Тухел не знае дали Кејн ќе остане капитен на Англија

 Новиот селектор на Англија, Томас Тухел, одговори на прашањето дали напаѓачот Хари Кејн ќе остане капитен на националниот тим под негово водство.

- Сите знаат како се чувствувам за Хари. Морав да работам напорно за да го доведам во Баерн. Тој веќе е на пат да стане легенда. Што се однесува до капитенската лента во англиската репрезентација, рано е да се носат такви одлуки. Сакам да му оддадам почит на Ли Карсли и да не му се мешам во работата, изјави Тухел за „Goal“.

Вчера Фудбалската асоцијација на Англија го објави назначувањето на Тухел за селектор на националниот тим. Германскиот стручњак ќе ги преземе своите обврски на 1 јануари 2025 година.

Последната работа на Тухел беше Баерн Минхен, кој го водеше од март 2023 до јуни 2024 година. Од јануари 2021 година до септември 2022 година, Германецот беше тренер на Челзи.

Презентиран новиот Прирачник за безбедност на новинарите

Во просториите на Јавното обвинителство денеска беше презентиран новиот прирачник за безбедност на новинарите, во организација на ЗНМ, а во соработка со јавното обвинителство и МВР.

Мемов: Буџетот на ПИОМ за 2025 ќе биде 2,2 милијарди евра, пари за пензии ќе има

Линеарното зголемување на пензиите кои пензионерите го добија со исплатата на септемвриската пензија ја чини државата околу 14 милиони евра месечно или до крајот на оваа година околу 41 милион евра. 

Над 340 илјади пензионери се до март идната година ќе земаат пензии повисоки за 2 500 денари, со иплатата на мартовската пензија следната година ќе го добијат и вториот дел од уште 2 500 денари, од ПИОМ уверуваат дека пари за исплата на пензии има, а согласно прокециите на буџетот за идната година, дефицитот ќе изнесувал 27 %, за што ќе бидат префрелни средства од Владата во висина од околу 580 милиони евра. На денешниот брифинг со новинарите директорот Никола Мемов вели доколку не се случело линеарното покачување чија цел според него е намалување на социјланата разлика, пензионерите наместо 11 % ќе добиеле повисоки пензии за само 4 %.

„Буџетот за 2025 е проектиран на 2,2 милијарди евра. Буџетскиот дефицит за следната година е прокетиран на 27 %, ќе се покрива според планот со средства од Владата во висина од околу 580 милиони евра. “- ПИОМ.

Наспорти линеарното покачување, кое беше дел од предизборното ветување на Владата, во септмеври 2026 година пензионерите ќе добијат усогласување, согласно методологијата кое би изнесувало околу 4 %. Дали ќе има зголемување на старосната граница, Мемов вели не е прашање на кое одговорт го има фондот, за тоа го одлучувала Владата. Годишно бројот на пензионери се зголемува од 0,9 до 1 %.

Мемов најави подобрување на функционирањето на ПИОМ, и сет на мерки кои како институција ќе ги предложат до Владата, со цел подобрување на финансиската состојба, според него дупката која ја има ПИОМ не е резулатат на лошото менаџирање на фондот туку е резултат на досегашните економски политики на Владите. Една третина од исплатата на пензии се средства што доаѓаат од државната каса.

Велковски: Наша обврска е да се грижиме за бездомните лица

Во рамките на македонско-австриската соработка, на 17 и 18 октомври 2024 година во Скопје се одржува дводневна работилница со цел размена на искуства за услуги за бездомни лица/лица без сопствен дом.

Воведни обраќања на работилницата имаа заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски и австрискиот аташе за социјални прашања, Харалд Фугер.

На почетокот од своето обраќање, Велковски искажа благодарност до аташето Фугер и до Сојузното Министерство за социјална политика, здравство, нега и заштита на потрошувачи на Република Австрија за повеќегодишната интензивна соработка.

Говорејќи за бездомништвото во државата, заменик министерот Велковски посочи дека во досегашната пракса биле применети различни пристапи за решавање на овој комплексен проблем. Воедно, тој нотираше дека останува потребата од поголема вклученост и координација на повеќе ресори во насока на надминување на проблемите со кои се соочува оваа категорија на лица.

„Тука е пред сѐ здравствениот сектор со програми за ментално здравје на оваа категорија, станбениот сектор и достапноста на домови со субвенционирана станарина, како и образовниот сектор со достапни програми и начини за доквалификација и стекнување со неопходниот степен на образование за лицата кои го немаат”, рече Велковски.

Заменик министерот Велковски пред присутните ги наведе мерките за помош и поддршка на бездомните лица во системот за социјална заштита, како и активностите поврзани со развивање и давање социјални услуги од страна на општините за задоволување на потребите на најранливите категории на граѓани, вклучувајќи ги и бездомните лица. Исто така, беа спомнати и активните мерки и политики за вработување, како и социјалното претприемништво.

На крајот, Велковски заклучи: „Има многу начини да се помогне во борбата против бездомништвото. Наша обврска е да изнаоѓаме одржливи и долгорочни решенија кои го зајакнуваат и гарантираат пристапот до основните социјални услуги, вклучувајќи го домувањето, вработувањето, образованието, здравствената и детската заштита. Наша должност е да се погрижиме секој човек во ризик повторно да си го заштити својот интегритет”, се наведува во соопштението од Министерството.

притисни ентер