Потребни состојки: 5-6 компири, 500 гр.зеленчук, 5 јајца, 7 лажици мајонез, 3 лажици павлака, 3 пакетчиња желатин, 1 лимон, сол и бибер по вкус.
Постапка:
Во тенџере со вода мешаниот зеленчук од компир, морков и грашок се вари околу 10-тина минути.
За тоа време компирот се сечка на коцкички и се става да се вари во вода со малку сол.
Во чаша со малку млака вода се растворуваат 3 пакетчиња желатин и се остава малку да се излади.
За тоа време сварениот сечкан компир се додава на сварениот зеленчук, се полева со сок од лимон и се зачинува со бибер и сол по вкус.
Желатинот се става на оган малку да се загрее.
Потоа се додава мајонез и павлака и со постојано мешање треба да се добие хомогена смеса.
Смесата се додава на зеленчукот и компирот.
Сите состојки добро се мешаат за да се добие хомогена смеса.
Смесата се префрла во калап со фолија.
Калапот се полни со смесата до половина, а потоа се редат сварени јајца на средина.
Одозгора се става втората половина од смесата.
Се става во фрижидер неколку часа за да се стегне смесата.