Усик против Дубоа на 26 август

Светскиот боксерски првак во тешка категорија, Украинецот Олександр Усик, ќе ги брани титулите во верзиите IBF, IBO, WBO и WBA на 26 август против Британецот Даниел Дубоа во полскиот град Вроцлав.

Се очекуваше дека Усик ќе се бори против светскиот првак во верзијата WBC, Британецот Тајсон Фјури, но преговорите за нивна борна пропаднаа во март.

„Се гледаме на 26 август“, напиша украинскиот боксер на социјалните мрежи, најавувајќи ја борбата која е закажана два дена по Денот на независноста на Украина – 24 август.

„Навистина ми е мило што имаме можност да организираме борба во Полска, каде пред седум години ја освоив својата прва светска титула. Сакам да му се заблагодарам на полскиот народ кој толку искрено ѝ помага на Украина“, порача Усик. /МИА

Владините институции прават попис на потребите на службените возила

Владините институции прават попис на потребите на службените возила, меѓу новите кои ќе се купат ќе има и електрични и хибридни.

Владата на Република Македонија ќе набавува нови возила, меѓу кои електрични и хибридни. Но, набавката ќе се планира во следниот буџет. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска изјави дека сите институции се задолжени да направат попис на потребите на возила.

-Второ што сакаме да направиме е да имаме поинаков пристап преку оперативен лизинг да ги намалиме трошоците за нивно одржување и на тој начин да обезбедиме нова флота на возила, меѓу коишто сигурно ќе има и такви електрични возила, хибридни итн. Возила со коишто сигурно нема да биде мисијата на лоши честитчки, оваква каква што е сега и очекувам дека набруго тоа ќе го направиме. Но секако не оваа година, бидејќи тоа мора да биде предвидено во буџетот за следната година, вели Мицкоски.

Премиерот Мицкоски истакна дека и преку инвестициите во енергетиката планот е Македонија да биде енергетски независна во делот на увозот на електричната енергија, а го најави и носењето на новиот Закон за енергетика. Тој додаде дека со инвестицијата на компанијата „Алказар“ во производство на енергија од обновливи извори на енергија очекува да се произведува струја некаде еден терават час.

-Еден терават час е отприлика, колку што е 25 % од вкупното производството коешто го имаме како држава и со еден еден терават на час ќе дојдеме до би рекол на чекор до независност, а во периодот којшто следи со носење на новиот Закон за енергетика, каде што ќе бидат предвидени батериски системи и слично, мислам дека во следната веќе 2025, почетокот на 2026 година би можеле да зборуваме за портфолио на државата увоз-извоз нула. Што значи дека ќе ја направиме Македонија енергетски независна од делот на увоз на електрична енергиј, изјави Мицкоски.

За лошата состојба во АД ЕСМ, која се дави во долгови, Мицкоски истакна дека точно е долговите се огромни.

-За жал во право сте дека во изминатите седум години, ништо не е променото од една состојба, којашто јас кога бев генерален директор во АД ЕСМ со ЕЛЕМ тогаш со 25 милиони евра банкарски депозити, шест милиони евра на сметка и нула долгови, за жал пред некоја недела ја оставија компанијата со повеќе од 80 милиони евра долг, пет милјарди денари, изјави Мицкоски.

Посочи дека се прави Програма за санација на долговите на АД ЕСМ и какошто рече премиерот Мицкоски „верувајте дека многу скоро ќе излеземе од овие долгови коишто ги оставија оние криминалци, коишто претходно го водеја“.

Најверојатно нема да има алкохол на СП 2034 во Саудиска Арабија

Алкохолот најверојатно нема да се продава на Светското фудбалско првенство во 2034 година.

Пиењето алкохол е нелегално во Саудиска Арабија. „Sky Sports“ забележува дека не се планира да се олабават законите навреме за Мундијалот по 10 години.

- Ние сме домаќини на повеќе од сто спортски настани без алкохол, пречекувајќи три милиони навивачи. Тие си поминаа одлично и открија што има да понуди Саудиска Арабија – забава, уметност, музика, култура и наследство, изјави саудискиот менаџер Хамад Ал Балави.

Покрај тоа, турнирот би можел да се одржи во зима, исто како Светското првенство во Катар во 2022 година.

- Тоа ќе биде одлука помеѓу ФИФА, конфедерациите, лигите и фудбалските асоцијации. Ќе се вклучиме во оваа дискусија во догледно време. Подготвени сме да примиме гости кога тоа ќе биде побарано, додаде Ал Балави.

Саудиска Арабија е единствениот кандидат за домаќин на Светското првенство во 2034 година. Таа треба официјално да биде прогласена како земја домаќин на турнирот на Конгресот на ФИФА на 11 декември.

Петровска: Наместо писма, ВМРО-ДПМНЕ да го задолжи Гаши да ја закаже Комисијата

Наместо писма, ВМРО-ДПМНЕ да го задолжи Гаши да ја закаже Комисијата за Законот за бранители.

Изјавите на претставниците на партиите од власта поврзани со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и членовите на нивните семејства по скратена постапка дека се работи за провокација или обид за дестабилизација се пораз за демократијата, демант на сите изјави на тие политичари дека се свесни за значењето на соживотот, меѓуетничките односи, интеграцијата во ЕУ и својата улога во општеството, изјави денеска пратеничката на опозициската СДСМ, Славјанка Петровска, која е предлагач на законот.

- Поднесениот Предлог-закон е одговор на барањата за правда и правичност оттаму што не се однесуваат само на припадниците на безбедносните сили од воениот конфликт во 2001, туку и на оние кои загинале извршувајќи задачи во интерес на заштитата на државата и на сите граѓани, рече Петровска.

Побара од пратениците од владејачката партија да го задолжат претседателот на Собранието да го примени Деловникот идентично како што тоа го направиле со задолжувањето со кредитот од Унгарија и да закаже седница на Комисијата за труд.

- Претседателот Гаши да постапи исто како во случајот со унгарскиот кредит... Тој тогаш го искористи деловничкото право и ја свика Комисијата за финансирање и буџет и назначи пратеник кој ќе ја води таа комисија. На тој начин постапката продолжи. Истото тоа го бараме да се примени и сега. Тврдам дека чекор назад е свикување на Комисијата бидејќи и претседателката на таа комисија јавно кажа дека нема да ја свика Комисијата. Доколку не биде постапено идентично, изјавите на првиот вицепемиер Меџити дека овој закон нема да биде донесен ќе бидат само потврда дека пратениците на ДМПНЕ се само бројка во Собранието без капацитет да ги исполнат ветувањата, рече Петровска.

Што се однесува на работата на претседателот на Собранието, Петровска рече дека пратениците од опозицијата ќе побараат Комисијата за мандатно-имунитетни прашања да расправа и да утврди дали има прекршувања или погрешни толкувања и примена на Деловникот од негова страна.

За Предлог-законот што е поднесен во Собранието рече дека е со поширок обем отколку оној поднесен од Стојанче Ангелов од „Достоинство“.

- Тогаш предложениот предлог-закон поднесен на иницијатива на Достоинство, беше изготвен во мојот Кабинет како министерка за одбрана во координација со Стојанче Ангелов. Заради одлуката на Ангелов да направи предизборна коалиција со ВМРО –ДПМНЕ, тој Предлог-законот го поднесе како сопствена иницијатива, а не како предлог на Владата. Дури и тогаш тој Предлог-закон беше поддржан од СДСМ, рече таа.

притисни ентер