Светскиот рекордер Гирма хоспитализиран откако падна на стиплчез 3.000 метри на ОИ

Етиопскиот атлетичар Ламеха Гирма е пренесен во болница откако падна на Олимписките Игри во Париз.

Гирма е светски рекордер на 3.000 метри стиплчез. Тој синоќа на олимписката трка на оваа делница падна при прескокнување на пречката на 300 метри до целта. Тркачот се сопна на пречка, падна и удри со главата на патеката, по што лежеше неподвижен. Лекарите кои влегоа на патеката, му го фиксираа вратот и на носилки го изнесоа надвор од арената.

Од таборот на етипската репрезентација подоцна потврдија дека Гирма се освестил и дека е контактибилиен.

Дваесет и тригодишниот Гирма освои сребро на Олимписките игри во 2020 година, како и три сребра на светските првенства.

Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп

Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта.

Мнозинството Американци се задоволни што Доналд Трамп победи на претседателските избори, како и неговите потези за време на транзицијата на власта, покажува најновата анкета спроведена од ТВ мрежата Си-Би-Ес Њуз и маркетинг компанијата ЈуГов.

Дваесет и четири отсто од испитаниците биле задоволни од фактот дека Трамп победил на изборите, додека 31 отсто се изјасниле дека се среќни поради тоа, објави Вашингтон тајмс.

Дури 59 отсто од анкетираните се задоволни од потезите на Трамп во периодот на трансферот на власта. Меѓу републиканците, 54 отсто се возбудени што Трамп ќе направи кога ќе ја преземе функцијата, додека 41 отсто се изјасниле дека се оптимисти за тоа.

Меѓу демократските испитаници, 50 отсто рекле дека се плашат што ќе направи Трамп кога ќе ја преземе функцијата, а 30 отсто рекле дека се загрижени.

Повеќето републиканци, дури 78 отсто, изјавија дека победата на Трамп ги инспирирала да го поддржат.

Кога станува збор за луѓето кои Трамп ги избрал за членови на неговата администрација, 89 отсто од испитаниците веруваат дека е важно овие луѓе искрено да го изразат своето мислење, додека 86 отсто рекле дека е важно да имаат искуство во секторот или агенцијата што ќе ја водат. Повеќе од половина од анкетираните Американци (65 отсто) сметаат дека демократијата во САД е под закана, додека 35 отсто мислат дека не е.

Скопје утринава повторно меѓу 10 најзагадени градови во светот по квалитетот на воздухот

Скопје утринава повторно е меѓу 10 најзагадени градови во светот по квалитетот на амбиенталниот воздух.

Скопје утринава повторно е меѓу 10 најзагадени градови во светот по квалитетот на амбиенталниот воздух.со индекс на загадување од 154, според последните податоци на платформата „Ај-Кју-Ер“.

Како главен загадувач се наведени ПМ 2,5 честичките чија концентрација е 60,3 микрограми на кубен метар, додека ПМ 10 честитичките се со концентрација од 68,6 микограми на кубен метар. Концентрацијата на ПМ 2,5 во главниот град во моментов е 12 пати поголема од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на Sветската здравствена организација

Најзагаден град во светот во моментов е Делхи во Индија, а по него на списокот е Сараево , а на третото место е Дака во Бангладеш .Еко активистите алармираат дека се потребни итни мерки, поради сериозните последици врз здравјето на лугето од аерозагадувањето.

Блискиот исток, Украина и Трамп на агендата на состанокот на министри од Г7

Блискиот исток, Украина и Трамп се на агендата на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7

Блискиот исток, Украина и изборот на Доналд Трамп - тоа ќе бидат водечките теми на агендата на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Г-7 во италијанскиот град Фjуџи, на околу 80 километри од Рим, јави ДПА.

Средбата ќе трае два дена и тоа е последната од министрите за надворешни работи на земјите од Г-7 за оваа година, во која Италија е ротирачки претседавач со Г7.

Војните на Блискиот Исток и Украина и какво влијание ќе има изборот на Доналд Трамп за претседател на САД - ќе бидат меѓу прашањата за кои ќе се разговара. Во петокот, италијанската премиерка Џорџа Мелони рече дека ќе се разговара и за неодамнешната потерница за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху издадена од Меѓународниот кривичен суд во Хаг за наводни воени злосторства во Појасот Газа.

Во Индо-Пацификот, Тајван вели дека е загрозен од Кина, а тоа би можело да биде на дневен ред и на денешниот состанок на Фјуџи.

Следната година, ротирачкото претседателство со Г-7 го презема Канада.

притисни ентер