Видео: Косовскиот тренер суспендиран затоа што и удри шамар на ќерка си по поразот од Србинка

Според официјалните информации, Фетиу е суспендиран на шест месеци од сите меѓународни и домашни натпреварувања.

Европската теквондо федерација му изрече шестмесечна суспензија на селекторот на Косово, Ваљмир Фетиу, поради инцидентот што се случи на европското првенство во Тирана, кога и удри шлаканица на својата осумгодишна натпреварувачка, која воедно е и негова ќерка.

Според официјалните информации, Фетиу е суспендиран на шест месеци од сите меѓународни и домашни натпреварувања. Одлуката за суспензијата ја донесе надзорниот орган на натпреварувањето, со образложение дека тренерот покажал „физичка агресија“ кон својот натпреварувач на крајот од натпреварот.

Руското Министерство за одбрана извести за 42 соборени украински беспилотни летала

Руското Министерство за одбрана утринава соопшти дека противвоздушната одбрана синоќа соборила 42 украински беспилотни летала над пет региони во земјата.

Соборени се 20 беспилотни летала над регионот Ориол, по осум беа соборени во регионите Ростов и Брјанск, пет во Курск и еден над регионот Краснодар, објави Министерството во објава на Телеграм.

-Еден од ударите предизвика пожар во објект на инфраструктурата за гориво во селото Сталној Кон, соопшти гувернерот на областа Ојол, Андреј Кличков. „За среќа, благодарение на брзата реакција, се избегнати последиците од нападот - пожарот е навреме локализиран и сега е целосно изгаснат. Нема жртви или значителна материјална штета“, рече тој.

Веќе втора недела погодени се објектите за гориво во регионот Орол.

Водачите на регионите Брјанск и Ростов известија дека нема жртви или штети во најновите напади со беспилотни летала.

Хеликоптер на брза помош се урна во Турција, при што загинаа четири лица

За време на тренинг лет, турски хеликоптер за брза помош се урна на покривот на болницата во областа Ментеше во провинцијата Мугла.

За време на тренинг лет, турски хеликоптер за брза помош се урна на покривот на болницата во областа Ментеше во провинцијата Мугла, на југозападниот дел на земјата, и падна од покривот во болничкиот парк, при што загинаа четири лица, објавија денеска турските медиуми.

На местото на несреќата излегоа бројни противпожарни, здравствени, полициски екипи и екипи на турската служба за итни случаи (АФАД).

Гувернерот на провинцијата Мугла, Идрис Акбик, излегол на местото на несреќата и за турските медиуми потврдил дека животот го загубиле двајца пилоти, еден лекар и еден член на персоналот на брзата помош.

Тој изјави дека во целиот регион има густа магла и потврди дека „нема никакви проблеми во болницата по авионската несреќа“.

Двајца пилоти на американската морнарица соборени во „пријателски оган“ над Црвеното Море

 Двајца пилоти на американската морнарица се соборени над Црвеното Море во така наречен „пријателски оган“, соопшти денеска американската војска. Двајцата пилоти се извлечени живи од водата,.

Двајца пилоти на американската морнарица се соборени над Црвеното Море во така наречен „пријателски оган“, соопшти денеска американската војска. Двајцата пилоти се извлечени живи од водата, а еден се здобил со полесни повреди во инцидентот.

Инцидентот се случил додека американската војска извршила воздушни напади врз јеменските бунтовници Хути. Централната команда на американската армија не прецизираше која била мисијата на пилотите во тоа време.

-Крстосувачот со наведувана ракета Гетисбург, кој е дел од борбената група за удари што го придружува носачот на авиони Хари Труман, по грешка испука и го погоди F/A-18 при полетувањето од носачот“, се вели во соопштението на Централната команда. На 15 декември, беше откриено дека Хари Труман влегол на Блискиот Исток, но не прецизираше дека носачот на авиони и неговата борбена група се наоѓаат во Црвеното Море.

Останува нејасно како Гетисбург го помешал F/A-18 за непријателски авион или проектил, особено затоа што бродовите во борбената група остануваат поврзани и со радар и со радио комуникација. Сепак, Централната команда соопшти дека воени бродови и авиони претходно собориле голем број беспилотни летала на Хутите и противбродска крстосувачка ракета истрелана од бунтовниците.

Синоќа и рано утринава, американски воени авиони извршија воздушни напади кои ја потресоа Сана, главниот град на Јемен, кој Хутите го контролираат од 2014 година. Централната команда ги опиша нападите како цели на „објект за складирање проектили“ и „команден и контролен објект“, без да наведе детали.

Медиумите под контрола на Хутите објавија дека има напади и во Сана и околу пристанишниот град Ходеида, без да дадат информации за жртви или материјална штета. Во Сана, ударите се чини дека се особено насочени кон планината каде што се наоѓаат воените инсталации.

притисни ентер