Сугарески:Од почетокот на годината досега, Министерството за транспорт и врски со реализација на капиталните инвестиции од 15 отсто

„Планираме нови проекти во Чашка, Богомила, Градско, Велес и другите населени места, инвестирајќи преку 70 милиони евра“.

Реализацијата на капиталните инвестиции во Министерството за транспорт и врски од почетокот на годинава досега изнесува 15 отсто, информира министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешната посета на изведба на градежните работи на свлечиштето Цуцка на излезот од Велес на регионалниот пат Велес-Градско.

–Со силно темпо се работи на сите капитални проекти низ државата, како во делот на комуналната мрежа, гасификацијата, изградбата на социјални станови и железничкото поврзување на земјата, така и во делот на патната инфраструктура, изјави министерот Сугарески.

Тој информира дека ги започнале постапките за изградба на магистрален гасовод од Велес до Свети Николе.

–Проектот ќе биде финансиран со кредит од ЕБОР, па затоа многу ни е важно да имаме избори и да се формира Парламентот, за да може преку закон да се обезбедат средства како за овој капитален проект, така и за други проекти од огромно значење за граѓаните и за економијата во целост, потенцира Сугарески.

Тој информира дека Министерството работи на подобрување на состојбата со целокупната патна мрежа низ државата, а Велес е град кој максимално ги користи средствата за капитални проекти.

Потсети дека во соработка со локалната власт со Општина Велес, Министерството работи на санација на водоводната и канализациската мрежа низ 12 велешки улици проект вреден над 600 илјади евра.

– Исто така, во текот на месец јуни ќе започне изградбата на систем за снабдување со вода за населените места: Раштани и Бузалково, информира Сугарески.

Дададе дека во фаза на подготовка е и основен проект за изградба на 29 социјални станови во Велес.

Тој информира дека во делот на патната инфраструктура, ЈП за државни патишта реализира неколку проекти за подобрување на патната мрежа во Велес и околината, а преку Министерството за траснпорт и врски се обезбедени милион евра за санација на улици и локални патишта во општината.

– Посветено работиме на унапредување на овој регион и планираме нови проекти во Чашка, Богомила, Градско, Велес и другите населени места, инвестирајќи преку 70 милиони евра, информира Сугарески.

Директорот на ЈПДП Зоран Китанов воедно информира дека веднаш во јуни ќе се објави тендерот за проект изготвен минатата година за рехабилитација на регионалниот пат од Велес до Градско и понатаму до Неготино.

Тој информира дека во поширокиот регион на Велес почнува или ќе започне рехабилитацијата на патот Голозинци крстосница Горно Врановци, потоа Стари Град крстосница Богомила, Богомила-Црнилиште, Оморани-Теово.

Воедно пред околу еден месец на излезот Велес-југ кон автопатот првпат е поставено најсовремено осветлување со лед диоди со канделабри во должина од четири километри./МИА

Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг

Индонезиската Влада трајно ќе ги пресели сите жители на островот Руанг, откако серијата ерупции на истоимениот вулкан предизвикаа загриженост поради опасноста од престој во иднина на истоимениот остров.

Индонезиската Влада трајно ќе ги пресели сите жители на островот Руанг, откако серијата ерупции на истоимениот вулкан предизвикаа загриженост поради опасноста од престој во иднина на истоимениот остров, соопшти денеска министерот за координација на хуманиот развој, Мухаџир Ефенди.

Околу 9.800 луѓе живеат на островот Руанг, во провинцијата Северен Сулавеси, но сите беа принудени да се евакуираат во последните неколку недели поради серија ерупции.

Властите ја подигнаа тревогата на највисоко ниво оваа недела, затворајќи го провинцискиот аеродром во Манадо и предупредувајќи за можно цунами доколку делови од планината се урнат во околните води.

Големи антивладини протести во Братислава, Словаците против планот на Фицо (ВИДЕО)

Во словачкиот главен град Братислава се собраа неколку десетици илјади граѓани да протестираат против намерата на владата на премиерот Роберт Фицо да го реформира јавниот радиодифузен сервис РТВС.

Како што пренесува „Еуроњуз“, опозицијата стравува дека властите ќе го напуштат прозападниот курс и ќе тргнат по стапките на автократот Виктор Орбан, премиер на соседна Унгарија.

Демонстрантите во Братислава веруваат дека целта на владата е да преземе целосна контрола врз јавниот медиумски сервис (телевизија и радио). Коалициската влада на популистот Роберт Фицо одлуката за реформа на јавниот медиумски сервис ја донесе на 24 април, а одлуката на парламентот каде владата го има потребното мнозинство, се очекува во јуни.

Овој план беше жестоко критикуван од словачката претседателка Зузана Чапутова, како и од новинарите, опозицијата, меѓународните медиумски организации и Европската комисија. Планот предвидува РТВС да биде заменет со нова медиумска организација.

„Демократијата во Словачка мора да има силен и независен јавен радиодифузер, РТВС, а на вработените во овој дом им треба вашата поддршка“, рече Михаел Шимечка, лидер на опозициската партија Прогресивна Словачка, на митингот што се одржа на Плоштадот на слободата во Братислава.

Планот за реформа на јавниот сервис го претстави Мартина Шимиковичова, министерка за култура која ја претставува Националната партија, ултра-националистичка членка на владејачката коалиција. Таа е позната по тоа што работи за интернет ТВ станица која шири дезинформации.

Таа тврди дека јавниот сервис им дава простор само на „мејнстрим вестите“ и ги цензурира останатите. Според планот, новиот радиодифузер Словачка телевизија и радио (СТВР) ќе има директор кој би избирал совет од девет члена назначени од парламентот во Министерството за култура.

Смер, партијата на Роберт Фицо, освои најмногу гласови на изборите во септември минатата година меѓу проруските и антиамериканските ставови.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Полицијата денеска упадна во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растера пропалестинските активисти кои протестираа против израелската офанзива во Газа.

Претходно денеска група од околу 70 студенти ја окупираа зградата на Институтот за политички науки во центарот на Париз, по неуспешните преговори меѓу студентите и администрацијата за врските на Универзитетот со Израел, јави France24.

Од кабинетот на францускиот премиер по тој повод соопштија дека одговорот на владата е силен и ќе биде во целост таков.

„Наредивме систематска реакција и интервенција на органите на прогонот за слободен пристап до универзитетите штом ќе се воспостават блокади или собири“, изјавија од кабинетот на премиерот за ТВ БФМ.

Француските медиуми објавија дека на вработените во Универзитетот денеска им било кажано да работат од дома, бидејќи универзитетските згради биле затворени.

Директорот на Институтот за политички науки вчера ги отфрли барањата на студентите за преиспитување на врските на Универзитетот со Тел Авив.

Студентите на неколку француски универзитети ги блокираа или окупираа нивните факултети по митинзите организирани на кампусите низ САД против конфликтот во Газа.

притисни ентер