Судски ги назначи Мехмеди и Георгиевски за в.д. претседатели на судови во Гостивар и Кратово

Судски совет ги назначи Беким Мехмеди и Мирослав Георгиевски за в.д. претседатели на Апелационен суд Гостивар и на Основен суд Кратово.

Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлуки за определување на судиите Беким Мехмеди и Мирослав Георгиевски за в.д. претседатели соодветно на Апелационен суд Гостивар и Основен суд Кратово.

Во кусата дебата од членовите на Судскиот совет беше кажано дека за в.д. претседател на Апелационен суд Гостивар единствен пријавен кандидат е судијата Мехмеди, досегашниот претседател на овој Суд. За овој кандидат формираната Комисија утврдила дека ги исполнува уловите, по што е донесена одлука да продолжи како в.д. претседател се додека не се изврши избор на претседател на АП во Гостивар, за што постапката е во тек и е при крај.

За в.д. претседател на ОС Кратово биле пријавени двајца кандидати, но со оглед дека судиката Ружица Здравковска веќе имала два мандати во кои ја извршувала функцијата претседател на ОС Кратово (2012 до 2016 и од 2016 - 2020), беше посочена дека нема законски можности да продолжи постапката во врска со нејзината кандидатура. Постапката продолжи по однос на Мирослав Георгиевски судија на ОС Куманово како единствен кандидат, за кој Судскиот совет одлучи и го определен за в.д. претседател на ОС Кратово се до изборот на претседател на овој Суд.

На седницата беа избрани и тројца судии поротници во Апелационен суд Скопје и девет судии поротници во ОС Штип. Одобрени беа и барањата за патни трошоци во висина на автобуски превоз согласно законски услови, на двајца апелациони судии кои ја извршуваат функцијата во друга општина, во која не живеат. Судијката Сузана Милевска од Пробиштип - Штип, која е веќе избрана за судија во АС во Штип на релација Пробиштип - Штип и за Љупчо Спировски избран за судија во АС Штип за надомест на трошоци за превоз на релација Скопје - Штип.

Во тек е расправа по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Македонија која треба да продолжи по дадената пауза.

На дневниот ред преостанати се точките по однос на Одлучување по Известувања на Комисија за утврдена фактичка состојба по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд, Расправа по Извештај за констатирана состојба по поднесено барање за утврдување одговорност на судија/претседател на суд, Донесување на одлука по aдминистративно враќање на списи од Врховен суд на Република Македонија и Формирање на Комисиija на известители по поднесенo барањe за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и донесување на одлуки за измена на комисии.

Со хеликоптер е пренесен тешко повредениот скијач од патеката во Бормио- излета од патеката

Страшни сцени се случија денеска во Италија, во Бормио, каде на тренинг францускиот скијач и ѕвезда Сипријано Саразан тешко се повреди кога излетал од патеката и завршил во заштитна ограда.

На моменти се чинеше дека Сипријано е неподвижен, но добрата вест која ја пренесува Еуроспорт е дека е свесен.

Но, поради природата на повредите тој морал итно со хеликоптер да биде пренесен во болница, а на социјалните мрежи се појавија видеа од самиот чин на извлекување на францускиот скијач од патеките во Бормио.

Сипријано изгуби контрола по еден скок, а Француската скијачка федерација најави дека во болницата ќе бидат извршени дополнителни контроли.

Претходно беше познато дека Бормио ја има една од најнеизвесните патеки на целото Светско првенство и несреќите не се ретки. Тука ќе се одржуваат и трки на Олимписките игри во 2026 година.

- Патеката е многу ледена и е голем предизвик ако ја споредиме со Вал Гардена (каде се одржа претходната трка), а сите знаеме какви опасности демнат - изјави за Еуроспорт швајцарскиот скијач Застан Мауриције.

Татко и син загинаа на скијање на австриските Алпи- ги затрупала лавина

Драматична ситуација се случи на австриските Алпи, во Цилертал, кога татко и 22-годишен син трагично ги загубија животите на скијање.

Таткото (51) бил на зимски одмор во Австрија со двата сина на возраст од 19 и 22 години и нивниот пријател (19). Групата се спуштала од врвот на околу 2.576 метри околу 12 часот кога биле затрупани од снежна лавина.

Пријателот и помалиот брат некако успеале да ја избегнат оваа елементарна непогода, додека таткото и постариот син биле затрупани. Подоцна било откриено дека тие починале.

Очевидец, кој случајно се нашол во близина, веднаш повикал брза помош. Полицијата и спасувачките хеликоптери, како и планинските спасувачи од Мајрхофен, Тукс и Зел ам Цилер патролирале во областа со кучиња трагачи.

„Првично не можеа да воспостават сигнал за потрага по жртви под лавината“, соопштија од контролниот центар, пренесува Билд.

По еден час потрага спасувачите го откриле телото на синот на длабочина од два метри. Малку подоцна, на околу 20 минути, спасувачите го нашле таткото затрупан под три метри снег. Мерките за реанимација биле неуспешни.

Во Цилертал на Алпите, по снежните врнежи во последните неколку дена, нивото на предупредување за лавина е 3, на височина од 2.200 метри. Во областа каде што се нашла групата можни се спонтани лавини што ја прави ситуацијата доста непредвидлива.

Врнежи од снег во Берово, Делчево и на планинскиот превој Плетвар

Врнежи од снег со послаб интензитет вечерва има во Берово, Делчево и на планинскиот превој Плетвар, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информира АМСМ.

Се уште важи забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

притисни ентер