Студенти од Универзитетот во Тетово во посета на АВМУ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес беше домаќин на студенти од катедрата за медиуми и новинарство на Факултетот за Правни студии и новинарство, при Универзитетот во Тетово.

Според соопштението од АВМУ ,студентите има можност подетално да се запознаат со надлежностите, начинот на функционирање и обврските на Агенцијата во поглед на имплементација на медиумската легислатива. При посетата, на студентите им беше презентирана и опремата со која Агенцијата врши мониторинг на медиумските содржини.

Посебен интерес студентите покажаа за осознавање на процесот на регулација на правата за пренос на спортски натпревари, регулацијата на говорот на омраза во медиумите, како и за влијанието на финансиите врз продукцијата на квалитетни програмски содржини.

Агенцијата останува и понатаму отворена за соработка со сите универзитети и училишта кои имаат интерес за споделување на искуства во областа на медиумите и медиумската регулација.

Јанчев: Ставена во функција спомен фонтаната во чест на Сашко Гешовски

Ставена во функција спомен фонтаната во чест на Сашко Гешовски, информираше градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. 

По повод 33 години од смртта на првата жртва во бившата ЈНА, војникот Сашко Гешовски првите луѓе на Кавадарци го реализираа ветеното.

Биелса во репрезентацијата на Уругвај повика играч од аматерската лига

 Селекторот на репрезентацијата на Уругвај, Марсело Биелса во репрезентацијата го повика 24-годишниот фудбалер Валтер Домингез кој настапува во аматерската лига, објави „TNT Sports“.

Уругвајците на крајот на овој месец ќе одржат подготвителен тренинг камп за Купот на Америка во 2024 година.

Домингез настапува за клубот Хувентуд Соријано, каде сезонава на 39 натпревари постигна 57 гола.

Биелса е во репрезентацијата на Уругвај од мај 2023 година. Под негово водство репрезентацијата одигра девет натпревари, на кои забележа шест победи, два пораза и едно реми.

Купот на Америка 2024 ќе се одржи во САД од 20 јуни до 14 јули.

Во ресторани и канцеларии во Велика Британија ќе бидат забранети нови родово неутрални тоалети

На баровите, рестораните и канцелариите во Велика Британија ќе им биде забрането да назначуваат нови простории како родово неутрални тоалети, според измените на законот што ќе стапат во сила подоцна оваа година.

Британските министри рекоа дека измените на законот ќе ја зголемат „безбедноста, приватноста и достоинството“ на жените.

Врз основа на тие измени на законот, новите јавни и деловни згради ќе мора да имаат посебни машки и женски тоалети, пишува Тајмс.

Според тие одредби, оние кои не можат да го обезбедат тоа ќе мора да имаат просторија што вклучува тоалет, мијалник и фен за раце зад врата што може да се заклучува.

Министрите рекоа дека одлуката ќе стави крај на зголемувањето на бројот на таканаречените „родово неутрални“ тоалети кои оневозможуваат приватност.

Измените на законот, сепак, беа критикувани од активисти за правата на ЛГБТК, кои предупредија дека тоа дополнително ќе ги маргинализира трансродовите лица.

Британската влада првпат ги предложи измените на законот минатата година, и покрај силната кампања на противниците на измените кои рекоа дека трансродовите жени ќе бидат изложени на ризик за нивната безбедност со тоа што ќе мора да користат машки тоалети.

Анкетата на YouGov претходно оваа година покажа дека 48 отсто од луѓето се чувствуваат непријатно кога користат родово неутрални тоалети, вклучително и 57 отсто жени.

притисни ентер