Видео: Меланија Трамп за совите голи фотки: Гордо стојам зад нив

Сопругата на американскиот милијардер и екс претседател Доналд Трамп, убавата Меланија Трамп неодамна ја најави својата нова книга, мемоари, која ќе биде исполнета со фотографии од различни периоди од нејзиниот живот,.

Сопругата на американскиот милијардер и екс претседател Доналд Трамп, убавата Меланија Трамп неодамна ја најави својата нова книга, мемоари, која ќе биде исполнета со фотографии од различни периоди од нејзиниот живот, вклучувајќи ја и долгата кариера како модел.

Нејзиното најново промотивно видео беше објавено неодамна на мрежите, а таа не штедеше труд да ги велича своите фотографии, споредувајќи ги со делата на најголемите уметници, како што е Микеланџело.

- Зошто гордо стојам зад мојата гола манекенска работа? Поважното прашање е зошто медиумите решија внимателно да ја разгледаат мојата прослава на човечкото тело во модната фотографија? Дали веќе не можеме да ја цениме убавината на човечкото тело? - вели Меланија. Целото видео е придружено со нејзиниот глас, додека прикажува фотографии од уметнички дела, како што е статуата на Давид од познатиот Микеланџело. Секако, таа не ги откри своите фотографии.

- Низ историјата мајсторите уметници ја почитувале човечката форма, предизвикувајќи длабоки емоции и восхит. Треба да ги почитуваме нашите тела и да ја прифатиме безвременската традиција на користење на уметноста како моќно средство за самоизразување, вели таа.

Ова е четврто видео што Меланија Трамп го објави на своите профили на социјалните мрежи пред објавувањето на нејзините мемоари, кои ќе бидат објавени на 1 октомври. Многу необична маркетинг стратегија за да ги натера луѓето да ја нарачаат однапред нејзината книга.

Перински: 80 општини поднесоа 358 предлог проекти, фазата на евалуација ќе трае од 7 до 10 дена

 Вкупно 80 општини аплицираа на јавниот повик на Владата за добивање средства за реализација на инфраструктурни проекти во општините, поднесени се 358 предлог проекти, наредниот период ќе следува процес на евалуација.

Вкупно 80 општини аплицираа на јавниот повик на Владата за добивање средства за реализација на инфраструктурни проекти во општините, поднесени се 358 предлог проекти, наредниот период ќе следува процес на евалуација, соопшти денеска министерот за локална самоуправа, Златко Перински кој со министерот за јавна администрација, Горан Минчев и претставникот од ЗЕЛС и градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски учествуваа на втората јавна дискусија од кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“.

Одговарајќи на новинарски прашања Перински рече дека сите општини имале еднаква можност да се пријават со проекти на повикот кој заврши пред неколку дена. Фазата на евалуација ќе трае помеѓу седум и десет дена.

- Веќе сме во фаза на колектирање на проектните документации во рамки на ресорните министерства тој десетдневен период завршува во понеделник и потоа почнува фазата на евалуација којашто ќе се случува повторно во рамки на ресорните министерства. Нашите очекувања се дека фазата на евалуација ќе трае не повеќе од седум до десет дена и веќе очекуваме првата недела во следниот месец предлог проектите за финансирање да бидат доставени од страна на ресорните министерствата на усвојување на владина седница, рече министерот за локална самоуправа.

Тој кажа дека вчера имале и состанок на со координативното тело во кое членуваат и ресорни министерства во однос на потребната документација која требало да ја достават општините.

- Вчера имавме состанок на координативното тело во којшто членуваат и ресорните министерства повеќе од 50 проценти од општините коишто ги имаат поднесено апликативен формулар во рамки на министерството за локална самоуправа веќе ги имаат доставено своите предлог проекти, очекуваме уште неколку дена кои остануваат до истек на рокот да ги достават сите локални самоуправи, практично да го заокружиме процесот, изјави министерот Перински.

„Патека на славните“ на Широк сокак во Битола

На ден пред почетокот на 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, на Широк сокак во Битола се оформува „Патека на славните“ на која се поместени 18 ѕвезди.

На првата ѕвезда, пред киното „Манаки“ врежани се имињата на кинематограферите Милтон и Јанаки Манаки, а потоа следат имињата на сите досегашни добитници на наградата „Златна Камера 300“ за животно дело.

Од ИФФК „Браќа Манаки“ информираат дека шестмина од досегашните лауреати ќе присуствуваат во Битола и лично ќе ја откријат својата ѕвезда, меѓу нив и годинашниот добитник на Златната Камера 300 за животен опус, францускиот кинематографер Бруно Делбонел.

Ѕвездите се изработени од месинг со изгравирано име на кинематограферите лауреати и вградени во плоча од мермер, вдолж од киното Манаки, покрај куќата во која живееле браќата Манаки и се до Офицерски дом.

Фестивалот почнува утревечер и се отвора со филмот „Партенобе“ на Паоло Сорентино, а завршува на 27 септември со македонската премиера на филмот „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оравчанец.

ФИДЕ додели златна плакета на ПСУ „Јахја Кемал“

На конгресот на Светската шаховска федерација (ФИДЕ) за имплементација на шахот во образованието за време на 45-та Шаховска олимпијада во Будимпешта беше доделена Златна плакета на ПСУ „Јахја Кемал“.

Наградата на ПСУ „Јахја Кемал“ и наставникот по шах Орце Данчевски е врачена од светскиот шампион во шах од Индија, Вишванатан Ананд.

Ова е највисокото глобално признание од ФИДЕ за имплементирање на шах во училишната програма.

ПСУ „Јахја Кемал“ доби највисоко бодување на програмата за работа, материјалите и сеопфатноста во предавањата, интегрирање на шахот во образовната програма севкупно, висококвалификувани инструктори по шах, промоција на шаховските настани со медиумска покриеност како и промоција на социјална инклузија, финансирањето на шахот преку училишниот буџет.

Златн ПСУ „Јахја Кемал“ го доби во конкуренција на шаховски школи од целиот свет и е единствен добитник на оваа награда на ниво на Балкан.

Шахот како предмет во ПСУ Јахја Кемал е воведен во 2008 година.

притисни ентер