Трајковски постави нов македонски рекорд во скок во далечина во сала

Македонскиот атлетичар во скок во далечина Андреас Трајковски го освои денеска сребрениот медал на Балканското сениорско првенство во сала во Истанбул, постигнувајќи нов државен рекорд.

Трајковски прескокна 7.79 метри што на крајот беше за два сантиметри зад остварувањето на победникот Лука Чурковиќ (7.81 метри) од Хрватска.

Бронзениот медал го освои Бугаринот Божидар сарабуков со прескокнати 7.74 метри.

Својот следен настап на меѓународната сцена Трајковски ќе го има веќе во вторник кога ќе настапи на атлетски митинг во сала во Белград.

Потврдена пресуда против Трамп за сексуално злоставување

Одлуката ја донесе тричлен судски совет на Вториот окружен апелациски суд во Менхетен.

Федерален суд во САД ја потврди пресудата од пет милиони долари кои Џин Керол треба да ги добие според тужбата против Доналд Трамп, откако поротата го прогласи поранешниот претседател за виновен за сексуално злоставување и клевета на поранешната колумнистка на списанието „Ел“.

Одлуката ја донесе тричлен судски совет на Вториот окружен апелациски суд во Менхетен.

Пресудата од мај 2023 година произлегува од инцидент од 1996 година во продавницата „Бергдорф Гудман“ во Менхетен. Керол изјави дека Трамп ја силувал, а тој во октомври 2022 година на мрежата „The Social Truth“ нејзиното тврдење го нарече измама.

Поротата не утврди дека се случило силување, но додели 2,02 милиони долари за сексуален напад и 2,98 милиони долари за клевета. Друга поротај, во јануари 2024 година, пресуди дека Трамп треба да ѝ плати на Керол 83,3 милиони долари за клевета поради изјавите од јуни 2019 година, кога првпат ја негираше нејзината приказна.

Трамп тврдеше дека не ја познава Керол, дека „не е негов тип“ и дека приказната е измислена за да ја промовира својата книга. Тој поднесе жалба за пресудата од 83,3 милиони долари.

Судските процеси продолжуваат и покрај тоа што Трамп повторно беше избран за претседател на изборите на 5 ноември.

Гаши: Ако веќе неколку пати ни се случуваат бегства треба да утврдиме зошто

Немам информации каде би можел да биде Артан Груби, но доколку лидерот на ДУИ Али Ахмети вели дека знае каде е, тогаш тој треба да се повика и да се праша – вели за Канал 5 претседателот на Собранието Африм Гаши.

-Меѓуетничките односи во Македонија се кревки уште од независноста и секогаш треба да се внимава на тие теми.Многу е важно граѓаните да знаат дали некои работи се поради меѓуетнички тензии или политичка корист.Владејачката коалиција не работи врз основа на притисоци едни кон други. Во нашата предизборна програма уставните измени не беа услов. Како мнозинство имаме заеднички став за уставните измени и бараме гаранции за да го обезбедиме процесот, рече меѓудругото во интервјуто за Канал 5 Гаши.

Во видеото погледнете го целиот разговор на Јован Ѓоргоски со спикерот Африм Гаши.

Предновогодишна „чајанка“ во „Лајка“

Дечињата со атипичен развој  создаваат силни конекции со кучињата и меѓусебно одлично се разбираат.

Ова е ставот на дел од присутните на денешната чајанка во ЈП „Лајка“, организирана со поддршка од Амбасадата на САД во Македонија. На настанот беа присутни дечињата од повеќе здруженија за лица со попречености, кои се дружеа со кучињата од стационарот.

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер и директорката на ЈП „Лајка“, Радмила Пешева, кои направија заедничка обиколка низ стационарот, кажаа дека со одржувањето на вакви настани, ќе се зголеми свеста хуман третман на бездомните животни.

-Во пресрет на Нова година, ова е одлично време да се потсетиме за тоа колку е важно да се грижиме еден за друг и за нашите заедници, а тука се вклучени и животните, изјава, Анџела Агелер. .

Денис Јанкуловски од здружението „Аутизам ААМК“ вели дека ваквите настани се добредојдени, и тие најпозитивни влијаат на децата.

- Кучињата создаваат посебна конекција со децата со атипичен развој, Денис Јанкуловски, здружение „Аутизам ААМК“.

Покрај меѓусебната дружба и играњето со кучињата, на децата со попречености им беа подарени и новогодишни пакетчиња во пресрет на Новата година..

притисни ентер