Уапсена е жена по мистеризоната смрт на три лица во дом за стари во Британија

Неименувана жена е уапсена откако три лица биле пронајдени мртви во дом за стари лица во Дорсет, Британија.

Полицијата соопшти дека ја уапсила жената (60) за да „утврди дали имало некакво дело или пропуст од небрежност“.

Смртта на тројцата жители моментално се води како неразјаснета, а во моментов се проверува да не се работи за труење со јаглерод моноксид.

Екипите на итната медицинска помош превезеле уште седум лица во болницата како мерка на претпазливост, а целиот дом за стари лица е евакуиран.

Според извештаите, во домот биле сместени 48 лица, сите стари, меѓу кои имало и дементни.

Сара Џесика Паркер со поддршка за Камал Харис од својот стан во Њујорк (ФОТО)

Нема сомнеж за кого ќе гласа Сара Џесика Паркер на претстојните претседателски избори.

Пред големиот ден на 5 ноември, актерката се огласи на Инстаграм за да ги поддржи Камала Харис и Тим Волц, со фотографија од знакот „Харис Волц“ во нејзиниот дом во Њујорк.

Во описот на објавата, ѕвездата на „Сексот и градот“ наведе 31 причина зошто гласа за кандидатката на демократите, вклучувајќи фактори како што се разумните закони за оружје, климата и правата на жените. Паркер ги спомна и нејзините најблиски, вклучително и нејзиниот син и двете ќерки со сопругот Метју Бродерик, со што јасно стави до знаење дека таа гласа и во нивен најдобар интерес.

На задоволство на многу фанови, Сара Џесика во заклучокот од описот се осврна на нејзината позната улога на Кери Бредшо во серијата Сексот и градот и рече: „И за одреден спинстер без деца што го играм на телевизија. Со изобилство на радост, оптимизам и гордост гласам за потпретседателката Камала Харис и гувернерот Тим ​​Волц.“

Објавата има над 325.000 лајкови и е поддржана од познати личности како Аријана Гранде, Џесика Алба, Карли Клос и Енди Коен, кои се меѓу многуте познати личности кои ја поддржаа кампањата на Харис Волц пред изборите следниот месец.

ОН во најновиот извештај: Итаме кон глобална катастрофа, затоплувањето е двојно поголемо

„Планетата забрзано се движи кон катастрофално глобално затоплување од 3,1 степени до крајот на векот.“ 

„Планетата забрзано се движи кон катастрофално глобално затоплување од 3,1 степени до крајот на векот. Емисиите на стакленички гасови се на својот врв и потребна е итна акција за да се спречат катастрофални температурни скокови и да се избегнат најлошите влијанија од климатските промени“, се вели во најновиот извештај на Програмата на Обединетите нации за животна средина (UNEP).

- Време е за тешки климатски мерки. Потребна ни е глобална мобилизација на ниво и темпо што не било видено досега. Ако тоа не се случи, границата од 1,5 степени на затоплување поставена со Парискиот договор наскоро ќе биде мртва, а потоа од 2 степени ќе биде во ургентниот центар - изјави Ингер Андерсен, извршен директор на УНЕП.

Според овој годишен извештај, за само неколку години ќе се постигне затоплување од 1,5 степени доколку земјите во светот колективно не ја намалат емисијата на штетни гасови за 42% до 2030 година и за 57% до 2035 година. Доколку тоа не се случи , планетата ита кон „катастрофално затоплување од 3,1 степен“, велат експертите.

- Се држиме за планетарното јаже. Или светските лидери ќе ги намалат емисиите на гас или директно ќе се втурнеме во климатска катастрофа, во која најмногу ќе страдаат најсиромашните и најранливите - изјави Антонио Гутереш, генерален секретар на ОН.

Без итна акција нема надеж, додаде тој.

