Фото: Кралицата на Ноќта на вештерките, Хајди Клум и оваа година воодушеви со својата маска

Легендарниот светски топ модел, Хајди Клум успеа повторно да изненади со нејзиниот костим за Ноќта на вештерките.

Екс манекенката, која ја нарекуваат кралица на Ноќта на вештерките, организирала забава во Њујорк. Таа и нејзиниот сопруг Том Каулиц на забавата се појавиле облечени како вонземјанинот Е.Т. од истоимениот култен филм од 1982 година.

Режисер на филмот е Стивен Спилберг.

Хајди ги покажа нивните костими на Инстаграм. Претходно на своите следбеници им порача дека „никогаш нема да погодат“ што им подготвува оваа година.

Повеќе од 20 години, Клум педантно ги изработува своите костими за Ноќта на вештерките и ги воодушевува своите обожаватели. Така го добила прекарот Кралица на Ноќта на вештерките.

Талибанците се пофалија дека излечиле 95 проценти од 4 милиони Авганистанци- наркомани

Заменик авганистанскиот министер за борба против наркотици Абдул Рахман Касеми изјави дека во Авганистан има околу четири милиони наркозависници, односно дека секој десетти во таа земја е зависник од дрога.

Касеми посочи дека поради еден наркоман, негативни последици трпат уште најмалку седум лица, главно членови на неговото семејство, пренесе РИА Новости.

Касеми, говорејќи во центарот за лекување наркомани „Агуш“ во Кабул, рече дека, според МВР, илјадници луѓе во Авганистан се лекуваат од зависност од дрога.

Касеми истакна дека за повеќе од три години откако талибанците се вратија на власт во Авганистан, повеќе од 100.000 зависници од дрога се лекуваат, а 95 отсто од нив биле излечени.

Според Касеми, одгледувањето дрога и трговијата со дрога во Авганистан се сведени на нула.

Вториот заменик министер за борба против дрогата Абдул Хак Хамкар изјави дека во центарот за рехабилитација „Агуш“ се лекуваат 5.000 наркозависници, на кои меѓу другото им е обезбедена и бесплатна настава по веронаука.

Рибари со чамец влетаа во торнадо, немаа каде да избегаат (ВИДЕО)

Драматична приказна е снимена во близина на брегот на Тексас, додека двајца рибари и нивното куче пловеле по море.

Тие уживале на бродот, а потоа небото се смрачи. Почна да врне, додека ветрот наеднаш се засили, пренесува Метро.

По некое време, невремето драстично се влошило. Тогаш Брајан Џонсон и неговиот пријател сфатиле дека се упатуваат директно кон торнадо. Немале друг избор освен да се прекрстат и да се надеваат на најдобро.

„Ако паднеш, одам по тебе“, се слуша на видеото кое кружи на социјалните мрежи.

Рибарите биле решени да останат во пловилото, додека ветерот го нишал лево-десно. Биле исплашени, целосно мокри, но некако преживеале.

По драматичното искуство, Брајан објаснил што се случило.

„Бевме на риболов и бевме фатени во торнадо. Поминавме низ него и преживеавме. Господ нѐ спаси“, рекол рибарот.

Националната метеоролошка служба потврдила дека торнадо ЕФ-3 подоцна го допрело автопатот 124 во округот Чемберс. Едно лице е повредено, а налетите на ветрот урнале столбови од електрична мрежа.

Индиец влетал крвав во полициска станица без четири прсти,сите се шокирале од бизарната вистина

На крајот на декември, 32-годишниот М.Тарапара се појавил во полициската станица во индискиот град Сурат и рекол дека доживеал сообраќајна несреќа со мотор.

Вознемирениот маж бил облеан во крв, му недостасувале четири прсти на левата рака, па веднаш бил пренесен во болница. Сепак, ова било само почеток на бизарната приказна, пренесува Oddity Central.

Тарапара тврдел дека возел мотор кога одеднаш му се свртило и се онесвестил покрај патот. Кога се разбудил десет минути подоцна, му недостасувале четири прсти на левата рака.

Покрената е истрага, а прегледана е и снимката од надзорните камери. Тогаш властите сфатиле дека Тарапара го паркирал моторот во близина на обиколница и си заминал. Нешто подоцна се вратил со повредена лева рака.

Сведоци на „несреќата“ немало, па мажот под полициски притисок морал да признае сѐ.

„Тој купил нож од продавница и четири дена подоцна отишол кај обиколницата Амроли. Таму го паркирал својот мотор. Потоа си ги отсекол прстите и ги преврзал раните. За да се ослободи од доказите, ги ставил ножот и прстите во торба и ги фрлил“, открил полициски службеник.

Тарапара ја објаснил причината за ваквиот драстичен потег и сите останале без зборови. Имено, тој повеќе не сакал да работи во фабриката на својот братучед (за преработка на дијаманти) и се направил неспособен за работа.

„Успеавме да ја најдеме чантата со неговите прсти, но сепак не ги добивме сите информации“, соопштија надлежните.

притисни ентер