Светски ден на музеите

Музеите во Македонија денеска со изложби и активности ќе го одбележат Светскиот ден на музеите 18 Мај, а некои од нив утре ќе се придружат на манифестацијата „Европска ноќ на музеите“. 

Влезот на Музејот на Македонија денеска ќе биде бесплатен за посетителите на кои ќе им биде подарена публикација. Во рамки на „Европската ноќ на музеите во Република Македонија“, Музејот на Македонија утре ќе биде отворен од 19 до 1 часот по полноќ, а од 21 часот утревечер концерт ќе одржи групата „Next to Silence“.

Покрај постојаните поставки - Етнологијата во Македонија (народни обичаи, традиционални музички инструменти, народни носии и накит, покуќнински предмети, народни ткаеници, традиционални занаети, нардоно стопанство и традиционална архитектура) и историската поставка: Македонците бегалци од Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција 1940-1949, во Музеј на Македонија ќе може да се види и привремената изложба: Ликовни дела на Васко Ристовски „Македонска наивна уметност“.

Археолошкиот музеј на Македонија денеска ќе ги промовира новите простории на најстарата и најголемата специјализирана археолошка библиотека во Македонија. Фондот на библиотеката има повеќе од 6000 книги (со преку 20.000 стручни и научни трудови од домашни и странски автори).

Создаван е во текот на 57 години од формирањето на првата библиотека при Археолошкиот музеј во 1961 година. Меѓу бројните книги се и многу ретки изданија, објавувани од почетокот на 20 век, а најстарото од нив потекнува од 1881 година.

Светскиот ден на музеите со две тематски изложби ќе го одбележи и Природонаучниот музеј. Од денеска до 10 септември во овој музеј ќе бидат поставени геолошко-палеонтолошката изложба „Раѓањето на Фрушка Гора“ од д-р Иван Дулиќ и „Карпи - скриени бои и форми“ на Дарко Тимотиќ.

На изложбата „Раѓањето на Фрушка Гора“ ќе бидат изложени над 230 фосилни родови и видови на морска и слатководна фауна, копнена вегетација и остатоци од плеистоценски цицачи, од кои најстарите се од пред 70 милиони години. На изложбата се прикажани и пресеци на магматски, метаморфни и седиментни карпи од Тетискиот Океан (од пред околу 250 до 40 милиони години).

Во рамки на изложбата „Карпи - скриени бои и форми“, пак, авторот Дарко Тимотиќ на повеќе од 30 фотографии од уметничка гледна точка

преку макрофотогрфии на пресеци на најинтересните примероци на карпи, минерали и скапоцени камења од целиот свет, ја доловува убавината на геолошкиот диверзитет, со посебен акцент на примероци од различни локалитети во Србија.

По повод Светскиот ден на музеите, Македонскиот национален комитет на ИКОМ (Меѓународен совет на музеите), денеска во 14 часот во Музеј на Град Скопје ќе ги додели наградите за 2017 година, по објавениот Конкурс за особени достигнувања во музејската дејност.

Ќе додели награди во четири категории: Музеј на годината, Музејски проект на годината, Музејски работник на годината и Надворешен музејски соработник.

Светскиот ден на музеите традиционално се одбележува на 18 мај од 1977 година, со цел да се подигне свеста за важноста на музеите и културното наследство во развојот на едно општество. Утврден е од Меѓународниот совет на музеите - ИКОМ (ICOM - International Council Of Museums) кој е формиран во 1946 година.

Целта на основањето на ИКОМ е да се создаде мрежа на музеи и музејски професионалци од земјите од светот кои се грижат за културното и за природното наследство. Република Македонија се вклучи во таа мрежа во 1993 година, со формирањето на Македонскиот национален комитет (МНК) на ИКОМ.

Предизборни калкулации околу составот на идната влада

Откако ги прозваа дека за да му се допаднат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се откажале и од условот за уставни измени, албанските опозиционери ги повторија нивните барања за  учество во новата влада. 

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши порача дека коалицијата „Вреди“ е доследна на ставот за усвојување на уставните измени и тоа во конкретен рок, како и дека претседателот на државата треба да се избира во Собранието. Според Гаши, тие се обврзани да бидат дел од идната влада во која ќе водат важни институции од секторот за внатрешни работи. Со ВМРО-ДПМНЕ, вели, се уште не разговарале за темата уставни измени, но оти за тоа е потребен поширок консензус и дебата.

Позициите од кои не планираат да се откажат ги повтори и потпретседателот на ДУИ, Османи - усвојување на уставните измени, почитување на договорите како и ветинг, се условите за коалицирање на „интегративците“. На Мицкоски му одговори дека тој не одлучува кој ќе биде претставник на Албанците во новата влада туку народот, а скандирањето „УЧК“ од лидерот на ДУИ Ахмети на митинг среде Скопје, според Османи, е реакција на националистичката реторика од Мицкоски која ги иритирала Албанците.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на митинг синоќа од Битола упати порака до Мала Речица, како што рече, да не праќаат емисари да го премислат, бидејќи партнерот за новата влада ќе го бара во албанската опозиција, а на ДУИ време и е за опозиција и одговорност.

Отворена врата за коалицирање Мицкоски остави и за движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски и во партиите со кои ќе споделуваат исти принципи и вредности и чии гласови ги очекува на контото на Силјановска Давкова во вториот круг од претседателските избори.

МФ-Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките

Министерството за финансии пред малку информираше дека комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница го разгледала извештајот за зголемените цени на осигурителните полиси за возилата. 

Од таму велат дека комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување. Пред Минситерството за финансии е Игор Манасиевски, целосниот извештај погледнете го во видеото.

Бербок повика на брзо прифаќање во ЕУ на земјите кандидати за членство од Западен Балкан

Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок повика на брзо прифаќање во Европската унија на земјите кандидати од Западен Балкан по повод прославата на 20-годишнината од проширувањето на Европската унија со десет земји во 2004 година.

-Политичките и географските „сиви зони“ на Балканот или во источниот дел на ЕУ се крајно опасни. Не можеме да си дозволиме такви „сиви зони“, бидејќи за (рускиот претседател Владимир) Путин тие се покана за интервенција, за дестабилизација, напиша Бербок во авторскиот текст објавен по повод годишнината.

притисни ентер