– Денешниот извештај покажува дека достапните, постоечки технологии можат да постигнат намалување на штетните емисии на гас што ни се потребни до 2030 и 2035 година, но неопходно е да има амбиција и поддршка за тоа – рече Гутереш.

Колумна на Јанаки Митровски: Се тресеше гората, се роди Апасиев

Адвокатот Јанаки Митровски објави колумна во која ги пренесува своите размислувања поврзани со судскиот процес, кој лидерот на Левица, Апасиев го поведе по кривична тужба против Канал 5.

Минатата недела бев на рочиште по повод поднесена приватна кривична тужба од политичката партија Левица против новинарите Михаела Димовска и Гоце Михајловски како и телевизијата Канал 5, каде сум еден од двајцата бранители на Канал 5. Двајца сме бидејки ни е страв самите да застапуваме против политички партија предводена од правнички гение, ненадмашлив во сите сродни фели.

Шегата настрана, се работи за класичен пример на SLAPP тужба( Стратешка тужба против јавна партиципација) или поточно кажано, преку ваквиот тип на тужби, неосновани во целост, се прави притисок на медиуми кога известуваат неповолно или не известуваат по ќеиф на поднесувачот на тужбата, во овој случај тоа е Димитар Апасиев, кој се крие позади политичката партија Левица, но и ги користи нејзините ресурси за пресметка со медиумите.

Ги користи нејзините ресурси бидејки во случај да го загуби предметот, а ќе го загуби, трошоците нема да ги намири од сопствен џеб, туку тоа ќе го стори политичката партија Левица или поточно сите ние од чив буџет и се финансираат политичките партии. Поднесување на ваква приватна кривична е лицемерие бидејки Димитар своевремено беседел токму против ваквите тужби.

Своевремено, кога генералниот секретар на Владата на Заев и СДСМ, Драги Рашковски, инаку во факултетските денови најдобар другар на Димитрие, во низата со кои се скарал, поднесуваше вакви тужби, Апасиев имаше сосема поинакво мислење, односно во стручен труд појаснуваше дефиниции и појаснувања за SLAPP тужби и завземаше јасен став против. Тоа секако беше пред да го смести задникот во удобната пратеничка фотелја.

Fast forward пет години подоцна, и со партиски, читај буџетски пари мислењето и ставот се сменија. На првото рочиште како одбрана дојдовме подготвени за фајт, спремни да се соочиме со самопрогласениот најдобар правник во историјата на Македонија, но види чудо, иако овластен тужител, Апасиев не се појави. Имал работни обврски, односно седница во парламентот. Бидејки првото рочиште по приватни кривични тужби е секогаш за мирење, судечкиот судија го одложи првото судење, иако категорично посочивме дека мирење не сакаме бидејки не сносиме вина како страна во постапката.

Колешката адвокат, адвокат на Левица пак посочи дека Левица сака мирење под одредени услови. Какви се тие услови колешката Тамара не посочи. Но ваквиот став е за чудење, чуму тужи тужат ако сакаат да ја повлечат тужбата и под кои тоа специјални услови? Воедно, подготвени за судење, Димитар не лиши од неговата правна генијалност која очекувавме да ја демонстрира во судница, и наместо тоа се сокри позади парламентот. По таа лгоика тој никогаш нема да се појави бидејки ако

нема седница, има Комисија, прием на амбасадори, состаноци итн. Се тресеше гората, се роди Апасиев.

Господинот Апасиев патем го тужам и лично за клевета и очекувамдека и во тој предмет ќе се служи со пацерски фори за одбегнување одговорност и соочување во судница. Тоа се тие самопрогласени најдобри тастатура правници кои се многу храбри кога се кријат позади медиуми, партии или кога наспроти нив седат Мики Маус ликови. Идентично поведение пред суд има и неговиот полтрон Горан Костовски викан Чиз за кој имам и официјална потврда од судот дека избегнува да прими тужба и докази. Класични кукавици, напиша Митровски во колумната.

притисни ентер