Ужас во трговски: Се отвори подот и „проголта“ половина продавница и една жена (ВИДЕО)

Драматична снимка ја прикажува несреќата во источна Кина, каде што се урна подот на трговски центар.

Надлежните соопштуваат дека се повредени две лица, а причинета е значителна штета.

Инцидентот се случил на 23 март, а на видеото гледаме жена како ја гледа робата - пред да ѝ се отвори бездна под нозете!

Огромна дупка ја „проголтала“ несреќната жена заедно со половина од продавницата, а се известува дека во урнатините останал заробен градителот – кој работел долу.

„Жената се здобила со скршеници, а работникот си ја повредил ногата. Активно се занимаваме со овој случај и ја пружаме потребната помош“, изјавил претставник на трговскиот центар.

Се шпекулира дека уривањето на подот е предизвикано од оштетен носечки ѕид, но истрагата се уште не е завршена.

Властите се обидуваат да утврдат дали има големи безбедносни пропусти во трговскиот центар, пренесува NDTV.

Величковски: Имаме нефункционален систем на проверка на податоците и систем на неказнивост

„Додека се занимаваме со теми околу името, се занемарува борбата со криминалот и корупцијата“

Прашањето е за постигнување заедничка цел и желбата за комуникација.

Политичката дефиниција на нацијата произлегува од името на државата.

Референдумот создаде длабок јаз меѓу граѓаните, потребно е лидерство за обединување.

Додека се занимаваме со теми околу името, се занемарува борбата со криминалот и корупцијата.

Да, мајоризација постои бидејќи тоа е единствениот начин за контрола особено за економскиот систем кој што е нефункционален.

Имаат двотретинско мнозинство, нека го раскинат Преспанскиот договор.

За ВМРО-ДПМНЕ проблем е отворањето на четвртиот кластер, мора да разбереме дека поважен е држанвниот, а не партискиот интерес.

Дали владеењето на правото е дел од Копенхашките критериуми, да. Дали кршењето на меѓународните договори е кршење на правото, да. Продолжете понатаму...

Преку ветингот во судството повторно ќе се најдат траги за делата што „паднаа“, има дела што не застаруваат.

Имаме нефункционален систем на проверка на податоците и систем на неказнивост.

Во собранието очигледно ДУИ нема да биде единствена опозиција.

Грчките власти најавија ограничен број туристи на познат остров

Дебатата за влијанието на прекумерниот туризам на Санторини се интензивира во вторникот кога 11.000 патници од крузери пристигнаа на островот за еден ден.

Објавата на социјалните мрежи на Панајотис Каваларис, претседател на општина Тира, која подоцна беше избришана, ги повика жителите да ги ограничат своите движења поради зголемениот туристички сообраќај. Објавата привлече големо внимание и критики, при што некои сугерираат дека жителите се ограничени во корист на туризмот.

Во вторникот се одржа состанок на кој учествуваа високи претставници од различни министерства, градоначалникот на Тира (Санторини), гувернерот на регионот на Јужно Егејско Море и пратеници од Кикладите. Дискусијата ги истакна актуелните прашања, вклучително и потребата да се ограничи бројот на крстарења до островите.

Градоначалникот на Санторини, Никос Зорзос, изјави за „Катимерини“ дека бројот на патници од крузерите кои се симнуваат на островот не треба да надминува 8.000 дневно, пренесува „eKathimerini.com“.

– Почнувајќи од 2025 година, ќе го вратиме ова ограничување за да го зачуваме нашиот остров како единствена дестинација – рече Зорзос.

Тој објасни дека оваа година не е можно да се воведат ограничувања за пристигнување на крузерите поради однапред планирани такви патувања. Но, општинската власт успеа да го намали бројот на денови во кои бројот на посетители надминува 10.000-11.000, од ​​63 лани на 48 годинава.

Зорзос рече дека иако регулираниот туризам со крстарење не треба да претставува проблеми, потребни се дополнителни мерки, вклучително и изградба на ново пристаниште, подобрување на енергетската инфраструктура и урбанистичкото планирање, како и подобро регулирање на хотелите и Airbnbs.

Нетанјаху за средбата со Бајден: Се радувам што ќе соработувам со него наредните месеци

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека со нетрпение очекува да работи со американскиот претседател Џо Бајден „во наредните месеци“ до крајот на неговиот мандат, додека започнуваа разговорите во Белата куќа.

Бајден и Нетанјаху ќе разговараат за можен прекин на огнот во деветмесечната војна во Газа. Ова се нивни први разговори лице в лице откако Бајден отпатува во Израел неколку дена по нападот на Хамас на 7 октомври, го прегрна Нетанјаху и вети американска поддршка.

„Сакам да ви се заблагодарам за 50 години јавна служба и поддршка за државата Израел и со нетрпение очекувам да разговарам со вас денес и да работам со вас во наредните месеци“, рече израелскиот лидер по пристигнувањето во Белата куќа. „Имаме многу работи за разговор“, рече Бајден при приемот на Нетанјаху во Овалната соба.

Бајден и Нетанјаху подоцна ќе се сретнат со семејствата на американските заложници кои ги држи Хамас. Нетанјаху подоцна треба да се сретне одделно со потпретседателката Камала Харис, претпоставениот демократски претседателски кандидат по повлекувањето на Бајден. Поранешниот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп треба да го прими утре во неговата резиденција во Мар-а-Лаго.

притисни ентер