СДС и Венко Филипче, познати како синоними за криминал, неспособност и пљачка на државата, се последните кои имаат право да зборуваат за економија и сиромаштија!
Филипче, кој е запаметен и како министер кој тргуваше со човечки животи и набавуваше респиратори и вакцини по сомнителни договори, денеска има образ да зборува за кошнички и стандарди?! Тоа е исто како лисицата да зборува за безбедноста на кокошарникот!
Седум години владеење на СДС беа години на распродажба на државните интереси, зголемување на долговите, инфлација и систематска кражба. Тие се главната причина зошто граѓаните денес се соочуваат со вакви економски предизвици кои макотрпно како Влада ги надминуваме.
ВМРО-ДПМНЕ не само што реагираше веднаш за да ги заштити граѓаните од алчноста на трговците, туку и воведе механизми за контрола и казнување. За разлика од СДС, кој ги охрабруваше картелите и мафијата да печалат на маката на народот, ние преземаме акција.
Неврохирургот на Заеви треба да ја наведне главата од срам за милионите евра украдени од тендери, а не да држи лекции за морал и економија.
Граѓаните добро знаат кој ги осиромаши – токму СДС, кој оставаше долгови, сиромаштија и безнадежност. А Венко Филипче, кој вечерва се обидува да зборува за народот, е истиот тој што се богатеше додека луѓето умираа чекајќи терапија!
ВМРО-ДПМНЕ е истрајна во намерата да стави крај на ваквите лаги и манипулации. Граѓаните нема да дозволат оние кои ги уништија да им држат лекции за морал. СДС и Филипче нека молчат, бидејќи секој нивен збор само ја потсетува јавноста на нивниот криминал и катастрофалното владеење!, се наведува во партиската реакција.