднаш евроатлантската перспектива, бидејќи има консензус за европскиот пат, рече Румен Радев.

Шефот на бугарската држава е во официјална дводневна посета во Босна и Херцеговина на покана од претседавачот на босанското Претседателство Денис Бечировиќ. Денеска тој се сретна со високиот претставник на меѓународната заедница во Босна Кристијан Шмит, како и со претставници на босанскиот парламент.

Украинските власти разбија нарко картел, извршија 230 рации во 20 региони во земјата

Органите на редот во Украина извршија над 230 претреси во околу 20 региони на земјата, при што открија и уништија 19 лаборатории за дрога, објавија украинските медиуми.

Органите на редот во Украина извршија над 230 претреси во околу 20 региони на земјата, при што открија и уништија 19 лаборатории за дрога, објавија украинските медиуми, повикувајќи се на пораката на министерот за внатрешни работи Игор Клименко на Телеграм.

Според него, „Полицијата разби нарко картел чии членови произведувале и продавале психотропни супстанции преку канали на апликацијата за пораки“.

Министерот истакна дека за време на рациите се приведени повеќе од 60 лица. Провалени се 19 лаборатории во кои месечно се произведувало околу еден тон амфетамини и други синтетички дроги.

Според Клименко, приходите на криминалците од продажба на дрога достигнале 350 милиони украински гривни (7,9 милиони евра) месечно.

-Борбата против трговијата со дрога треба да биде токму тоа: систематска и главно насочена против добавувачите на дрога, рече Клименко.

Четворица дилери на дрога кои припаѓаат на организирана криминална група се уапсени во Криви Рих во регионот Дњепропетровск.

притисни ентер